Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Инаку во вчерашниот број на тестови се влезени 225 теста кои ги правеа како дел од скринингот во градинките. Има еден позитивен случај во Битола.
Значи овие бројки во вкупното тестирање не се баш најрелевантни. Излегува дека сме имале 16 новозаболени од околу 230 тестови, што повторно е блиску до 10%.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.546
Поени од реакции
22.229
Да споделам за Германија, денес се отвори ресторанот кај што сум, со преку една маса, што би дошло 50% капацитет....и работата тука беше Корона чао, ни маски носеа, ни растојание припазуваат, исто како нормален ден пред короната, топ луѓе.
Да незнај чоек што да мисли :). Да речам машала, да не ја урочам работата Се надевам дека за најбрзо ќе се вратиме 90% во нормала.
Гости идат ли? И не знам колку ќе им се исплати на некои ресторани со 50% капацитет да работат.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Инаку во вчерашниот број на тестови се влезени 225 теста кои ги правеа како дел од скринингот во градинките. Има еден позитивен случај во Битола.
Значи овие бројки во вкупното тестирање не се баш најрелевантни. Излегува дека сме имале 16 новозаболени од околу 230 тестови, што повторно е блиску до 10%.
Блиску, 6.9%:D. Поблиску до 5 е отколку до 10 :icon_lol:
Случајот во Бт асимптоматски е?
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.712
Инаку во вчерашниот број на тестови се влезени 225 теста кои ги правеа како дел од скринингот во градинките. Има еден позитивен случај во Битола.
Значи овие бројки во вкупното тестирање не се баш најрелевантни. Излегува дека сме имале 16 новозаболени од околу 230 тестови, што повторно е блиску до 10%.
Пишав погоре сега нема да се знае кој јаде кој пие.Ке испадне дека тестираат многу повеќе а помалце заразени а блага везе ке нема со реалноста кога више од пола тестираните ти се луѓе што не излегле 2 месеци од дома и тие ке го намалуваат вештачки просекот на новозаразени.Се спрема сцената за избори дефинитивно.Демек бараат 30 дена вонредна а Стево им дава само 14 дена.А народот жалосно се радува дека се отворил Рамстор и 10 посто попуст во фешн груп во исчекување наскоро да се пие кафето афтер шопинг.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
349
Поени од реакции
368
момци од коа почнува полискиот час денес?
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.737
Поени од реакции
9.482
Супер што ги теститаат вработените во градинките и што се' ќе биде по протокол. А со децата, кои што се "тивки" супер-преносители, што праиме? :)
Само ќе се потврди тоа што мнозинството го “мрчиме“ дека требаше значителна бројка да се тестира во изминатиот период, а не од 200 до 500 (со чесни исклучоци во одредени денови каде што тестовите беа 500+) и дека стратегијата за тестирање на сомнителни случаи исклучиво кои контактирале со заразени можеби донекаде е погрешна, поготово што во текот на денот многумина имаат индиректни контакти со луѓе кои не ги познаваат. Според мене скринигот треба да биде сериозно помасовен во наредниве недели за да сигурно знаеме до каде сме.

Од градинките неофицијално се тестирани само вработените од Битола, Скопје и Кичево. Ако на ниво на Македонија испаднат одредена значителна бројка позитивни од тестирањето на вработените во градинките ќе значи нови кластери кои претходно воопшто не биле земани во предвид затоа што или биле асимптоматски или не биле во можност да се тестираат затоа што можеби немале директен контакт со заразен.

Како што викаш децата се “тивки“ супер-преносители, па и јас стварно не знам како би го организирале враќањето во градинките воопшто. Секој родител различно си го толкува вирусот...има родители кои што се сериозни во пристапот и внимаваат во периодов, а има и родители кои што сеуште веруваат дека короната не постои и воопшто не внимаваат (не мора да значи дека овие деца се заразени, но веројатноста кај едните од другите деца е поголема). Плус тоа што размислуваат за децата до 10 години да можат да одат во градинка за да нивните родители можат да се вратат на работните места. Па од тоа што сум запознаен, скоро во повеќе од 2/3 на ниво на држава капацитетот на градинките е премал за бројот на деца кои што аплицираат да одат во градинка. Уште овие до 10 години им фалат и ќе свршиме работа. Пологички би било во тој случај децата да си продолжат на училиште во помалку згусната средина отколку вака да има уште позгуснато собирање на мал простор.

Неискреното залагање за здравјето на граѓаните од страна на политичката елита и желбата за брзи избори (ова го гледам исклучиво само кај владеачката партија засега) води до турбо вештачко релаксирање на рестриктивните мерки кои функционираа досега. Кај нас рестриктивните мерки беа во таква форма затоа што објективно народот е недисциплниниран и како таква стратегија се покажа горе-долу успешна. Фактот што имавме недоволно тестирање по стратегијата тест само за директни контакти со заразени води до ризик од сеуште постоење на асимптоматски случаи и постоење на скриени кластери. Олабавувањето на мерките од кои гледаме сите дека наеднаш се случува се помасовно излегување од дома, прошетки по улици, молови и паркови, плус воочливата недисциплина во поглед на носење на заштитни маски (кои со повисоките температури ќе бидат уште потешки за носење), ретко одржувањто на социјалната дистанца и се повидливите групирања во мал простор ме тера да бидам сериозно загрижен дека бројот на новозаразени може пак сериозно да се зголемува на краток рок (се надевам и посакувам да грешам).
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.712
Значи едно 290 теста се вкупно без овие за градинкиве.Процентот ни се движи од 7 до 10 посто новозаразени.За жал имаме и 8 пациенти на респиратор.Секој ден мање више исти бројки за жал и не гледам некоја тенденција да паднат бројките :(
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Значи едно 290 теста се вкупно без овие за градинкиве.Процентот ни се движи од 7 до 10 посто новозаразени.За жал имаме и 8 пациенти на респиратор.Секој ден мање више исти бројки за жал и не гледам некоја тенденција да паднат бројките :(
Зошто не ги сметаш тие од градинките?
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Вакви, такви биле луѓево, испаднаа понормално од еден куп други, плус и немаше интерес за протестот кој беше најавен за денес.

 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.297
Поени од реакции
13.183
Читам како македонските "медиуми" пренесуваат превземени вести.
1.Жена од Русија по втор пат заразена од корона.
2.Докоторт на КК ЦСКА Москва почина од корона вирус.

А како се пренесуваат во Русија во оргинал.

1.Повторно направени тестови од корона вирус на постара жена од Буратија излечена од Корона вирус,поради отежнато дишење.
2.Остра реакција на ренална инсуфициенција предизвикана од коронавирусна инфекција е причина за смртта на докторот на ККЦМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom