Кога ќе биде тоа некогаш...дали си сериозен со прашањето? Кога ќе биде тоа некогаш никој не знае. Релативно е. Ама идеално би било како во Словенија, две недели да држиме контрола над бројот на заразени, па тогаш да размислуваме за следен чекор на разлабавување на мерки.
Не, не е никако океј. Со оглед на тоа што ме читаш, јасно ми е сега на што алудираш. Јас политички не сум обоена. Стојам на тврдењето од претходно дека се што превзема Филипче уште на самиот почеток е коректно, согласно капацитетите и можностите на државата, но сега ваквиот однос на Филипче и смешното прогласување на победа над вирусот со по 29 болни на ден, воопшто не го оправдувам.
Јасно ми е зошто ме цитираш уште од првиот ден кога пишав тука. Како и да е, високо мислење имам за тебе, без разлика на ставовите кои ги имаш и политиката што ја фураш.
Ниту едно прашање не сум одбегнала. Што тоа остана неодговорено?
Да не испадни дека НЕ ти обрнав внимание и не ти одговоирив на она што го ветив ... иако моментално друго работам форумот и онака стои на рифреш и читам, планирав да ти реплицирам покасно но ајде...
Да расчистиме околу личниот дел и околу политичкиот дел.
НИТУ едниот, НИТУ другиот ме интересираат во врска со тебе. Во смисла, можеш да си за или против било кој, на оваа тема ги коментирам исклучиво мислењата, а политиката ќе ја оставиме за политички теми.
Филипче чисто го спомнав како лице кое е моментално на чело на Министерство за здравство, дали и што и КОЛКУ квалитетно прави ќе покажи времето, не ми е целта да се впуштам во расправи за неговите политики и одлуки, ти го спомнав чисто дека НИЕ граѓаните сите правиме како што тој го води колото т.е. не само тој но тој нели е репрезентот и на тв секој ден ни предлагаше мерки и беше гласноговорник цело ова време - што е нормално.
За прибраноста со која го направи сето тоа и за издржувањето на ГЛУПОСТИТЕ од новинарите ПЕКИ, капа до под. За останатиот политички дел... си има теми, не е за тука.
Муабетот е дури и тие мерки кои се донесени, без разлика кој е на власт, не се спроведени како што треба и еве ако така поќе ти одговара ќе речиме НЕ по вина на власта туку ајде да го препишеме на лошиот менталитет меѓу народот... иако според мене народот ако не знае како власта треба да го фати за уши и да го научи како т.е. на подобар начин да ги спроведи мерките кои ги донесе.
Не те цитирам нешто тенденциозно или со намера да се расправам со тебе, а и тоа ако се случило еднаш два пати сум те цитирал... НО да бидиме на чисто дебатирам чисто по твојот став за темата. Едино на лична основа на темата се имам фатено со еден кој почна да ме вреѓа и наместо да дискутира со мене за ставови почнавме да се препуцаваме на лична основа и знаеме тоа како заврши.
Така да, се надевам и тука сме јасни.
Во однос на твојот став, повторно ќе ти повторам што е тоа што ми пречи... многу едноставно, имај свое гледиште и ИМАШ право на истото како и сите тука, сепак од тебе побарав да гледаш и малку пооптимистички на работите.
Зошто?
Затоа што се покажа дека вирусот беше присутен некаде уште од декември - што за 5 месеци и со вакви килави мерки т.е. нивно спроведување заради тиња менталитет на народ и донекаде неспособни власти (да не испадни пак политички да гледаш на постот кога не е така) ние би имале во државата ПОКОЉ.
Тоа го нема.
Го нема и во Шведска кај што има еден куп мртви.
НЕ е апокалиптично. НЕ е смак света за толку да му се тресиме.
Тоа што те прашав е, нели ти пречи дволичноста и двојните аршини? .... и не ти ја спомнувам тука власта како власт со вонредната ситуација, ајде ќе ја земиме другата страна од паричката. Нели ти пречи ти, јас, било кој да пазиме на мерки додека денес клањаа во џамија, некни одеа на литија, пред тоа полни кладилници, казина, кафичи, а по олабавувањето на мерките ќе биди ИСТО.
Испаѓа, на форумот тука се испишани едно 1000 страници, генерално има анти и про коронаши (ко и за секоја друга работа) и на крај останавме да дебатираме околу тоа дали и какви мерки има, колку се оправдани, дали мора да останиме дома уште некој месец НО никој од нас не ја гледа поголемата слика и ја губиме емпатијата кон тие што овој период останаа без работа, кон илјадниците кои и понатаму ќе останат, кон хроничните болни на кои ќе им се влоши или веќе им е влошена состојбата, кон СИТЕ што се заложници на една баба рога што ДА е реална, но НЕ толку лесно се шири меѓу нас (освен во нашите мозоци, поттикнувајќи страв и паника).
Извини ако се почувствува навредено од репликата утрово, немав таква намера. Ниту кон тебе ниту кон членот Маркез со кој влеговте во дуел не сум нешто нарочито наклонет или нарочито против. Луѓе како луѓе со свои ставови, со неговите повеќе се согласувам, со твоите помалку, ништо чудно бидејќи и онака на крај на ден тоа не е „бранење по машка линија“ - како што ми замери, туку едноставно поклопување во мислења.
Нема седење дома да ни донеси подобро утре. Мило ми е ако се согласиме дека не се согласуваме, макар и да не ни се поклопат мислењата во ниту една тема на форумот или да ни се поклопат (небитно), сепак целта беше КОНЕЧНО да се намали со стравот и паниките бидејќи очигледно никому не донесоа добро во периодот кој измина.
Ќе намалам со активност по темиве на форумот заради обврски кои се наголемуваат, тоа исто како тебе нема да значи дека нема да сум тука и нема да читам... како и да е, чисто ради инфо... тоа што сегашната гарнитура ја плукам по темите во политика не значи дека на СЕКОЈА тема на форумот гледам политички, а најмалку значи по дифот дека припаѓам на некоја спротивна страна од политичката слика (бидејќи обично се гледа црно-бело на работите)... напротив, во време на Грујовизмот сум бил и сослушуван од полиции и триста други гомненици заради кои истиот замина и падна од власт - а овие кои дојдоа требаше да го направат животот посреден. Затоа и толкав хејт добиваат моментално по политичките теми и во секојдневието од народот. Овај дел малку оффтопик но штом веќе праша еве и за тоа да ти одговорам
)
Короната ќе помини, како и се' друго во животот, ќе остани само пизмата меѓу луѓето и солењето памет.