- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.261
- Поени од реакции
- 18.217
Супер што си стручен за медицина, меѓутоа проблемов е доста покомплексен од обично реплицирање на вируси.Вирусот е паразит, живее само во клетката домаќин. Тој претставува генетска секвенца која се инкорпорира во геномот на клетката домаќин и така ги исполува своите особености, на тој начин се реплицира, на тој начин диктира активности во клетката домаќин. Вирусот сам по себе е зрнце мртва прашина, но во клетка домаќин може да стане командант на сите метаболни функции. Сам не се движи, не се дели, не дише, не јаде, нема органи, претставува само збир, синџир од протеини.
Нема воопшто нејаснотии, за тие што цел живот посветиле за изучување и разбирање на одредена наука. Псевдонаука, сомневање и негирање на се што е можно, е нерационално однесување. Вирусот се пренесува со близок респираторен контакт, со исфрлање на флигеови капки во кои тој е излачен. Се движи надвор, а потоа низ носот и устата по пат на природни физички сили, струење на воздух, движење на течности, треперење на трепки, влакна итн. се додека не најде соодветна клетка домаќин за која може да се прикачи за соодветен рецептор и инкорпорирајќи се во геномот почнува да дејствува специфично на генетскиот код што го носи.
Во март и април вирусот беше ретко присутен во популацијата, имавме строги мерки на рестрикција, имаше и страв и паника и огромна претпазливост кај голем дел од популацијата. Сега е веќе поинаку, вирусот е навистина широко распространет во популацијата, практично е дојден во секое населено место, така што секојдневно сме изложени на него и нормално ќе се шири повеќе и побрзо кога има многу повеќе преносители.
Мерките беа диктаторски, но непродуктивни само заради инает и тврдоглавост кај дел од населението. Економијата тоне, работни места се губат, здравството е блокирано, медицинскиот персонал е истоштен и разочаран, а сето тоа може да се стопира со само 2 недели почитување на дистанца и носење маски таму каде не може да се одржи дистанца. Ама за успех треба сите да учествуваат, но очигледно некои се слободни мислители, со отворени умови и души, за нив науката е фарса и се сомневаат и спорат се живо и диво, веруваат во квази наука, во светски завери и заговори. Заради тоа што ви е тешко да носите 15 минути маска, ова ќе трае и нема да сопре, економијата и натаму ќе тоне, здравството и натаму ќе биде блокирано, луѓе ќе умираат и од корона но и од болести кои лесно се третираат, па продолжете да бидете слободоумни и самоосвестени и натаму.
Тоа дека проблемов се решавал за 2 недели е на ранг на конспираси теорија само од обратна страна. Кажи ми која земја го реши проблемот за 2 недели? Единствена земја без случај е нов зеланд, и за тоа им требаше неколку месечен локдаун а станува збор за доста специфична земја. Во сите други земји и покрај 3 месечен локдаун вирусот се шири. Никој не му е тешко да носи 15 минути маска, носиме и по 12 саати. Проблемот е што вирусот е премногу раширен за да го излирате како што вие замислувате. Вушност во многу земји се ширел уште пред да го детектираат. Во Бергамо 50 посто го имаат прележано, што ти кажува тоа? Дека дури и при тотален локдаун вирусот ќе се шири кај есенцијални вработени, а такви ги има многу. Војска,лекари, полиција, водовод, енергетика и тн да не набројувам.