Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
200 dusi zaboleni u eden den, u prosek 10 dusi umreni u eden den, i ispolneti site kapaciteti na klinikite i bolnicite, site respiratori staveni na koristenje u skopje ne e?

Ok.

Barem ne sum begala od casevi u osnovno i imam nekoe osnovno znaenje.
1. Што подразбираш 200 заболени... Сите 200 се со симптоми или позитивен тест ?

2. Март, април и мај, зашто немаше толку, кога знаеме дека ниту маски се носеа, ниту некакви мерки се почитуваа.

3. Просек во МКД на месечно ниво е 1.500-1.800 умрени. Во март имавме 1.100. Во случај на толку опасно смртоносен вирус, во најмала рака би требало бар околу 1.500 умрени да има.

4. Многу познати научници, иноватори не иделе на часови.

Јасно е дека само со основно знаење си, со хумор од основно и прости напади, затоа олабави.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
И всушност како тогаш се пренесуваат, (како се движат низ носот/устата, во март и април кога имаше гужви и беа без маски оти не се пренесуваше), како се размножуваат, како всушност предизвикуваат проблеми, зашто има толку можеби, т.е. нејаснотии....
А кога има толку нејаснотии, врз основа на што се превземаат ем непродуктивни ем диктаторски мерки...
Во средно, на час по биологија општите принципи се објаснуваа. За вируси кои се пренесуваат по воздушен пат, најчесто преку аеросолизација или преку посреден пренос во близнината на системот на дишење вирусни честички упеваат да стигнат во самиот систем на дишење. Ист принцип на пренос е од кога се знае за конкретнава фамилија вируси.

Ако те интересира процесот на репликација на конкретнава фамилија вируси или можеби некоја друга фамилија, има доста материјали на интернет. Пробај да не нагазиш не страни со теории на заговор(мада сомнителен си ми ти :icon_lol: ). Доколку решиш да си озбилен на темава те чека доста материјал од области микробиологија->вирологија, генетика, молекуларна биологија, па ако те влече медицината - инфектологија ти е на располагање.
Автоматски споено мислење:

Природен имунитет, како што велеа пред 100-200 страни :)
Да да, кој преживи прича че. :icon_lol:
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Да не заборавиме дека се расфрлаа со ваучери а на крај министерицата излезе да побара граѓаните да донираат за борбата со Ковид

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Тоа е јасно како ден дека картичките се легално купување на гласови. Контрадикцијата беше постигната во моментот кога ги најавија, а претходно бараа донирање на средствата од МојДДВ. Ајде следно како неуспешниот повик на министерката за донации да резултира со нови картички, овојпат можеби за посета на домашни фризери и козметичари, но ме плаши што тешко би се реализирало до 15. јули.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Во средно, на час по биологија општите принципи се објаснуваа. За вируси кои се пренесуваат по воздушен пат, најчесто преку аеросолизација или преку посреден пренос во близнината на системот на дишење вирусни честички упеваат да стигнат во самиот систем на дишење. Ист принцип на пренос е од кога се знае за конкретнава фамилија вируси.

Ако те интересира процесот на репликација на конкретнава фамилија вируси или можеби некоја друга фамилија, има доста материјали на интернет. Пробај да не нагазиш не страни со теории на заговор(мада сомнителен си ми ти :icon_lol: ). Доколку решиш да си озбилен на темава те чека доста материјал од области микробиологија->вирологија, генетика, молекуларна биологија, па ако те влече медицината - инфектологија ти е на располагање.
Автоматски споено мислење:


Да да, кој преживи прича че. :icon_lol:
Добро е, од основно, преминавме на средно. Е ај сеа тие општи принципи, зашто во пракса, во реалност не се покажат како точни.
Март, април сите во МКД сакале нејќеле, моравме да се гужваме по маркети, по банки, автобуси и НЕМАШЕ ниту болни, пу пу ниту мртви ?

Значи зашто тоа што си го читал во средно, се разликува од реалноста. Зашто тоа што си го читал во средно, а и на факултет, се разликува од тврдењата на некои докажани научници, нобеловци....
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Тоа е јасно како ден дека картичките се легално купување на гласови. Контрадикцијата беше постигната во моментот кога ги најавија, а претходно бараа донирање на средствата од МојДДВ. Ајде следно како неуспешниот повик на министерката за донации да резултира со нови картички, овојпат можеби за посета на домашни фризери и козметичари, но ме плаши што тешко би се реализирало до 15. јули.
Можеа да ги наменат само за плаќање струја/вода и слични сметки... македонски производи кои сите ги користиме...
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
И всушност како тогаш се пренесуваат, (како се движат низ носот/устата, во март и април кога имаше гужви и беа без маски оти не се пренесуваше), како се размножуваат, како всушност предизвикуваат проблеми, зашто има толку можеби, т.е. нејаснотии....
А кога има толку нејаснотии, врз основа на што се превземаат ем непродуктивни ем диктаторски мерки...
Вирусот е паразит, живее само во клетката домаќин. Тој претставува генетска секвенца која се инкорпорира во геномот на клетката домаќин и така ги исполува своите особености, на тој начин се реплицира, на тој начин диктира активности во клетката домаќин. Вирусот сам по себе е зрнце мртва прашина, но во клетка домаќин може да стане командант на сите метаболни функции. Сам не се движи, не се дели, не дише, не јаде, нема органи, претставува само збир, синџир од протеини.

Нема воопшто нејаснотии, за тие што цел живот посветиле за изучување и разбирање на одредена наука. Псевдонаука, сомневање и негирање на се што е можно, е нерационално однесување. Вирусот се пренесува со близок респираторен контакт, со исфрлање на флигеови капки во кои тој е излачен. Се движи надвор, а потоа низ носот и устата по пат на природни физички сили, струење на воздух, движење на течности, треперење на трепки, влакна итн. се додека не најде соодветна клетка домаќин за која може да се прикачи за соодветен рецептор и инкорпорирајќи се во геномот почнува да дејствува специфично на генетскиот код што го носи.

Во март и април вирусот беше ретко присутен во популацијата, имавме строги мерки на рестрикција, имаше и страв и паника и огромна претпазливост кај голем дел од популацијата. Сега е веќе поинаку, вирусот е навистина широко распространет во популацијата, практично е дојден во секое населено место, така што секојдневно сме изложени на него и нормално ќе се шири повеќе и побрзо кога има многу повеќе преносители.

Мерките беа диктаторски, но непродуктивни само заради инает и тврдоглавост кај дел од населението. Економијата тоне, работни места се губат, здравството е блокирано, медицинскиот персонал е истоштен и разочаран, а сето тоа може да се стопира со само 2 недели почитување на дистанца и носење маски таму каде не може да се одржи дистанца. Ама за успех треба сите да учествуваат, но очигледно некои се слободни мислители, со отворени умови и души, за нив науката е фарса и се сомневаат и спорат се живо и диво, веруваат во квази наука, во светски завери и заговори. Заради тоа што ви е тешко да носите 15 минути маска, ова ќе трае и нема да сопре, економијата и натаму ќе тоне, здравството и натаму ќе биде блокирано, луѓе ќе умираат и од корона но и од болести кои лесно се третираат, па продолжете да бидете слободоумни и самоосвестени и натаму.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
3. Просек во МКД на месечно ниво е 1.500-1.800 умрени. Во март имавме 1.100. Во случај на толку опасно смртоносен вирус, во најмала рака би требало бар околу 1.500 умрени да има.
Од каде ти овој податок??
Во март бројката на починати никогаш не била под 1700.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Тоа е јасно како ден дека картичките се легално купување на гласови. Контрадикцијата беше постигната во моментот кога ги најавија, а претходно бараа донирање на средствата од МојДДВ. Ајде следно како неуспешниот повик на министерката за донации да резултира со нови картички, овојпат можеби за посета на домашни фризери и козметичари, но ме плаши што тешко би се реализирало до 15. јули.
Сега за два дена ќе побара да ги донираат и картичките ...
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Добро е, од основно, преминавме на средно. Е ај сеа тие општи принципи, зашто во пракса, во реалност не се покажат како точни.
Март, април сите во МКД сакале нејќеле, моравме да се гужваме по маркети, по банки, автобуси и НЕМАШЕ ниту болни, пу пу ниту мртви ?

Значи зашто тоа што си го читал во средно, се разликува од реалноста. Зашто тоа што си го читал во средно, а и на факултет, се разликува од тврдењата на некои докажани научници, нобеловци....
Во март и април немаше болни и починати во Македонија? Или во светот? :icon_lol:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Вчера на другар ми таткому му се слошило бидејќи примал некоја терапија јака и желудникот му прокрварел, а истата терапија требала од специјалист да се смени како што разбрав, но поради корона не го примале во Скопје во болница, човекот денеска е на интензивна и стање не му е баш најдобро, али важно корона има други болести немаме време да лечиме и се занимаваме со маски носење.
Koj e sega kriv za ova? Nema potreba edno zaboluvanje prema drugo da izigrame. Kolku sto razbrav jas sekade e taka tie zafati sto ne se itni da se odlozat a drugoto da si tece. Primerot tvoj za mene e iten slucaj i ne treba da se odlozuva ama na primer kaj drug korekcija na usi ili nesto drugo banalno, ne bi bilo itno pa moze da odlozi. E sega oti taka odlucuvaat ne znam. Dali od strav, ne volja, ili nemanje kapaciteti, ne znam. Ama jasno e deka kapacitetite i resursite ne se dovolni toa e sustinski problem vo zdravstvoto. I bez Korona imas slicni situacii, ne mozat za nesto banalno vo domasnata bolnica da te lecat pa te prakjaat vo Skopje. Koronava samo sto mnogu surovo i sekade vo svetot gi odkriva site problemi vo eden zdravstven sistem.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Сам не се движи, не се дели, не дише, не јаде, нема органи, претставува само збир, синџир од протеини.
Фала што сподели за и другите (на тие со основно, средно, па и факултет) да им биде појасно. Значи вирусот како што многумина го сфаќаат како организам кој напаѓа е само протеин.

Е сега ако нема органи, т.е. се тоа што го наброја, тогаш е контрадикторно со :
Вирусот е паразит, живее само во клетката домаќин. Тој претставува генетска секвенца која се инкорпорира во геномот на клетката домаќин и така ги исполува своите особености, на тој начин се реплицира, на тој начин диктира активности во клетката донаќин.
Значи како се реплицира, кога нема органи за такво нешто. Како ја уништува клетката, кога нема органи, а нема ни потреба да се храни.
Ова го можат и е физички возможно бактериите, бидејќи тие се организми кои ги имаат сите физички предиспозиции да ги прават тие функции.

Нема воопшто нејаснотии, за тие што цел живот посветиле за изучување и разбирање на одредена наука. Псевдонаука, сомневање и негирање на се што е можно, е нерационално однесување. Вирусот се пренесува со близок респираторен контакт, со исфрлање на флигеови капки во кои тој е излачен. Се движи надвор, а потоа низ носот и устата по пат на природни физички сили, струење на воздух, движење на течности, треперење на трепки, влакна итн. се додека не најде соодветна клетка домаќин за која може да се прикачи за соодветен рецептор и инкорпорирајќи се во геномот почнува да дејствува специфично на генетскиот код што го носи.
Се движи по пат на физички сили - логично ми е, прифатлив одговор.
Е сега колкава бројка вируси треба да навлезе во организмот ... како се размножува ... Зашто досега НЕМА изолиран примерок од вирус. Значи цела една единка, целосен синџир на протеини како што викаш, туку се се тоа делчиња? Како врз основа на тие делчиња ќе донесеш точен заклучок... За бактериите е целосно јасно и познато, затоа и имаме нели лекови. Кај нив точно се знае какви проблеми предизвикуваат и не може да им се препишат 100 други проблеми. Тоа што после одреден период стануваат отпорни на токсините т.е. лековите, друг муабет е.

Ај и тебе тогаш истото прашање, зашто тие што цел живот се посветиле за изучување, има кај нив голема бројка која не се согласува со ова што ти го кажуваш. Зашто докажани научници, нобеловци, јавно излегоа и кажаа дека опасност од корона како што медиумите ја прикажуваат НЕ ПОСТОИ. Збориме за научници и нобеловци, не за Петко и Станко...
Кој доказ го имаме досега за короната, а да не се побиле самите научници ??


Во март и април вирусот беше ретко присутен во популацијата, имавме строги мерки на рестрикција, имаше и страв и паника и огромна претпазливост кај голем дел од популацијата. Сега е веќе поинаку, вирусот е навистина широко распространет во популацијата, практично е дојден во секое населено место, така што секојдневно сме изложени на него и нормално ќе се шири повеќе и побрзо кога има многу повеќе преносители.

Мерките беа диктаторски, но непродуктивни само заради инает и тврдоглавост кај дел од населението.
Е зашто бил ретко присутен. Не знам каде живееш, ама во МКД, март и април (бар прва половина) ниту некој носеше маски, ниту имаше физичко растојание меѓу народот (маркети, автобуси, пред банки, пред други шалтери). Значи идеални услови за ширење, а НЕМАШЕ, зашто ???

Економијата тоне, работни места се губат, здравството е блокирано, медицинскиот персонал е истоштен и разочаран, а сето тоа може да се стопира со само 2 недели почитување на дистанца и носење маски таму каде не може да се одржи дистанца. Ама за успех треба сите да учествуваат, но очигледно некои се слободни мислители, со отворени умови и души, за нив науката е фарса и се сомневаат и спорат се живо и диво, веруваат во квази наука, во светски завери и заговори. Заради тоа што ви е тешко да носите 15 минути маска, ова ќе трае и нема да сопре, економијата и натаму ќе тоне, здравството и натаму ќе биде блокирано, луѓе ќе умираат и од корона но и од болести кои лесно се третираат, па продолжете да бидете слободоумни и самоосвестени и натаму.
Се ова што го наброја и за што го обвинуваш народот, е вина на и само на луѓето вработени во системот и мерките кои ги носат. Никој друг, ама пусто слепило.
Здраството не е блокирано од короната, туку некој така наредил.

Од каде ти овој податок??
Во март бројката на починати никогаш не била под 1700.
А тебе од каде ти е тој податок, дека никогаш не била под 1.700 во Март 2020.... или ако мислеше на претходни години, тогаш си во право и јас тоа го кажав. Дека просек е 1.500-1.800, а во март наместо да биде над просекот, нели имаме нешто ново дополнително ултра смртоносно, кај нас беше 1.100.

Во март и април немаше болни и починати во Македонија? Или во светот? :icon_lol:
Колку имаше ... повеќе или помалку од претходни периоди ... нели се работи за сериозно лесно пренослив и голема смртност....
Иако после се корегираа, кажаа официјалните дека е помалку од 0.1%, ако земеш вкупна бројка на население.

toa e koga sedev u klupa, a ne citav david icke :(
Секоја чест за упорноста, камо среќа толку упорна да беше да си подобриш хуморот или па не дај боже да почнеш да логицираш.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
За да бидам "mad" треба или пари да ми украдеш или шамар да ми влепиш. А празни напади, без никаква сериозна подлога, од особа која не знае дека Дејвид Ицке не се чита, туку се гледа, само ми даваат дополнителен импулс, добронамерно да им покажам колку се :noze: и да поработат малку на себе, за да не се толку огорчени. Огорченоста лошо влијае на здравјето, поготово кај женскиот пол, а јас сакам сите да бидеме здрави и среќни, сепак во општество живееме. :)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Сега за два дена ќе побара да ги донираат и картичките ...
Имаш опција се откажувам од средствата кога ќе го напишиш матичниот на kupuvamdomasno.gov.mk. Ако некој ти го знае матичниот, слободно може да си го напише, клик на копчето и чао пријатно. :) Многу јака верификација дали токму ти ќе се откажеш од средствата *. :icon_lol:

1592567000939.png

*донираш
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom