Едно прашање до некој од вас што е вакциниран во Србија и бил во Грција последниов период:
Дали се влегува без проблем со потврдата која ви ја даваат во Србија (на која има баркод, инфо за вакцината, ваше инфо, итн...) или треба некоја друга потврда/сертификат?
Однапред фала.
Секако дека може да патуваме ние што сме вакцинирани во Србија.......не ни треба ништо од Македонија.
кога примаш прва доза.......добиваш потврда за извршена вакцинација....со QR код.
кога примаш втора доза......првата потврда ја задржуваат и ти издаваат иста таква нова потврда....каде што се наведени двете дози.....со QR код
Потоа си вадиш преку е-управа......Дигитален зелен сертификат.......го принташ или го чуваш во мобилен.....по желба.....и го приложуваш на граница.
Дигитален зелен сертификат......е нешто што не може да се фалсификува.....бидејќи QR-от води према линк на МЗ Србија.....и ги содржи сите твои лични/вакцинални податоци.
За разлика од QR-от што е на потврдите после прва и втора доза.....каде што пишува само име и презиме, број на потврда......и дека документот е валиден.
На Зелениот сертификат.......во QR-от се сите можни податоци......сите твои лични податоци, како и податоците за примена прва/втора доза......во целост.