Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Па и таков сум, имам и шнолка и сѐ. :pipi:

Попрегледно е ако оставаш празен ред меѓу пасусите.

Да бидеме искрени, и интересот за вакцина не е голем. 220К, нека оди до 300К и сѐ ќе решиме со 600К вакцини. Проблемот е во тоа што секојдневно ни умираат по 30тина луѓе. При сезонскиот грип нема толкава смртност. Ќе речеш има вакцина, ама и нема ни голем интерес ни за таа вакцина. Кај мене никој никогаш не примил вакцина за сезонски грип. Едноставно овој вирус е релативно опасен по имунолошкиот систем на постарата популација (и на одредени други групи граѓани). Во Италија им умираа како муви. Најмалку што треба е да им се понуди некаква, макар и кратка, заштита.

Да, имам минорни познавања од сферата на медицината. Биологија од 5-8 одделение и после средно стручно каде немав скоро никаква допирна точка со природните науки, скоро сите беа општествени. Читам што ми се турка под нос, и од едната и од другата страна.

Во САД, 100тина лица се заразиле од Ковид, а биле целосно вакцинирани. И во Србија имаше такви случаи, каде се претпоставува дека закачиле Ковид непосредно пред вакцинацијата. Тоа е претпоставка. Дали вакцината ти нуди 100% заштита? Не. Ама статистиките од САД велат дека бројката се намалува и на починати и на заразени. Тие статистики се по 100 милиони вакцинирани! И таму им умираа како муви. Од што умреа толку луѓе?

Со тебе се согласувам околу процентот на смртност кој е промил. Над 3 милиони починати, од 7-8 милијарди (нека бидат 30% заразени). Плус просечната возраст на смртност е над 65 години! Се согласувам дека сите позитивни (кои умираат и од други несреќни околности) ги ставаа на тие листи во САД. Паниката си го направи своето и има на темава многу малку членови кои размислуваа рационално, но и ги задржаа конзистентно своите ставови. Секоја чест за нив.

Копјата ни се кршат на неколку прашања. Каква вакцина сметаш дека треба да се направи? Видовме дека не секој имунолошки систем може да се избори со вирусов. Некоја која ќе креира траен имунитет? Или? :)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.323
Значи работата околу вакцините е да се добие голема заштита, помалце заразување, помалце жртви, помале товар на задравствениот систем. Споредбите со грипот мислам после година дена не мора више да се коментираат, безвредни се.

Вакцините се безбедни. Да, има нус ефекти и во мал број за жал жртви. Све друго би било чудо нема лек без такви и драматични последици. Нема ни вакцини.
Вакцините се ефикасни. Иако постои шанса да пренесеш и да се заразиш, таа е многу намалена. А дефинитивно помага да не почине човек ни да има лонг ковид.

Примери од други држави покажуваат дека ефектот на вакцината е голем. Израел, УК па сега и Германија една третина од народот барем прва доза прими и бројките почнаа веќе сериозно да паѓаат и без дополнителни мерки.

Многу се издраматизира и се поларизира околу вакцинирањето. Отров, чип, неплодност. Глупост.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Ефикасност на вакцина......

Едноставно, проста математика

Симптоматско заразување
Како пример....имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани
Од вакцинираните 5 лица развиваат симптоми на Ковид....додека, од невакцинираните 100 лица развиваат симптоматски Ковид......ефикасноста на вакцината е 95%
....во истражувањето се врши компарација од групата на заразени НЕВАКЦИНИРАНИ.....5 vs 100....пример, вакцинирано лице со Pfizer доаѓа во контакт со заразено и невакцинирано лице. Вакцинираното лице.....има 95% помала шанса да се зарази......и да прикаже симптоми на Ковид.

Смрт
10 000 вакцинирани......10 000 невакцинирани
Доколку 0 лица од тие кои се вакцинирани починат од Ковид......наспроти 100 лица од невакцинираните починат од Ковид.....тогаш вакцината има 100% ефикасност.

Истражувањата велат....
Ефикасност против симптоматска болест
~95% ....Pfizer/BioNTech и Moderna
~90% ....Спутник В
~76% (прва доза) ~82% (втора доза) ....Astra Zeneca
~70% ....Јohnson&Johnsson
~70% ....Синофарм
~50% ....Синовак

Додека....СИТЕ вакцини имаат 100%....или близу 100% ефикасност против СМРТ (вклучително и против тешка клиничка слика -хоспитализација)....зарем ова не е доволно?

Просто и едноставно е како грав.....нема што да се филозофира и релативизира.....сите вакцини се добри.
Вакциниран сум со Astra Zeneca.....кога не би бил....не би бирал.....би се вакцинирал со првата достапна.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.504
Поени од реакции
11.451
А зошто правите споредба со вакцините за грипот? Па вакцините за грипот имаат околу 40 - 60% ефикасност, а заинтересираноста е драстично поголема во споредба со кинеските 86% на пример. Ова зборам за постара популација (они се поделени на "само на спутник верувам другите ќе не чипираат" и "фајзер екипица"). Иако најголем е бројот на оние кои што преферираат спутник. :D

За овие фајзер не би ни коментирал која глупост се, се иницира стварање на патоген, антиген од самото тело, смешки. Не да ствара телото антитела, треба да ствара антиген кој треба да те инфицира. До кога. Кога ке престане тоа дејство. Вечно ли ќе го имаш тој патоген во организмот кој самиот го ствараш. Како може да се нарече вакцина, кога наместо стварање на антитела, го тера телото да ствара антигени. Дали тоа нешто докажува дека ќе те направи поздрав во иднина ??
Кај многу новокомпонирани вакцини се појавуваат специфични реакции на имуниот систем при вистински контакт со вирусот, наједноставно кажано, се ствараат антитела кои се прилепуваат за антигенот на вирусот но не го елиминираат во клетките, не го неутрализираат, туку само го трупат во крвта и со тоа всушност ја забрзуваат инфекцијата и прават летален исход.
Како го трупат вирусот во крвта? Нели кога ќе навлезе вирусот во организмот го пречекуваат антиген презентирачките клетки, па после го носат до белите крвни клетки, па почнува активација на Т клетки и Б кпетки и соодветно на тоа Б клетките се одговорни за хуморалниот имунитет (создаваат антитела кои се клучни во првичната борба со вирусот) и Т клетките (клеточна меморија - подолготраен имунитет).

Е сега прашањето ми е, како антителата се трупаат во организмот без да го уништат вирусот? Постои ли некој патолошки механизам тука што може да ни го објасниш? На кое ниво е грешката? Ако одам по твојата логика ќе те прашам и дали сакаш да кажеш дека лекувањето со плазма богата со антитела кај ковид позитивните не дало никакви резултати? Не сакам да релативизирам ама антитела се антитела, без разлика дали станува збор за Фајзер или Спутник или Синофарм.

Јас еве се вакцинирав со фајзер, па уште не ми пораснале две глави.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.323
Ефикасност на вакцина......

Едноставно, проста математика

Симптоматско заразување
Како пример....имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани
Од вакцинираните 5 лица развиваат симптоми на Ковид....додека, од невакцинираните 100 лица развиваат симптоматски Ковид......ефикасноста на вакцината е 95%
....во истражувањето се врши компарација од групата на заразени НЕВАКЦИНИРАНИ.....5 vs 100....пример, вакцинирано лице со Pfizer доаѓа во контакт со заразено и невакцинирано лице. Вакцинираното лице.....има 95% помала шанса да се зарази......и да прикаже симптоми на Ковид.

Смрт
10 000 вакцинирани......10 000 невакцинирани
Доколку 0 лица од тие кои се вакцинирани починат од Ковид......наспроти 100 лица од невакцинираните починат од Ковид.....тогаш вакцината има 100% ефикасност.

Истражувањата велат....
Ефикасност против симптоматска болест
~95% ....Pfizer/BioNTech и Moderna
~90% ....Спутник В
~76% (прва доза) ~82% (втора доза) ....Astra Zeneca
~70% ....Јohnson&Johnsson
~70% ....Синофарм
~50% ....Синовак

Додека....СИТЕ вакцини имаат 100%....или близу 100% ефикасност против СМРТ (вклучително и против тешка клиничка слика -хоспитализација)....зарем ова не е доволно?

Просто и едноставно е како грав.....нема што да се филозофира и релативизира.....сите вакцини се добри.
Вакциниран сум со Astra Zeneca.....кога не би бил....не би бирал.....би се вакцинирал со првата достапна.
Problemot e sto ni za lekovi koi gi pieme ni za vakcini koi gi primame (ili primivme) znaeme tolku mnogu kolku za ovie vakcini. Vo sporedba ovie vakcini se em mnogu efikasni em mnogu bezbedni, vo sporedba so drugi vakcini ili lekovi. Ama ete brzo bile napraveni. Ako odime po nekoi clenki najdobro bi bilo da cekame par godini pa ke izcezne sam virusot kako kaj SARS/MERS na primer.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Има и нова идеја да воведе неплатено боледување за тие што не сакаат да се вакцинираат....
Негативните дискриминаторни мерки се проблематични. Најверојатно нема да помине.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.236
Поени од реакции
42.987
може едноставно да се изгласа закон секој над 18 години да се вакцинира и готова работа. Ќе молам ботови сега дали сакаат па и пари ќе им давам.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Screenshot_20210505-125938~2.png
Слушам секојдневно дека не се појавуваат на закажаниот термин за вакцинација.
Ако е ова точно да не слушнам глас поќе како не се набавувале вакцини !
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Прегледај го приврзокот 294441
Слушам секојдневно дека не се појавуваат на закажаниот термин за вакцинација.
Ако е ова точно да не слушнам глас поќе како не се набавувале вакцини !
Некој треба 60 километри да патуваат за да се вакцинираат. Ден од одмор се зима за да не ги остават родителите/дедовците да возат после вакцина.
На моите родители на едниот му имаат закажано во 12, другиот во 17:30 часот. На повеќето се и во различен ден. Објасни ми како 80 годишни ќе се вакцинираат ако внуците или децата не се во можност да ги одвезат на вакцинација 60 километри од родното место ? Не така едноставно, Куманово е регионален центар, со моменталниот катастрофален пат тие од Кратово, Ранковце и Крива Паланка треба минимум 1 час во еден правец да патуваат освен ако не сакаат да останат без амортизери или без автомобил.

In the meantime вчера ми се пофали еден познаник во администрација се пофали дека ќе се вакцинирале од работа од некое од министерствата. 35 години здрав и прав и малку стомак од легање и дремење на работа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Ти ќе одиш од Велес до Охрид или Куманово?
Па ако веќе сум се пријавила ќ одам
Небаре до Америка треба да одам. Тие Србија заминаа за вакцини не пак тука
Автоматски споено мислење:

Некој треба 60 километри да патуваат за да се вакцинираат. Ден од одмор се зима за да не ги остават родителите/дедовците да возат после вакцина.
На моите родители на едниот му имаат закажано во 12, другиот во 17:30 часот. На повеќето се и во различен ден. Објасни ми како 80 годишни ќе се вакцинираат ако внуците или децата не се во можност да ги одвезат на вакцинација 60 километри од родното место ? Не така едноставно, Куманово е регионален центар, со моменталниот катастрофален пат тие од Кратово, Ранковце и Крива Паланка треба минимум 1 час во еден правец да патуваат освен ако не сакаат да останат без амортизери или без автомобил.

In the meantime вчера ми се пофали еден познаник во администрација се пофали дека ќе се вакцинирале од работа од некое од министерствата. 35 години здрав и прав и малку стомак од легање и дремење на работа.
Да не се лажеме има многу кои се предомислија за вакцини поради информациите со нус појавите, стравот в коски им го кладоја на луѓето.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Ти ќе одиш од Велес до Охрид или Куманово?
Дефинитивно заебаа работа и со локациите за вакцинација. Можеше да се дистрибуира вакцината до локалните општински болници.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Еве мајка ми само што и се јавија на телефон, на муабетот. Во Битола тука ги вакцинираат. Гарант и тука има откажани термини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom