Дебар, Центар Жупа, Струга (барем градот) и Гостивар се друг калибар на луѓе, како што можеме да видиме по бројот на случаи и по успешно спреведениот карантин во Дебар конкретно (а и по изгледот на самите градови и општини може да се дојде до истиот заклучок), додека Чаир, Сарај, Студеничани, Тетово (и околината), Куманово (и околината) и компанија се чист пример за непочитување на истиот и аналогно на тоа, апсолутно никаква работа не заврши кога најмногу требаше да заврши.
Мојата поента е следнава: ако не се спроведе како што треба полицискиот час во критичните општини, џабе ќе биде неговото воведување, на што сме и сведоци последниве денови, каде што имаме нови случаи заразени баш во период кога постоел полициски час и имало построги мерки надвор од истиот. Подобро сконцентрирај се на трубење и повторување на некои работи на простата маса (како на пример навремено тестирање и при најмал сомнеж, искрено одговорање на прашањата од анкетите и слично) и целосно спроведување на мерките како носење маски, избегнување гужви и слично.
Ама не, кој ќе се замара со ова, кога може да се изберат најпримитивните начини, а во исто време и да не се спроведуваат еднакво истите и на крај да имаш ем еден куп заразени, дури и по краткото спласнување на епидемијата, ем да имаш исфрустриран народ кој дремел затворен и помогнал да се спречи поголемо срање, додека белите мечки упорно и упорно не почитуваат ебено миење раце и избегнување гужви.