Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
... за да се стимулира вакцинирањето во светот имало интересни подароци и поволности:

- во Индија во некои градови, градоначалникот на тие жени кои се вакцинирале им подарувал златен пирсинг за нос, а во други градови вакцинираните добивале гратис ваучери за пазарување во маркет, а и гратис влезници во Луна Парк, а посебно за мажите кои биле вакцинирани добивале гратис ваучери за поправка на автомобил, канцелариски материјал, а во некои градови вакцинираните добивале понизок ддв при купување на артикли,

- во Кина во некои градови на секој вакциниран следело подарок од по две табли јајца,

- во Русија се нудело сладолед за вакцинираните,

- во Израел вакцинираните добивале Кока Кола, алкохолно и безалкохолно пиво, пици и колачи,

- во Дуаби три големи ресторани на своите услуги давале 10 % попуст за вакцинираните со прва доза и 20% за вакцинираните со две дози,

- во САД на некои места, вакцинираните добиле крофни, марихуана, пиво, карти со видео игри, пуканки или бесплатно изнајмување маска за нуркање,

- во Јапонија за вакцинираните им следело бесплатен традиционален ручек (но пак имало малку заинтересираност околу вакцинирањето)

- во Мексико немало никакви стимулациони мерки, зошто тие мислат дека самото вакцинирање преставувало празник па додека чекале ред за вакцинација танцувале,


...се прашувам ние каде сме тука, во тие кои ќе бидеме стимулирани со подароци или во тие кои ќе танцуваме додека чекаме за вакцинација?
или пак никаде, оти нема да имаме веќе вакцини, времето ќе покаже!
Кај нас ќе ти дадат Пипо сокче од праска и кроасан, ама не празен како кога даваш крв, туку со капка еурокрем, колку да те подлажат.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.985
Не сум у тек,бараат ли пцр за влез у "државава" за //// државјани?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.765
— Повеќефазното прочистување на вакцината „Спутник В“ со употреба на високотехнолошка хроматографија и микрофилтрација ја исклучува можноста во вакцината да успее да влезе голема количина на преостаната ДНК, што е фактор на ризик за развој на тромбоза – објасни Самојлова.
Таа додаде дека „странските вакцини содржат десетици пати повеќе количина на нуклеински киселини, отколку „Спутник В“.
-Еден до два микрограма во „Спутник В“ наспроти 50 до 100 микрограми во странските вакцини кои се направени на други платформи, вели Самојлова.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.491
Додека во другите дражви владата обезбеди вакцини и бара начини за да ја стимулира вакцинацијата - што е многу нормално, кај нас 120 000 евра се потрошиле во време на пандемија за ручеци и кафиња од страна на владините функционери. Но, за да биде иронијата уште поголема, се помагаат најзагрозените семејства со пакет економски мерки од по 6000 денари.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Не сум у тек,бараат ли пцр за влез у "државава" за //// државјани?
абе ништо не бараат; наместо да ги затворат границата сега на српските туристи не само што патарината фрај ќе биде, туку ќе ги вдомуваме ќелепур во Дојран,а нема место за наши туристи... ни дадоа вакцини а сега што бразилски вирус ќе увеземе не се гледа... и таќа ќе се повторо дека Бесплатното на крај станува НАЈСКАПО
..од Косово па доваѓаат групи , требало нашите Молови да работат Турбо... како што нашите одеа во Врање во Лидл...
Најново, ми кажа комшикава, биле неодамно во Врање, СЕГА НЕМА вакцини за странски државјани
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Тоа е најмалку што можат да направат за граѓаните на Србија.....односно бесплатни патарини и можеби ваучер за летување во Македонија.....зошто да не?

Прво овие идиоти тука не купија ни една вакцина.
Да не беа донациите од Србија.....немаше ни здравствените работници.....сега да бидат вакцинирани. Потоа друга донација....20.000 дози за МВР, АРМ.....итн (+ обезбедени 20.000 дози за ревакцина)

Да не правиме муабет......дека најмалку 10.000 (мислам дека се повеќе) Македонски граѓани се вакциниравме во Србија......кои инаку ќе чекавме до бесконечност од владата на Нашата Земја.
На сите нас веќе ни е обезбедена втора доза во Србија.....тоест ревакцина.
Дали лично сум благодарен на Србија? Преблагодарен......Србија се погрижи за моето здравје и здравјето на моето семејство.....тоест имунизација.......а не оваа вукојебина на која што секој месец и плаќаме здравство.

Само има друга работа.....нашата власт и ветува на Србија дека "ЌЕ" се оддолжи на некаков начин......но се тоа е еден знак прашалник.....ќе видиме до каде ќе им оди срамот....доколку не им се оддолжат на било каков начин.

Инаку за границите.....нека затворат прво со Косово и Албанија....па после ќе правиме муабет за други држави.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.491
Тоа е најмалку што можат да направат за граѓаните на Србија.....односно бесплатни патарини и можеби ваучер за летување во Македонија.....зошто да не?
Затоа што за сопствените граѓани државата "нема пари" да обезбеди финансиска поддршка, а не па ли да се расфрла со бесплатен смештај за српските граѓани. За да се заблагодарат на едно српско тричлено семејство, страдаат три други македонски семејства. Со тие пари би можеле да ги помогнат музичарите и туристичките агенции во државата.

Секако, благодарност за помошта, ама нашето возвраќање со смештајот е уште еден подискретен шамар за македонскиот народ. И не станува збор чисто за алтруизам, убава пресметка си имаат направено Србите со вакцинацијата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
на @Bafra ако му дадат четврт бурек за вакцина одма ќе се нацрта таму.
Ах ти шегобиец, оди поднаучи нешто, еднаш реши да споделиш мислење и се посра :гомце:.
@teneke те шишна во знаење (y), само не ми јасно, оти на ќерката, не и дозволува да се вакцинира со Фајзеровата ... вајда не е дека верува ќе влијае на нејзините репродуктивни органи o_O

Бурек не јадам, ама, како беше она клипчето, ако во вакцината на Фајзер има виагра и гарантира ерекција 6 месеци, тогаш одма ќе се нацртам.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.442
И сега шо е подобро/полошо? Вакцинирање со кинеската која има 50% заштита или Астра Зенека која има 1/100 000 случаји на тромбоза?
 
Член од
28 април 2020
Мислења
237
Поени од реакции
321
И сега шо е подобро/полошо? Вакцинирање со кинеската која има 50% заштита или Астра Зенека која има 1/100 000 случаји на тромбоза?
Sinovak ima oko 50% efikasnost. Sinofarm posle druge doze 76-80%, a sa trećom preko 90%. Tromb se kod Vakszervie javlja ređe nego 1:1.000.000, a ne 1:100.000. Sve ti je bolje nego da se ne vakcinišeš. Ako imaš pravo izbora, izaberi onu koju najviše želiš. Ne znam zašto komplikujete i filozofirate toliko. Stvari su jednostavne.

Послато са SM-A520F помоћу Тапатока
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.822
Тромбоза од АЗ се јавува на еден на милион кај генерална популација. Кај жени помлади од 40 години, процентот е неколку пати поголем.
...едно е да се јавува тромбоза, а друго е да има фатален исход од тромбоза,
И сега шо е подобро/полошо? Вакцинирање со кинеската која има 50% заштита или Астра Зенека која има 1/100 000 случаји на тромбоза?
...и еден човечки живот да е изгубен, а да се знае со сигурност дека е последица од вакцина ,треба да се разгледа ,,тоа подобро/полошо,,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom