- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 294
- Поени од реакции
- 452
Така и треба, ако не се продолжи со животот сите ќе спобудалиме, ние дома се замаравме еден период али пак сите истовремено се заразивме од внукот, и фала богу релативно без проблем помина а дечиштава се слагам дека треба да идат у школо. У Велес пример навечер а затворат кафичите повише гужва има низ град него шо имаше летоска кога се работеше нормално, кај фонтаната сигурно по цели класови се собираат, си мине полиција не се замара никој.Освен на форумов и чат пат на некои други места виртуелно, не гледам дека некој многу многу се потресува од ситуацијава. Не велам дека не постои анксиозност и дека на некој ќе му биде сеедно ако го фати вирусот, но се оглед на околностите што повеќе може да се направи? Луѓето си ги вршат секојдневните обврски, автобусите си ротираат за на работа, се пазари по маркети како порано, младите си седат по кафиња и си кројат планови кој каде ќе бега кога ќе се кренат рестрикциите за патување, некој прави планови за нова година, кој во викендица, други со подлабок џеб во хотели и така.
Не знам зошто дечурланава не оди на училиште, а може да оди на кафе, по родендени и да акаат по улици ко пусти гојда до ниедно време.
Јас гледам win-win ситуација и за народот и за власта. Едниве прават кобајаги мерки а овие другиве кобајаги ги почитуваат, во реалноста секој си ја тера работата.
Сеа само им го спопикуваат на угостителскиот сектор колку у јавност да се мачкаат очи дека превземаат мерки а тие шо им е доено до славење веке си се снабдени