Во Русија утрово започна програмата за вакцинација против коронавирус, а клиниките во Москва прво ќе ги вакцинираат оние кои се најмногу изложени на ризик од инфекција. Со ова Русија стана првата држава на светот која започнала со процесот на вакцинација. Русите ќе ја користат сопствената вакцина „Спутник V“, која е регистрирана во август, пишува „Би-Би-Си“.
Илјадници луѓе веќе се пријавиле за првото од вкупно две вакцинирања, но се уште не е најјасно колку вакцини Русија може да произведе. Од произведувачот до крајот на годината се очекува да направи два милиони дози. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рекол дека приоритетни се оние луѓе кои најмногу се изложени на ризик од инфекцијата, како здравствените работници, учителите и професорите, софијалните работници...
Граѓаните за вакцинација можат да се пријават преку интернет и така да осигураат бесплатен термин на една од 70 локации ширум градот. Вакцинацијата трае од 8 наутро до 20 часот навечер. Вакцината е 95 проценти ефикасна и не предизвикува нуспојави, но се упте поминува низ масовни тестирања.
Со коронавирус во Русија се заразени 2.431.731 лица а починале 42.684, покажуваат новите податоци. Инфекција во последните 24 часа е потврдена кај 28.782 лицам вклучувајќи 7.993 во Москва. Во последите 24 часа од последиците на вирусот починале 508 лица.