Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Од она што знаеме, несаканите ефекти се благи и неспецифични, истите се јавуваат и кај другите вакцини. Една од предностите што ќе ги имаме како земја од третиот свет е дека ваквините ќе стигнат 2 месеци покасно од остатокот од светот и ќе се има подобар увид во несаканите ефекти и заштитата која ја нудат. :)

Јас лично не би се боцкал со нешто така набрзинка направено а имајќи
во предвид безброј болести вируси итн има а нема лек / вакцина !
А плус е тоа што требало 3 пати да се прими вакцината = Moderna
 
Ајде па и ние да си дочекаме.

Во Русија започна вакцинацијата против коронавирусот
Во Русија утрово започна програмата за вакцинација против коронавирус, а клиниките во Москва прво ќе ги вакцинираат оние кои се најмногу изложени на ризик од инфекција. Со ова Русија стана првата држава на светот која започнала со процесот на вакцинација. Русите ќе ја користат сопствената вакцина „Спутник V“, која е регистрирана во август, пишува „Би-Би-Си“.

Илјадници луѓе веќе се пријавиле за првото од вкупно две вакцинирања, но се уште не е најјасно колку вакцини Русија може да произведе. Од произведувачот до крајот на годината се очекува да направи два милиони дози. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рекол дека приоритетни се оние луѓе кои најмногу се изложени на ризик од инфекцијата, како здравствените работници, учителите и професорите, софијалните работници...

Граѓаните за вакцинација можат да се пријават преку интернет и така да осигураат бесплатен термин на една од 70 локации ширум градот. Вакцинацијата трае од 8 наутро до 20 часот навечер. Вакцината е 95 проценти ефикасна и не предизвикува нуспојави, но се упте поминува низ масовни тестирања.

Со коронавирус во Русија се заразени 2.431.731 лица а починале 42.684, покажуваат новите податоци. Инфекција во последните 24 часа е потврдена кај 28.782 лицам вклучувајќи 7.993 во Москва. Во последите 24 часа од последиците на вирусот починале 508 лица.

Салам земја си прај план за во иднина.

А несалам народ си чита глупости и му се одзема вниманието од правите проблеми.
 
Колку треба да се чека од заздравувањето за да се направи тест за антитела или нема некое правило може веднаш.
 
Салам земја си прај план за во иднина.

А несалам народ си чита глупости и му се одзема вниманието од правите проблеми.
Сеа ќе дојди некој и ќе ти речи а од кај знат тие дека ќе има пак пандемија, Бил ГејЦ така кажа ? Хаха
 
Салам земја си прај план за во иднина.

А несалам народ си чита глупости и му се одзема вниманието од правите проблеми.
Тоа е Германија. Многу добро ги познавам каков народ се, работам во нивна компанија.
Германија до пред пандемијава службено ја посетував просечно секој втор месец.
Ние а и многу други држави.....можеме да им се фатиме.
Они газат на сигурно....си велат, недај боже да има некаква нова зараза во иднина, ние спремни ќе бидеме. Еднаш се изгореле, тоа е страшно за еден Германец.
 
Колку треба да се чека од заздравувањето за да се направи тест за антитела или нема некое правило може веднаш.
cXVdXfh.jpg

....која антитела? за серолошките тестови К19, важни се две антители IgM и IgG, првата ако е позитивна (присутна повеќе) тогаш особата е во акутна фаза на инфекција, ако има помалку IgM антитела но сепак присутна и веќе појавена антителата IgG тогаш е во фаза на победување на вирусот, а кога веќе имаме повеќе присутна антитела IgG која е позитивна во однос на другата IgM која веќе се намалила и ја нема (негативна) тогаш особата веќе го победи вирусот и е во фаза на прележана болест со присутна IgG антитела која ќе го штити при нова инфекција!
 
Тоа е Германија. Многу добро ги познавам каков народ се, работам во нивна компанија.
Германија до пред пандемијава службено ја посетував просечно секој втор месец.
Ние а и многу други држави.....можеме да им се фатиме.
Они газат на сигурно....си велат, недај боже да има некаква нова зараза во иднина, ние спремни ќе бидеме. Еднаш се изгореле, тоа е страшно за еден Германец.
Да да, до Германецот е, не е до €€€ што ги имаат на претек како држава.
Исто гом*а се како сите други, само имаат многу пари.
 
Да да, до Германецот е, не е до €€€ што ги имаат на претек како држава.
Исто гом*а се како сите други, само имаат многу пари.
Ги видовме со тоалетните и нив :icon_lol: Ебате државата ако треба еднаш да се изгори за да си ја научи лекцијата.
 
Скоро месец дена немаше тоалетна или тестенини да купиш, квасец па 3 месеци немаше.
И еве ги сега ги држат ресторани и кафичи затворени, а се друго си работи и бројките им се пак над 20 000 на ден..нема фајде од мерките бидејќи
Германецот и кога работат кафичите можиш да го видиш на кафе еднаш месечно, само куча- посо-посо -куча знаат тие.
 
Бујрум назад :) Секој пост за Германија и Германците како народ ти е ваков. Не ми е јасно, ако не ти одговара Германија, си имаш златна Македонија. Вака исто ко да ти дојдам дома, да ти користам ресурси и да јадам гомна зад грб за тоа како живееш. Мислиш те киднапира Меркел лично и те држи заложник во Германија.
 
Само сакам да кажам дека не се ништо подобри од другите како што се прикажани од луѓе кои што не биле, туку само ги слушаат/читаат на интернет, само имаат пари. Затоа и јас седам, затоа што има многу повеќе пари од Мк.
Затоа нека вадат вакцина било која и да е, оти ни Германец ни Австралијанец не не спасва.

И да би му користел ресурси ако живеам од државна помош, вака од платата која поштено си ја заработвам, пола е за државата, затоа ќе јадам гомна колку сакам :)
 
Споредба на стари и докажани вакцини со сегашниве вакцини за грип и сега оваа е навистина под ниво. Вакцинацијата со тие вакцини не џабе има календар кога и како се примаат, не е тоа плукни-залепи ко сега што некој сака да направи.
А од кај си пак толку сигурен дека старите вакцини се ок?Си направил некое истражување?
 
за овие 9 месеци ќе изградев изолирано некаде клинички центар цакум пакум специјализиран само за К19, ќе го решев проблемот ослободувајќи ги другите болници за другите хронични болести и луѓето да можат да продолжат со нормално лечење, а не вака ,,прохујало са вихором ,, другата дијагностика,
И на двете влади (мислам на оние пред овие и на овие сеа) им беше понудено од странски донации да се изградат 4 убави мини центри, што сеа би дошле како 1 на 10ка да се користат за day-to-day активности и лечење на нормални луѓе кои имаат потреба од медицинска нега, супер опремени но и тие и тие бараа само амбулантни возила оти немало потреба за нешто поише у државава :)
 
А од кај си пак толку сигурен дека старите вакцини се ок?Си направил некое истражување?
Очигледно оваа тема за тебе е трач рубрика и е нешто имагинарно, нешто за кое немаш основи да дискутираш. Не дискутираме за кое јадење или коктел у кафич тебе или мене повеќе ни се допаѓа. Ниту пак е ова типување некој натпревар па да ти образложувам зошто некој е поголем фаворит.
Доколку си лаик од некоја област ко што се повеќето овде, дискусијата секогаш ќе се сведува на потценување на другото мислење, без разлика дали е подкрепено од билогијата или не. Доколку имаш барем малку медицински познавања, нема да прашуваш такви небулози, а не пак да прашуваш дали јас сум истражувал.
Ти како прво не разликуваш вакцина за бактерија или вирус, што повеќе има да дискутираме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom