Турција и Иран се главните регионални играчи таму посекако. Доста допирни точки. Лоши односи со САД, лоша перцепција кон Израел, курдско малцинство кои обете не го сакаат и им смета во геостратешките интереси и можеби и најбитното двете земји имаат различна таргет група на пазарот, Турците се свесни дека нема да можат да остварат влијание кај шиите нити пак Иран кон сунитите. Она што е логичен пазар за Турците се сунитските зони и да лапнат од саудијскиот колач, не чекаа ни секунда да пратат помош кон Катар кога беше блокадата, а активни се и во поддршката на Палестина. Турците заедно со Катар беа можеби единствена земја во регионот на којашто и одеше во прилог победата на Морси и Муслиманското Братство во 2013-та. Од друга страна во НАТО се, битни им се на САД. Ердоган има прилично добри карти ако знае да ги одигра.
Ако добар дел од евреите во Израел се од Русија, тоа не значи дека ќе го стават рускиот интерес пред израелскиот. Израел со гаранција ќе бара тргање на Иран и Хезболах од Сирија. Не верувам дека ни Асад, ни Путин ќе му го удоволат тоа. Израел до сега неколку пати напаѓаше позиции и на Асад и на иранци и Хезболах во Сирија. Не можат интересите и смртните непријатели магично да се сменат. Плус Трамп е најпроизраелскиот претседател до сега. Премногу се компатибилни интересите на САД и Израел во Сирија за да се очекува поинаков сплет на настани на тема Израел.
Судејќи по тоа каква беше операцијата во Табка, со хеликоптерски десант директно во територија на ИСИС како на филмовите, смрди на америчка акција, така што ставам пари на првата опција дека се нас'скани од Американците. Жртвуваа немал број на животи за да им удоволат на Американците. Претпоставувам дека имаат нешто дебело обеќано, иначе да ти гинат твои луѓе за да го освоиш главниот град на ИСИС, во територија каде нема што да бараш и на крај се тоа за џабе да излезе ќе биде една од потешките глупости во поновата светска историја. А тоа ќе го дознаеме наскоро доколку...
Ердоган се реши да го нападне Манбиџ. А тука се неколку опции во игра затоа што во Манбиџ има и американски трупи. Прво да не го нападне што значи дека Американците го седнале султанот на место. Да го нападне без одобрение на Американците што доколку не се спротистват и се повлечат значи бркото да излезе м'нга, а Американците ги пуштаат Курдите низ вода. Да го нападне со не на драго срце одобрение на Американците што значи дека овие ги пуштаат Курдите низ вода втор пат после Африн. И секако Курдите доброволно да се повлечат од Манбиџ и не на драго срце да му ја отстапат територијата на Асад, затоа што не верувам дека во таков случај би му ја отстапиле на Ердоган. На микро ниво ќе видиме колку е моќна позицијата на САД од тој исход. Секое нивно повлекување од таму, без притоа да испазарат добар дил од тој договор што може нема одма да го дознаеме значи повлекување и слаба позиција. Трамп најави повлекување од Сирија, секако не му е прв пат да излаже, ама ако се повлече ги става Курдите меѓу чеканот на Ердоган и наковалната на Асад. И плус значи дека се предава во тој конфликт. Ердоган нема да има проблем да биде bad cop во таа ситуација.