Конфликтот во Сирија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Ердоган пред малку официјално изјави дека Турција започна со воена интервенција во Сирија.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Онаа што се очекуваше се случи, овој напад се одложуваше доста долго, се секавате дека Трамп најави повлекување, ама од повлекувањето ништо не се случи.

Во последниот месец се случија неколку работи, САА ги запре операциите во Идлиб иако беше разбиена одбраната и понатаму ќе можеше полесно да напредува, потоа пред неколку недели прочитав дека САА испраќала засилување во Диерзор, во северна Сирија американците ги натераа курдите да ги отстранат утврадувањата од границата со Турција, имаше средба помеѓу Ердоган, Путин и Рохани и пред неколку дена се случи оваа одлука за напад, американците очекувано се спакуваа и ги снема.

Баш ги читам курдите како се повикуваат овој рече она, овој рече ова, па ако нападнале турците ќе иделе со Асад, а целата операција е во координација со Иран и Русија, имаа понуда за разговори од Асад ама ги слушаа американците и тоа е тоа.

Што може да се очекува во престојниот период, многу веројатно САА ќе влезе од југ, ако сте забележале оној дел западно од Еуфрад што е жолт на мапите има трупи на САА и русите (не многу ама доволни) и не е дел од оваа операција, во операцијата ќе учествуваат и оние терористички паравоени формации кој веројатно ќе бидат топовско месо, а турската војска ќе дава подршка одпозади како што беше случај во Африн каде што загинаа само околу 200 војници, оние другите никој не ги брои.

Фронтот е 300-400 километри, па којзнае колку време ќе трае операцијата, курдите мош ќе дадат некој отпор на почетокот, ама на крајот сигурно ќе изгубат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.869

САА не верувам да го помине еуфрат у догледно време, многу е веројатно американците пепел да ги направат со авионите, ќе има решение но тоа би било политичко више него со употреба на сила.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
А Русите со каде се со поддршката на Курдите?
Нели воена опрема и оружје им даваа пред година две...
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
САА не верувам да го помине еуфрат у догледно време, многу е веројатно американците пепел да ги направат со авионите, ќе има решение но тоа би било политичко више него со употреба на сила.
Зошто праќаа засилување уште пред некоја недела?
Тогаш на многу не и беше јасно, ама сега е јасно зошто, што ќе бранат американците кога ќе немат борци на терен, сите одат на север, курдските градови се на север во тие 33 километри, они се полакомија и ја земаа пола Сирија без да гледат каде се наогаат и кој им се поголеми непријатели.

Трамп имал интересени одговори на прашања, како тоа курдите не помогнале во ВСВ, па како курдите се бореле за сопствената територија (односно живот), а американците плаќале итн.
Кој и да беше прецедател ќе постапеше слично на Трамп, никој не е глуп да остане без Турција за да брани народ кој е опкружен од сите страни со непријатели, а реално не се некоја воена сила, па американците треба да и ја водат целата војна, а на крајот можат да добијат корпа, курдите ти се бетер од бугарите по менување на страни.

И Ердоган имал говор во кој вели дека 109 терористи биле средени, а ако Европа мрчела за операцијата, ќе и ги прател 3,6 милиони бегалци па нека си ја чукат главата.

Инаку како што гледам има слики од паравоените формации како заземале неколку села, како што и пишав они ќе бидат во првите редови, СДФ бомбардирала неколку града во Турција (веројатно со минофрлач) каде има и жртви, има неколку градови кој се еден до друг, само границата ги деле,
оној дел што го сака Ердоган е рамничарски со ниви и е многу лесен терен за војување, нема планини како што имаше во Африн.
А Русите со каде се со поддршката на Курдите?
Нели воена опрема и оружје им даваа пред година две...
Прашуваш глупави прашања, знаеш дека до вчера американците беа во северна Сирија, а прашуваш до каде е подршката од русите,
ваљда до сега имале разговори и деновиве очекувам САА (со договор или без договор) да влезе и ситуацијата да биде како во Тел Рифат, до каде стасат Турците тоа ќе биде нивно.

Па кај и да е ќе го ослободат Идлиб, а овие каде што се турците веројатно ќе иде со политичко решение, автономија ова она и сл.
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Околу 130 ракети, истрелани од Сирија го погодиле турскиот пограничен реон Нусајбин, во југоисточната провинција Мардин, јави агенцијата Анадолија.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
SITUACIJA ESKALIRA: Stigla je potvrda iz Pentagona - Turska je izvela artiljerijski napad na položaje američke vojske u Siriji, pojedini američki dužnosnici navode kako je riječ o namjernom napadu na američku vojsku

ајде шуќур и ова да видиме... ама всушност имаше летоска напад на ус арму на турска војска, ова е реванш...
е сега дали е јак напад или само пријателска размена на оган :cool:ќе видиме
 
тречи светски рат че да настане након ово
 
M

Macedon1um

Гостин
Наводно постигнат е договор помеѓу Курдите и Сиријската влада да влезе војска на вториве во Манбиј и Кобане во наредните 24/48 часа, а забележано е и прилично зголемен број на војници околу Табка/Рака, Деир Еззор и Букемал така да можен е и поголем премин од другата страна - сега под контрола на курдите

Ги пуштија низ вода Курдите, Трамп изгледа решен да не се меша.. а и нема логика да ги губи Турците тотално заради Курдите не се исплаќа..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.869
@Toma ти реков дека ќе има договор меѓу курдите и САА, ете влегле војниците на режимод на Асад во тие региони на курдите што ги држат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom