Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.186
- Поени од реакции
- 3.432
Ако си прочитал убаво ќе си видел дека јас реков дека ќе влезат со или без договор, оти веќе беа спремни многу пред ова.@Toma ти реков дека ќе има договор меѓу курдите и САА, ете влегле војниците на режимод на Асад во тие региони на курдите што ги држат
Друго САА не е војска на режимот на Асад, тоа е војска на Сирија, оние кудс бригадите, Хезболах и слични паравојски можеш да кажеш дека се борат за Асад, турската војска не е војска на Ердоган, таа е војска на Турција, овие другите паравоени формации кој го менуваат името на секој 2 месеци можеш да кажеш дека се војска на режимот на Ердоган, СДФ каква војска е?, претпоставувам на режимот на УС, кај нас нели имаше режим со чело на Груки, а истите полицајци, војници, судии, обвинители сега работат за хунтата на Зајко, значи прави разлика од официјална војска и паравојски.
Речиси се од оваа можеше да се предвиди пред почетокот на операцијата, освен онаа што јас не го предвидов е брзиот распад на СДФ, за 2 дена почнаа да губат насекаде, 3 ден плачеја како мали деца, 4 ден соопштија дека бранењето го препуштаат на САА,
целосен распад на воена формација која се претпоставува дека има над 50 илјади борци, кој се 8 години во војна и немаат којзнае каква опрема, спрема САА се 0 не па спрема турската војска, ама и ако немаат опрема ако се решени да умрат 50 илјади со калаш не можеш да ги убиеш за 2 дена.
Да биде срамот за СДФ уште поголем е тоа што главната воена операција на терен ја вршат оние терористички паравоени формации, турската војска делува како подршка а овие се оние што идат напред, што значи дека овие се подобро опремени и обучени од СДФ и затоа САА не може толку лесно да напредува.
Европските држави наставаа забрана за извоз на оружје за Турција, САД ќе ставале санкции од 100 милијарди, а нашиве уште спијат, епа нема датум бе, неможе да играте на две столици во исто време.