Конфликтот во Сирија

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Без испукан куршум Асад си ги поврати Рака, Табка, Хасака, Камишли, Ајн Иса, Манбиџ, малтене 90% источно од Еуфрат. De facto Курдите ја војуваа војната против ИСИС за Асад, нивни војници, нивно оружје и пари (Америчко де), за на крај Асад да си дојде за 2-3 дена и да земе се. На цела мака што Асад ја виде овие години, на крај и на него нешто со лесно да му иде. Битните градови се веќе под контрола на Асад, освен патот М4 и некоја гранична линија Турците нема многу повеќе кај да одат, освен ако не сакаат директен судир со САА, а судејќи по се поинтензивното другарување (во смисла на заеднички интереси) на релација Путин-Ердоган, премали се шансите за тоа. Сумарум Асад враќа 90% од предвоената територија, остатокот го добиваат Турците, дали под директна нивна, или под индиректна преку нивните исламистички пиуни. Не е лошо со оглед во какви гомна беше 2015-та. Скоро па сигурно можеме да заклучиме дека Русија ја доби оваа рунда против Америка, шиитски Иран против сунитска Саудиска и за да биде дебаклот уште поголем на домашен сунитски терен Саудиска го изгуби влијанието меѓу сунитите од Турција. Јас како пристрасен сум прилично задоволен од исходот, за сега, ако остане вака. Нормално не ми е ќејф што и султанот ќари од ова, али ако морам да бирам меѓу него и гомната од Ријад, поарно он. Сега останува да видиме како ќе се реши последното битно поглавје од оваа сага-Идлиб и автопатот М5 Дамаск-Алепо. А до таму пречка се Џиср Аш Шугур ако се оди по едната оска, Марат ал Нуман по другата преку Хама и геостратешки можеби и најбитниот град Саракиб. Значи сепак излегоа 3 од 4-те сценарија што ги пишав лани, иако година и пол требаше за разврската
Турција и Иран се главните регионални играчи таму посекако. Доста допирни точки. Лоши односи со САД, лоша перцепција кон Израел, курдско малцинство кои обете не го сакаат и им смета во геостратешките интереси и можеби и најбитното двете земји имаат различна таргет група на пазарот, Турците се свесни дека нема да можат да остварат влијание кај шиите нити пак Иран кон сунитите. Она што е логичен пазар за Турците се сунитските зони и да лапнат од саудијскиот колач, не чекаа ни секунда да пратат помош кон Катар кога беше блокадата, а активни се и во поддршката на Палестина. Турците заедно со Катар беа можеби единствена земја во регионот на којашто и одеше во прилог победата на Морси и Муслиманското Братство во 2013-та. Од друга страна во НАТО се, битни им се на САД. Ердоган има прилично добри карти ако знае да ги одигра.

Ако добар дел од евреите во Израел се од Русија, тоа не значи дека ќе го стават рускиот интерес пред израелскиот. Израел со гаранција ќе бара тргање на Иран и Хезболах од Сирија. Не верувам дека ни Асад, ни Путин ќе му го удоволат тоа. Израел до сега неколку пати напаѓаше позиции и на Асад и на иранци и Хезболах во Сирија. Не можат интересите и смртните непријатели магично да се сменат. Плус Трамп е најпроизраелскиот претседател до сега. Премногу се компатибилни интересите на САД и Израел во Сирија за да се очекува поинаков сплет на настани на тема Израел.



Судејќи по тоа каква беше операцијата во Табка, со хеликоптерски десант директно во територија на ИСИС како на филмовите, смрди на америчка акција, така што ставам пари на првата опција дека се нас'скани од Американците. Жртвуваа немал број на животи за да им удоволат на Американците. Претпоставувам дека имаат нешто дебело обеќано, иначе да ти гинат твои луѓе за да го освоиш главниот град на ИСИС, во територија каде нема што да бараш и на крај се тоа за џабе да излезе ќе биде една од потешките глупости во поновата светска историја. А тоа ќе го дознаеме наскоро доколку...

Ердоган се реши да го нападне Манбиџ. А тука се неколку опции во игра затоа што во Манбиџ има и американски трупи. Прво да не го нападне што значи дека Американците го седнале султанот на место. Да го нападне без одобрение на Американците што доколку не се спротистват и се повлечат значи бркото да излезе м'нга, а Американците ги пуштаат Курдите низ вода. Да го нападне со не на драго срце одобрение на Американците што значи дека овие ги пуштаат Курдите низ вода втор пат после Африн. И секако Курдите доброволно да се повлечат од Манбиџ и не на драго срце да му ја отстапат територијата на Асад, затоа што не верувам дека во таков случај би му ја отстапиле на Ердоган. На микро ниво ќе видиме колку е моќна позицијата на САД од тој исход. Секое нивно повлекување од таму, без притоа да испазарат добар дил од тој договор што може нема одма да го дознаеме значи повлекување и слаба позиција. Трамп најави повлекување од Сирија, секако не му е прв пат да излаже, ама ако се повлече ги става Курдите меѓу чеканот на Ердоган и наковалната на Асад. И плус значи дека се предава во тој конфликт. Ердоган нема да има проблем да биде bad cop во таа ситуација.
Што друго да кажам освен дека се надевам еден ден мечката да заигра и во Ријад, а со она мочконо таму може да има барем надеж.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.514
Поени од реакции
4.137
Најскапо платија сиријците на крајот.
ДА!
Само што уште сме далеку од крајот. Ова не е ни близу до крајот, повеќе би рекол дека е зазамање на нови позиции за онаа што следува.
Исто така може да се рече дека Сирија и најмногу доби, опстана како суверена држава, сите кои сакаа да ја поделат изгубија!
Франција пред неколку дена ја напушти Сирија (злобниците велат дека тоа често им се случува), за играчот кој е длабоко инволвиран еве што и како пумпаат оние преку барата,
Turkey holding 50 US nuclear bombs 'hostage' at air base, report says
од друга страна наголемо се слави, повеќе трола ама тоа е секој има право на свои 5 минути,
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.514
Поени од реакции
4.137
@StefusRefus, очекувано и демоНкратски, во време кога се туфкаат дали да продолжат со отповикување...
се покажува дека играње со перцепцијата на луѓето е многу забавна, секогаш ќе имаш нешто во мрежата.
..еве го и оргиналот а и коментарите на забавата,

Многу поинтересно е да се зборува за оваа отколку за обвинувањето дека САД испорачал 30.000 камиони (нека се и 3000, не се играчки) со оружје на Курдите, сепак е само игра инаку како цената на дериватите на бен. во Вашнгтон би била 10 ден., треба некој тоа да го плати.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Би Би Си: Ердоган го фрлил во корпа за отпадоци писмото од Трамп
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
и со Путин имаше, додека не го седна у скут.
Мене ми е жал што тогаш русите не успеаа баш нај нај да му се одмаздат на султанот. Тој го собори рускиот авион а овие со дипломатски санкции го гонеа.
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
Мене ми е жал што тогаш русите не успеаа баш нај нај да му се одмаздат на султанот. Тој го собори рускиот авион а овие со дипломатски санкции го гонеа.
...научија занат..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Мене ми е жал што тогаш русите не успеаа баш нај нај да му се одмаздат на султанот. Тој го собори рускиот авион а овие со дипломатски санкции го гонеа.
Ако размислуваа така сите ко тебе светов одамна ќе го збришеа со нуклеарки.
 
M

Macedon1um

Гостин
Мене ми е жал што тогаш русите не успеаа баш нај нај да му се одмаздат на султанот. Тој го собори рускиот авион а овие со дипломатски санкции го гонеа.
За една болва, јорган не се пали рекле старите. Путин ако за нешто го почитувам е баш тоа, не прави брзи непромислени потези што е одлика на прав лидер ;)

И не беше само урнат Руски авион, и амбасадорот беше убиен од полицаец..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom