Конфликтот во Сирија

Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
1.801
Иран денеска префрли неколку стотици специјалци со полно вооружување, не како инструктори или неофицијално како што правеше досега, а сосема законска помош на сириската држава. Само со авијација неможе, треба и по копно, добро е што муслиманските страни сами ќе си го решат проблемот.
 
Член од
1 јуни 2015
Мислења
95
Поени од реакции
13
Ah ,pusto zelbi .... jas mislam deka Amerika i zapadot ubavo ja zaeba Rusia,samo cekajte i ke vidite sto ke se sluci vo idnina,rusite nemat kapacitet da im se speotistavuvat ,amerite ja pustat malce da pokaze sila i togas ke stapat tie so svoite finti .ke se vidime po nekolku dena....do togas nemojte mnogu da pustite srce bidejki na krajot da ne vi pukne
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
До сега никој во историјата не видел корист од Русија. Во Блискиот Исток колачот пак ќе се дели со САД,Израел и Турција, а можеби и со Велика Британија. А иначе џабе ви се црните прогнози за овие држави. Јас ако пишувам коментари со емоции тогаш цел свет треба да се распадне, малку по реално треба да ги гледате работите..
Никој.
Освен, што во Русија беше запрен нацизмот кој веќе ја покори Европа (со исклучок на островото). и.. Русија го ослободи Балканот од турското владеење (1878). Ја оттараси Европа од Наполеон. Ги запре тевтонските освојувачи. Тука и таму по некој азиски...
Освен ова, во историјата, никој до сега не видел аир од Русија. Во она кое се пишува и се нарекува историја, а она кое се нарекува минато... друга приказна.
 
Ako Rusia go oslobodi balkanot od turcite ,zasto togas Albania ja ostavi nadvor od slavjanskite granici ??
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.761
Поени од реакции
12.055
Ako Rusia go oslobodi balkanot od turcite ,zasto togas Albania ja ostavi nadvor od slavjanskite granici ??
Одговорот на тоа прашање ќе го добиеш од Италија, која одлучна да спречи ширење на православното христијанство низ целиот Балкански Полуостров, ја поддржа идејата за создавање на нова држава на Балканот, па макар и муслиманска држава, се со цел да го спречи ширењето на православното христијанство.

Во 2012 година Албанија го прослави својот 100-ти роденден и добро знаеше на кого да му заблагодари за сопственото постоење од другата страна на Јадранот.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Овде зборуваме за официална политика,а не политика live stream :)
Можеби ти не се сеќаваш веќе за што зборуваме, ама јас се сеќавам. Зборувавме за тоа дека сите националисти (а не политичари), се радуваат на руските воени напади врз џихадистите.
Дури и бугарските патриоти и националисти се радуваат на руските напади врз џихадистите. Така што редок дијамант си. Од тебе може да се добие првокласен противсенормално соросоид. Размисли, имаш дарба за успешна сороситутска кариера.[DOUBLEPOST=1443793148][/DOUBLEPOST]
Некој прашуваше зошто не е бомбардирана Рака.
Или не е запознаен или лошо е информиран.
Еве мапа од сите бомбардирања на Руската Армија.

https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=z4PF1SFiMPjQ.kFa_qMMdFl48
Повеќе од 10 пати е бомбардирана.

Русија ги вооружува курдите преку Ирачката влада.

Лавров: Россија поставлјает оружие курдам через правительство Ирака
Дали се пресметани сите последици од ова. Каков ќе биде турскиот одговор. Турција и да знаела не верувам дека Ердоган се сложил на вакво нешто.
Турците не се способни за разумност кога крвта ќе им удри в глава.
За да не отиде се по ѓаволите, состојбата налага од сите извонредна контрола. Еден да го изгуби самовладението, исходот би бил страшен.
Никогаш досега во историјата САД и Русија не биле во толку мал простор едни до други. А во игра се и други големи сили (Иран, Турција, Израел) и неколку помали (Саудиска Арабија, Египет, Сирија).
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Никој.
Освен, што во Русија беше запрен нацизмот кој веќе ја покори Европа (со исклучок на островото). и.. Русија го ослободи Балканот од турското владеење (1878). Ја оттараси Европа од Наполеон. Ги запре тевтонските освојувачи. Тука и таму по некој азиски...
Освен ова, во историјата, никој до сега не видел аир од Русија. Во она кое се пишува и се нарекува историја, а она кое се нарекува минато... друга приказна.
И тоа се релативни гледања, за некои нации тоа е добро, за некои не, па така го ослободи од нацизмот за на пола континет да донесе ист ако не и полош режим во облик на комунизмот, ги „ослободи“ балканските кралства, а сите тие брзо и свртеа грб и си правеа сојузи со непријателите на Русија (ова за бугарите посебно), плус ние убаво го осетивме нивното ослободување со аминот за поделба во Букурешт.

Тоа со Наполеон е, бар за мене лоша, а не добра работа што ја направиле русите, наместо пан-европското напредно царство на Наполеон, ја вратија европа во абсолутизмот од пред 1789, а што имаа тие од поразот на Наполеон, ништо, само им ја дадоа пола планета на Британците како неприкосновен хегемон во поголем дел од 19 век. А борбата против германските освојувачи, па што тоа нас би не занимало, мене исто ќе ми се фаќаше ако во Москва се збореше германски наместо руски (иако и таму голем дел од борбата со тевтонскиот ред ја понесоа пољаците и литванците, не русите).
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.552
Поени од реакции
12.455
Ah ,pusto zelbi .... jas mislam deka Amerika i zapadot ubavo ja zaeba Rusia,samo cekajte i ke vidite sto ke se sluci vo idnina,rusite nemat kapacitet da im se speotistavuvat ,amerite ja pustat malce da pokaze sila i togas ke stapat tie so svoite finti .ke se vidime po nekolku dena....do togas nemojte mnogu da pustite srce bidejki na krajot da ne vi pukne

Затворајте темава после постов.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ako Rusia go oslobodi balkanot od turcite ,zasto togas Albania ja ostavi nadvor od slavjanskite granici ??
Со војната во 1877-1878 Русија непосредно ја ослободила Бугарија, но со тешкиот пораз и ја прекршила воено-политичката моќ на заостаната турска империја и им овозможила на балканските народи отворен пат за осамостојување и превземање на териториите. После тоа Русија не била единствен играч. Започнале политичките игри меѓу балканските народи и кој како се снашол и кој како користел или бил искористуван од големите.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.761
Поени од реакции
12.055
И тоа се релативни гледања, за некои нации тоа е добро, за некои не, па така го ослободи од нацизмот за на пола континет да донесе ист ако не и полош режим во облик на комунизмот, ги „ослободи“ балканските кралства, а сите тие брзо и свртеа грб и си правеа сојузи со непријателите на Русија (ова за бугарите посебно), плус ние убаво го осетивме нивното ослободување со аминот за поделба во Букурешт.

Тоа со Наполеон е, бар за мене лоша, а не добра работа што ја направиле русите, наместо пан-европското напредно царство на Наполеон, ја вратија европа во абсолутизмот од пред 1789, а што имаа тие од поразот на Наполеон, ништо, само им ја дадоа пола планета на Британците како неприкосновен хегемон во поголем дел од 19 век. А борбата против германските освојувачи, па што тоа нас би не занимало, мене исто ќе ми се фаќаше ако во Москва се збореше германски наместо руски (иако и таму голем дел од борбата со тевтонскиот ред ја понесоа пољаците и литванците, не русите).
Секако дека за некои нации тоа е добро, а за некои не.

Поразот на Нацистичка Германија во Втората Светска Војна секако не беше добра вест за муфтијата на Ерусалим, кој веќе имаше направено свои планови за продолжување на Холокаустот на блискиот исток, па дури и веќе имаше направено списоци на еврејски семејства кои треба да бидат депортирани и истребени откако нацистите би извојувале победа во војната.

Исто така, поразот на Нацистичка Германија не беше добра вест за нацистичките и фашистичките вазали на Балканот, како Бугарија и Албанија - кои ја имаа окупирано и поделено Македонија меѓу нив двете, а особено за Бугарија, која депортираше барем 7148 македонски Евреи на кои им се губи секаква трага во нацистичкиот логор на смртта Треблинка, а која денес се крие зад маската на држава која ги спасила сопствените Евреи, но за македонските Евреи не сака баш многу да зборува.

А кога сме кај Наполеон Бонапарта, тој никогаш не дошол на Балканот за да ни даде причина на нас Македонците да му посакуваме победа, поради што, неговите победи не се од никакво значење за нас Македонците.

За разлика од Наполеон кој не ни бил од никаква корист на нас Македонците, Русија и Велика Британија кои го поразиле Наполеон, подоцна ги помагале југословенските партизани за време на Втората Светска Војна, поради што на потписниците на Букурешкиот Договор им должиме барем некаква минимална благодарност за постоењето на Македонија како држава, за разлика од Наполеон, на кого не му должиме ништо.

Истото важи и за тевтонските освојувачи - не дошле на Балканот, не направиле ништо за нас Македонците, и од тука по автоматизам, не им должиме ништо и немаме за што да им бидеме благодарни.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
И тоа се релативни гледања, за некои нации тоа е добро, за некои не, па така го ослободи од нацизмот за на пола континет да донесе ист ако не и полош режим во облик на комунизмот
И сега во денешниот прозападен систем кој го живееме ние имаме огромни жртви. Само перфидно спроведувано, не така видливо како во минатите режими.
Советската 45годишна надреденост врз државите од источна Европа има оправдување како отплата за советските човечки жртви при ослободувањето од нацизмот. А врз основа на кое историско право САД и З. Европа сега не владеат?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Никаквко право, јас сум на став европјаните да покажат заби и на клоци да ги избркаат САД од европско тло, одамна заврши ВСВ и Студената Војна, нема потреба веќе од амерички бази и војници во европа.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Никаквко право, јас сум на став европјаните да покажат заби и на клоци да ги избркаат САД од европско тло, одамна заврши ВСВ и Студената Војна, нема потреба веќе од амерички бази и војници во европа.
Утопистички
етаблитрани се преку марионетски режими.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.761
Поени од реакции
12.055
Никаквко право, јас сум на став европјаните да покажат заби и на клоци да ги избркаат САД од европско тло, одамна заврши ВСВ и Студената Војна, нема потреба веќе од амерички бази и војници во европа.
Јави кога европјаните ќе покажат заби и на клоци ќе ги истераат САД од европско тло.

Американците не се од вчера, многу паметно ја направија Европа зависна од економската соработка со САД, така што ако денес САД би прекинале секаква економска соработка со европските држави, веќе утре ќе има рецесија и инфлација.

Но ако муслиманите станат мнозинство во Европа, особено со размножувањето на денешниве мигранти, можеби ќе се повтори виетнамското сценарио и американците со наведнати глави ќе си заминат од европско тло.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom