И тоа се релативни гледања, за некои нации тоа е добро, за некои не, па така го ослободи од нацизмот за на пола континет да донесе ист ако не и полош режим во облик на комунизмот, ги „ослободи“ балканските кралства, а сите тие брзо и свртеа грб и си правеа сојузи со непријателите на Русија (ова за бугарите посебно), плус ние убаво го осетивме нивното ослободување со аминот за поделба во Букурешт.
Тоа со Наполеон е, бар за мене лоша, а не добра работа што ја направиле русите, наместо пан-европското напредно царство на Наполеон, ја вратија европа во абсолутизмот од пред 1789, а што имаа тие од поразот на Наполеон, ништо, само им ја дадоа пола планета на Британците како неприкосновен хегемон во поголем дел од 19 век. А борбата против германските освојувачи, па што тоа нас би не занимало, мене исто ќе ми се фаќаше ако во Москва се збореше германски наместо руски (иако и таму голем дел од борбата со тевтонскиот ред ја понесоа пољаците и литванците, не русите).