Конзервативност и либерализам

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Liberalizmot kako ideologija podrazbira open mind i prifakanje na razlicnosti
Konzervativizmot saka da ovekoveci konzervira odredena sostojba i privilegii
Amerika e konzervativna bidejki razlicnostite koi postojat vo nea se vnatre sebe no ne komuniciraat megusebno
na primer imas mesta kade belec ne moze da stapne i obratno
imas mesta kade homoseksualcite se nedobredojdeni
taka da taa liberalnost ne podrzabira integracija
tuku zatvoranje na grupite vnatre sebe
Liberalizam zavisi vo kkoj kontekst se upotrebuva
podrazbira tolerancija vo javniot prostor
na razlicni grupi na luge i nivna propaganda vo javnosta
no toa e samo verbalno dozvoleno
vo praksa ne sekade ke pomine toleriran
onoj koj ne e ok spored odredeni kriteriumi...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Прво нешто што ми паѓа на памет кога ќе го видам зборот конзервативност е многу нормално, конзерва. И токму таа конзерва потполно ми ги разјаснува одликите на оваа таканаречена идеологија. Затворено, повлечено, отуѓено и исклучено од средината. Конзервативноста иако е нели
чување, односно одржување на веќе востановените постоечки облици на вредностите во животот
(копирајт ВикторГГ), мислам дека претставува и некој своевиден страв од новото и непознатото. Неможноста да се прифати нешто кое е различно од она кое ние го сметаме за исправно, ја задлабочува и остри оваа појава. И одеднаш, од првичната претстава за конзерва, се префрлам на куќичката на полжавот, кој ако насети некоја опасност се повелкува внатре во неа и чека. Чека додека промените во околината не се вратат во нормала. Сепак, претставува премногу строго и straight forwarded живеење.
Од друга страна пак, либерализмот е некоја појава која ја карактеризирам со летот на птиците. Секогаш слободни но посотјано во борба за опстанок меѓу суровиот див свет. Либерализмот ми е некако пресофистицирана појава, која може да се поистовети и со тврдоглавоста на магарето. Едноставно некои работи, колку и да се погрешни и спаѓаат во полето на либерализмот, кој нели по дефиниција е слобода за мислење и дејствување, остануваат приоритет на овие личности без разлика на можните последици. Некако и оваа идеологија ми е претерана во крајност. Не би можел да живеам така опуштено и слободно во врска со секој дел од она кое го правам.
Кога само би имала некоја група помеѓу, би бил среќен да се сместам во неа. А кога би постоела сигурно би била група на луѓе кои и покрај современите сфаќања и потребите за напредок и брз развој, остануваат доследни на одредени норми и морални вредности поврзани за животот. Како што кажав, мал микс на двете идеологии.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прво нешто што ми паѓа на памет кога ќе го видам зборот конзервативност е многу нормално, конзерва. И токму таа конзерва потполно ми ги разјаснува одликите на оваа таканаречена идеологија. Затворено, повлечено, отуѓено и исклучено од средината.
Хм...не би се сложила тука околу конзерватизмот. Конзерватизмот не мора по дифолт да значи отуѓено и исклучено од средината. Може човек да е конзервативен по природа, но сепак да не му пречат другите луѓе и нивниот живот. :smir:


Јас себе си се декларирам како конзервативна. Не круто и закоравено конзервативна, но сепак кај мене највеќе преовладуваат конзервативните карактеристики. Во животот сум пробала и да постапам либерално или барем како што сум мислела дека треба да е либералното, откачено и слободно, но ден денес се каам за одредени постапки и се нервирам и не можам да спијам понекогаш, што значи дека едноставно либерализмот и не е мој начин на живот. Многу повеќе ми лежи конзервативноста. Отпорна сум кон промени, не ги сакам многу. Сметам дека треба одредени вредности да преовладуваат со општеството, доколку истото не би отишло во комплетен пропаст и хаос, НО, секако морам да ставам тука едно големо НО.
Конзерватизмот и конзервативноста е мој начин на живот, НО тоа НЕ значи по дифолт дека јас сум ограничена и дека не ги прифаќам другите. Напротив. Немам против никој и ништо и сметам дека секој има право да избере каков начин на живот ќе живее, дали ќе биде либерален или не, дали ќе биде ваков или онаков. Едноставно не се преокупирам со туѓите животи, најмалку од се да ги осудувам ако не се конзервативни. Проблемот што се јавува е што многу луѓе пробуваат својот начин на живот, дали либерален или конзервативен, да го наметнат на другите кои не го имаат истиот начин како нив.
Дебатата околу конзерватизмот и либерализмот, не само како начин на живот туку и како политички идеологии, се најинтересните и најплодните дебати, барем според мене. Но, едно е да се дебатира, друго е да му наметнуваш на човек да живее според тоа како ти живееш.
И не е точно дека конзерватизмот ограничува. Јас сум среќна со тоа што сум конзервативна, таков живот сум избрала да водам, либерализмот го пробав, искусив на кратко, но доволно да сфатам дека не е за мене. И мене како личност конзерватизмот не ме затупавува, ниту ограничува, затоа што се сметам за личност со пошироки видици, не сум конзерва, напротив.
За да ги прифатиш другите такви какви што се, без оглед на тоа што се и како се, не мора да си либерален, доволно е да се грижиш само за својот живот и да знаеш да препознаеш во луѓето доволно човечност. И да ти е битно тој човек да е човек. А за тоа можеш и да си конзервативен.
Конзервативните луѓе не значи дека се отуѓуваат и дека презираат се што не е како нив. Затоа што знам и такви либерали, кои исмејуваат конзервативни луѓе.
Водам конзервативен живот, но не ми пречи ниедна друга идеологија, ниту начин на живот. Секој има свои гледишта, желби и ставови и апропо тоа има право и да ги оствари.
Судир меѓу едното и другото секогаш ќе има. И треба да има дебати, не и осудувања. Треба да има прифаќање и разбирање меѓусебе.

А да, ќе заборавев, да конзервативците, не сакаат промени и сакаат статус кво, но тоа не значи дека ги мразат комплетно промените. И самите тие се свесни дека потребно е прилагодување кон времето и општеството, но тоа не значат радикални промени и тоа не значи револуција. Конзервативците сакаат се да се случува по пат на еволуција, полека но сигурно и најпрвин да се пресмета и да се види се, а потоа да се дејствува.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Јас сум за селективно да се размислува. Би задржала некои конзервативни сфаќања, а и некои либерални. Ама кај нас некако не не бидуе за селекција. Прифаќаме либерализам поттикнат од мнозинството, а и утврдуваме конзервативност од истото. А мнозинството всушност ја претставува телевизијата. Колку лесно паѓаме на пропаганди не е нормално.
И така денс едно ќе осудат, утре друго ќе одобрат. Е тоа ти е....
 
V

[vladimir]

Гостин
Морам да признаам дека не ги сакам и двете идеологии во крајност.

Мислам дека не постои човек кој е либерален или конзервативен во потполност.
Поаѓајки од себе се сметам за потполно либерална личност, али сепак во некои случаеви сум дури и повеќе од конзервативен, и тоа затоа што моето мото за овие две идеологии е "Зборувај либерално, делувај конзеравативно". Јас си имам поставено принципи,правила и цели,според кој си го терам животот.Организиран сум во идеите,и во одлуките. Работата е дека во животот ни треба либерализам, но и конзервативизам. Во смисол либерализам, ама во граници на објективното и природното. Пример, педеризмот е либерализам, ама не е во границите на објективното и природното. А конзервативците и рационалистите би требало да ги сведуваат работите на објективност и природност. Не чини кога тие ги сведуваат работите на некоја апсолутност. Ако некоја работа е за радост, во ред е да се прикажат чувствата.

Во политиката идеологијата на политичката левица често е ексклузивно својство на владејачките класи, додека за десницата таа е тоталитарна спротивност на нејзиниот здрав разум. За некои, овој концепт денес е толку широк што нема никакво значење; за други, тој е премногу кохезивен и не одговара на светот во кој владее бескрајна различност. Времето во кое живееме често се нарекува постидеолошко, но секаде околу нас сме сведоци на нагласени идеолошки конфликти, за жал :).

Јас имам своја идеологија, светоглед кој сигурно не е тотално либерален или конзервативен...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мислам дека... дури и оние кои се декларираат себе си како либерали, во еден миг од животот, кога нешто ќе ги повреди, ќе разгорат конзервативни мисли. Кога не боли, осудуваме. Осудуваме луѓе, мисли и идеи кои се различни од нашите во моментот, бидејќи не сум сигурен дали има луѓе кои кога ќе почуствуваат љубов се исто способни либерално да кажат дека не им пречи однесувањето на околината какво и да е тоа.

Ако лулашките каде нашата мала ќеркичка си игра биде окупирано од тројца наркомани, зарем нема да се разгори непријатност и осуда на наркоманијата?
Или пак либералите од старт грешам кога велам дека можат да почувствуваат љубов? :) Не верувам дека е така.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Поголемиот дел од ставовите ми се конзервативни, со мали исклучоци.
Бидејќи погоре се направи некоја разлика меѓу двете, ќе си напишам лично за мене што застапувам.

Конзервативен сум од аспект на воспоставени традиции, норми, почит, чесност, чест на фамилија, немање на промискуитет и недолично однесување, живеење во фамилијарна куќа, имање на поседи, ниви, за кога ќе се пензионирам да си садам, возам кајче и уживам:) приватната сопственост да е света, не забрана туку презир за дрога, алкохолизам, разни пороци кои го уништуваат човекот и семејството.

Не мешање на религијата во општеството, секој што сака да прави, само да не смета на други и да не бара други да му ги средуваат проблемите.
Дозвола за абортус, желба за прогрес на науката ми е пред се, експериментирање со днк, клонирање, инвестирање во технологија наместо во социјала, бидејќи парите инвестирани во неа ќе го решат и проблемот со сиромаштијата, немање на универзално здравство туку секој за себе и со своите способности, пријатели и семејство, либерализација на пазарот на трудот, минимална/никаква државна интервенција во економијата, плаќање на минимални даноци кои ќе бидат за да ми ја гарантираат приватната сопственост, значи за полиција, војска, судство итн.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Пр. Ако тепаш дете од 15 години и упорно му повторуваш да не ПУШИ, тоа од инает ќе пуши. Ако му речиш :Пушењето е лошо по здравјето, па ти сакаш пуши сакаш не...некако (не некако туку сигурно) ќе го стави прстот на глава и ќе размисли што прави...
Оваа техника функционира ,верувајте ми.Кога имав 11 години татко ми така ми рече.Сега само мариџуана пушам еднаш у неколку месеци.

Иначе конзервативен либерализам.
Поточно, таму кадешто слободата на едниот нема да ја нарушува таа на другиот.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Налетувам на конзервативни и либерални цури. А кога сум при таква ситуација користам и т.н. конзервативен шмек и т.н. либерален шмек. Го прилагодувам шмекот во однос на ставот на девојката :)
Општо и во други сегменти во животот. Се сметам и за тоа и тоа. Паралела и баланс од едното и другото. Реагирам и конзервативно и либерално.
Пример...почитувам друг начин на живеење кај индивидуи, друг стил, поинакво сфаќање. Ама почитувам. Кога ќе се сретнам со некои ситуации кадешто треба да реагирам либерално несвесно реагирам конзервативно и гледам на себе дека не сум баш либерал ептен.
Пример...познавам педери и знам дека се педери и тоа е во ред и не ми е гајле. Ама ако видам двајца мажи да се љубат на кеј ќе ми дојде да се згрозам (а ми се згрозува) и да кажам...бре гнасни педеришта. И ќе ми дојде нагон да фрлам нешто по нив. Пошо ми е грда слика. Така да....ете...сум најверојатно и тоа и тоа.
Конзервативно-либерален шмек :smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
На времетo, кога бев млада и згодна :( :( (или пред една година) се рчкавме нешто со авторот на темава (тогаш бев на дрога звана Грегори Хаус, па малце “тешко“ се комуницираше со мене), али денес ќе пробам смирено и поинаку да го изнесам она што не ми штима во темава.

Имено, збориме за “либералност“ и “конзервативизам“ во колоквијален, секојдневен контекст, како две стојалишта во однос на морални, етички прашања, или како општествени уредувања кои инкорпорираат и економски ситеми?
Ова е важно да се разграничи, затоа што секоја “верзија“ е итекако различна.

Виктор?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ма човечкото битие не заслужува Либерализам... премногу слобода и види што се дешава... земете ја младава генерација за пример... they wanted to break free... and now what?

Џабе либералност кога се злоупотребува...

Значи се треба да се контрољира мореее!!!

(се мисли за своите чуства, мисли и постапки)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Mislam deka klučnata razlika e što kaj konzervativcite vo osnovata postoi

strav od promeni,nedoverba vo nešto novo, dodeka kaj liberalizmot postoi na

nekoj način hrabrost i spremnost na promeni,no iako se spremni na promena

ne znaat da predvidat kade taa promena vodi..
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Конзервативноста не ја поддржувам во ниеден случај, најверојатно затоа што многу пати одредени конзервативни ставови кои преовладуваат кај македонското население ме имаат спречено да ги остварам сопствените цели. Да, конзервативноста била добра работа за некое друго време, но сега се е сменето и неможе да се функционира и да се има и модерни ставови и конзервативни сфаќања. Светот оди понатаму.

Либерализмот пак, од друга страна, премногу дозволува. Можеби е добро да се биде либерален, ама самото тоа што истиот нема поставено граници, човек од конзервативно општество неможе да стане либерален преку ноќ. Ќе му се даде потполна слобода, а тој, навикнат на некаков лимит, ќе биде слободен и ќе ги премине оние замислени граници кои либерализмот ги поставува за да се има некаква умереност (контрадикторна сум, но неможам да ја објаснам замислата) и ќе настане општ хаос.

За ова време во кое живееме најдобра би била некаква фузија помеѓу конзервативноста и либерализмот, некоја средина, затоа што конзервативното општество е многу позади нас, либералното многу пред нас, а ние сме во средина.

Себеси не се декларирам ни како конзервативец ниту пак како либерал. Јас сум радикал, можеби ни тоа не е најдобра можна опција, но себеси не се пронаоѓам ни меѓу конзервативците - имам сфаќања кои се противат на нивните, ниту пак меѓу либералите - можам да си поставам маргини според кои ќе се ориентирам, но мислам дека остатокот од денешното општество не би можело да го направи тоа, па затоа и сум противник на двете.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Конзервативноста не ја поддржувам во ниеден случај, најверојатно затоа што многу пати одредени конзервативни ставови кои преовладуваат кај македонското население ме имаат спречено да ги остварам сопствените цели. Да, конзервативноста била добра работа за некое друго време, но сега се е сменето и неможе да се функционира и да се има и модерни ставови и конзервативни сфаќања. Светот оди понатаму.
Види, човек може да биде за себе конзервативен и да се придржува до некои конзервативни правила во својот живот, а сепак да не ги наметнува истите и во општеството. Не значи дека луѓето со конзервативни ставови општо, дека се закоравени и дека плукаат по се што не е како нив. :smir:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Види, човек може да биде за себе конзервативен и да се придржува до некои конзервативни правила во својот живот, а сепак да не ги наметнува истите и во општеството. Не значи дека луѓето со конзервативни ставови општо, дека се закоравени и дека плукаат по се што не е како нив. :smir:
Да, секако, имам многу примери на конзервативни луѓе кои се пред се реалисти и своето сфаќање не сакаат да го наметнуваат затоа што во демократско општество кон кое се стремиме, треба да си ги почитуваме ставовите. Теоретски кажано.

Но, тоа е невозможно во Македонија. Не зборувам за сите, зборувам во глобала. Нашето општество неможам а да не го критикувам. Премногу е конзервативно, премногу е закоравено и заостанато со години, и тука многу луѓе се обидуваат да ги наметнат своите ставови како апсолутно точни, игнорирајќи ги и не трудејќи се да ги сфатат ставовите на останатите. Во тоа е и главниот проблем кај нас, што никој никого не го слуша, секој има што да каже, никој меѓу себе не се почитува и секој гледа да го наметне својот став како единствен кој е во право. Затоа и ми смета конзервативноста во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom