Конзервативност и либерализам

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Wikipedia напиша:
Конзервативизмот во својата појдовна основа значи чување односно одржување на веќе востановените постоечки облици на вредностите во животот. Може да се смета за своевидно традиционално мислење кое како такво се проткајува во сите облици на интеракција меѓу поединците, мислење чија што цел е да се одржи статус кво. Ако пред се се сфати како идеологија на оние кои што владеат тогаш ќе се постави во спротивна релациска врска од либералното дејствување кое како такво тежнее кон промени.
Wikipedia напиша:
Либерализмот е идеологија, филозофско мислење и политичка традиција која држи дека слободата е од основна политичка вредност. Во времето на феудализмот, либерализмот претставувал буржоаскополитички и идеолошки правец што се борел за политичка слобода, за слобода на мислење и дејствување.
Не знам како може да немаме ваква тема, но резултатите велат празно :toe:

Сеедно, каде се пронаоѓате, зошто, и секако очекувам издржана дебата во врска со правците. Бујрум...

Постови кои само наведуваат како што се декларира членот, ќе бидат избришани, и евентуално санкционирани со бан доколку се несериозни
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Valjda nekoja sredina.
Sekako, najvaznata vrednost na liberalizmot e del od taa sredina, slobodata na govor, mislenje i etc. u opsto slobodite na slobodniot covek vo slobodno opstestvo. No slobodite nikako da ne se protumacat kako moznost da se pretera so nivnoto koristenje. E tuka stapuva na scena sredinata koja tezi malku kon konservatizmot.
Znaci imas edni jasni zadadeni pravila na igra, koi si nasle svoe pribeziste vo opstestvoto pred se radi tradicijata, a od druga strana imas pravo slobodno da go izrazuvas svojot stav, no toa da ne premine vo destruktivno vlijanie vrz sredinata i opstestvoto.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Конзерватизам хм, а бе сум за зачувување на нашите традиционални и културни вредности ама сум против статус кво. Зошто ако стагнираме и не напредуваме не бива не јаде матната. И конзерватизмот и либерализмот имаат добри и лоши работи, ги прифаќам работите кои што јас ќе оценам дека се добри од двете движења.
 
M

marsovka

Гостин
Либерал ,сметам дека светот е во постојано движење и се треба да се прифати без разлика дали е лошо или добро,игнорирањето на промените и обидувањето да се сочува некој облик или традиција која веќе не функционира или повеќе не чини зачувувањето отколку заменувањето ,барем за мене претставува чиста глупост.
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
1
...

Пр. Ако тепаш дете од 15 години и упорно му повторуваш да не ПУШИ, тоа од инает ќе пуши. Ако му речиш :Пушењето е лошо по здравјето, па ти сакаш пуши сакаш не...некако (не некако туку сигурно) ќе го стави прстот на глава и ќе размисли што прави...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Пр. Ако тепаш дете од 15 години и упорно му повторуваш да не ПУШИ, тоа од инает ќе пуши. Ако му речиш :Пушењето е лошо по здравјето, па ти сакаш пуши сакаш не...некако (не некако туку сигурно) ќе го стави прстот на глава и ќе размисли што прави...
Ова да тепаш дете под конзерватизам е или?
Казнените мерки со физички повреди не се ефективни само се деструктивни.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
комбинација и од двете, конзерватизам за да се зачуваат старите добри морални вредности но да се ослободат границите и да се предје кон либеразлизам осносно да се даде можност на индивидуалноста, на идеологијата, слободното изразување и мислење односно на некој начин со помош на идеологијата и слободата да се усовршат конзевативните вредности т.е да се прилагодат на современите услови.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Тематикава е малку покомплексна од првично изнесените дефиниции, но во името на дискусијата, да ги земеме како единствени и точни...

Либерализам, кој претпоставува слобода како ултимативна цел, па говори за слобода на мислење итн...Постои ли било каде?

Да ги земем САД ко пример, како земја која сериозно се горедее со својот либерализам и идеја за слобода, и која успеала во главите на своите граѓани да им напика дека се страшно слободни...Ако ги погледнеме политичките и економските движења и постапки на таа земја, па ако ја земеме во предвид нивната пропаганда и конзумеризмот...лесно доаѓаме до заклучок дека ниту се слободни, ниту државата им е либерална. А, уште помалку, дека почитуваат туѓи слободи.

Мора да се има во предвид дека слободата како концепт е премногу неодреден. Затоа и движењата, ко либерализмот, лесно манипулираат со истиот, а не го објаснуваат соодветно.

Всушност, развиениот цвет го доживеа цутот на својата квази-слобода од тој тип уште во '60-те и 70-те години од минатиот век. И затоа што не продолжи во некоја форма на анархизам, која би била логичен след, сега го живее периодот на гниење, декаденција.

Оттаму можеби и се враќа, како реакција, конзерватизмот. Затоа што дојдовме до состојба кога ги прекршивме сите претходно дадени правила. И тоа не доведе до релтивизмот од кој се уморивме.
Сега мора пак да поставиме некои правила, да разграничиме добро од лошо, дозволено од недозволено.

И тажно е што тоа се прави преку навраќање кон стари шаблони и правила, без соодветна ревизија на истите. Живееме една страшна општествена безидејност, која не бара ново решеније, туку оди во регресија. И пак не враќа во старата битка помеѓу традиција и кршење на истата, во името на некоја слобода. А, таа битка е толку излитена и докажано, непродуктивна.

Штета е што постмодернизмот, кој зема вистински замав во уметноста, слабо се одразува во секојдневниот живот.
Факт е дека слободата и либерализмот кои беа револуционерни до почетокот на 20-от век, денеска немаат место и се прозаични.
Исто како што е факт дека навраќањето на некои непродуктивни ограничувања, кои ги фура конзерватизмот, се истотака неодрживи.
И постмодернизмот тоа го препознава. Знае дека нештата не се движат праволиниски, дека идејата за напредок е фарса, и дека ниедна идологија не го поседува одговорот.

Сепак, гледам надеж. Економскава криза, невидена до сега, односно без огледало во минатотото, сериозно ги продрмува темелите на сите досегашни општествени поредоци.
И решението за истата ќе мора да се најде во нешто што досега не било, односно силом прилике ќе мора да инкорпорира постмодернистички постулати и методи. Па, следствено, и резултатот од истото би бил нешто "уникатно".

Лично пак, не сум ни либерална, ни конзервативна. Секоја идеологија ја сметам за апсурдна, и сметам дека не може да ми ги задоволи прашањата и светогледот.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Според дефинициите, повеќе сум либерална отколку конзервативна. Инаку, сметам дека стремежот кон лична слобода е карактеристичен за луѓе и општества кои се издигнати на едно повисоко интелектуално рамниште. Голем проблем е што ,гледано во светски рамки, овој стремеж, во комбинација со непоштедната трка по пари и успех, доведе до оттуѓување меѓу луѓето.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Конзервативците ги штитат владеачките идеи
Либерализмот е карактеристичен за обесправените општествени слоеви...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Либерализмот е карактеристичен за обесправените општествени слоеви...
Америка, барем декларативно, е либерална.
Како таа нејзина определба ја поистоветуваш со обесправени општествени слоеви?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Америка, барем декларативно, е либерална.
Како таа нејзина определба ја поистоветуваш со обесправени општествени слоеви?
Ada излези од политичкиот кошмар, разбуди се!!! :icon_lol:

Знам дека ни е на сите мерак сега пред избори да се занимаваме со политички прашања, ама јас ги сфаќам прилично поинаку овие два термини, иако и самите дефиниции кои сум ги цитирал се во однос на политиката. Тоа се два спротиставени погледи на свет.

Америка, да не биде џабе цитирање, не е само декларативно. Либералноста ти е загарантирана во рамки на правилата која се строго зацртани. И примери има доволно каде на сметка на првиот човек на државата се прават прекрасни шеги кои го дискредитираат и навредуваат, и никој не бива убиен. Претседателот само на крај е убиен. :) Ем го заебаваат, ем го убиваат на крај.

Инаку, Америка е повеќе конзервативна отколку либерална. Мнозинството американци сеуште мразат црнци, колку и да се прават поинакви. Така што, јас ќе се повлечам и ќе причекам нихилистот да видам што има да каже на оваа тема. :helou:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Потребни се и двете нешта и конзервативноста и либерализмот. Зошто без либерализмот нема прогрес и нема поместување на границите и изнаоѓање нови поинвентивни решениа за некои проблеми. Од дргуа страна пак Конзервативноста ни терба како еден вид контрола на либерализмот за да може да се споредат придобивките од од либералните решенија за да се утврди дали навистина има потреба од промена и дали навистина се исплати менувањето кон друго полиберално решение. Освен тоа ако се нема конзервативна линија на мислење постои опасност либералноста од преголемата сила за влечење кон напред кон прогрогрес да предизвикаат несаками штети. Од друга страна пак ако нема либералност тогаш нема да има ни некој прогрес што значи стагнација и нефлексибилност односно преиспособливост кон новонастанатите услови што е во основа штетно за опстанокот.
Значи изнаоѓање баланс помеѓу двете е најдоброто решение.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Америка, барем декларативно, е либерална.
Како таа нејзина определба ја поистоветуваш со обесправени општествени слоеви?
Па како што кажа
декларативно
но суштински не е либерална
каква е таа либералност
да напаѓаш суверени држави
тоа е тероризирање
а не либералност
Второ,
Конзервативците бранат статус кво
бранат некои свои привилегии и вредности
обесправените бараат радикална промена
и не се оптоварени со конзервативни предрасуди.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ada излези од политичкиот кошмар, разбуди се!!! :icon_lol:

Знам дека ни е на сите мерак сега пред избори да се занимаваме со политички прашања, ама јас ги сфаќам прилично поинаку овие два термини, иако и самите дефиниции кои сум ги цитирал се во однос на политиката. Тоа се два спротиставени погледи на свет.

Америка, да не биде џабе цитирање, не е само декларативно. Либералноста ти е загарантирана во рамки на правилата која се строго зацртани. И примери има доволно каде на сметка на првиот човек на државата се прават прекрасни шеги кои го дискредитираат и навредуваат, и никој не бива убиен. Претседателот само на крај е убиен. :) Ем го заебаваат, ем го убиваат на крај.

Инаку, Америка е повеќе конзервативна отколку либерална. Мнозинството американци сеуште мразат црнци, колку и да се прават поинакви. Така што, јас ќе се повлечам и ќе причекам нихилистот да видам што има да каже на оваа тема. :helou:
Јас не сум во ников политички кошмар, а начинот на кој тука се рзгледува либерализам и конзервативизам е површен и НЕТОЧЕН!

Не знам како може да зимате некое микро делче од движењето/идологијата, а да ја игнорирате целината. Вадите од контекст и си правите нагаѓања.

Како и да е Америка е ЛИБЕРАЛНА, сакале тоа вие или не.
А, по вашата логика, може да речеме и дека Југославија била капитализам, а не социјализам. Ама НЕ е така.
Произволности и лични импровизирани претпоставки, у ваква дискусија е држат вода.

Како и да е, ќе се навратам подетелно на либерализмот и конзервативизмот на темава подоцна денеска.:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom