Конзервативност и либерализам

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Нема едноставен одговор на ова прашање, иако се сметам себеси за либерал (отворен за различни мислења, ставови и идеи), во пракса сум доста конзервативен и ригиден во многу ставови, апсолутен либерализам или абсолутен конзервативизам е илузија, како и самиот концепт на абсолутизам
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
На времетo, кога бев млада и згодна :( :( (или пред една година) се рчкавме нешто со авторот на темава (тогаш бев на дрога звана Грегори Хаус, па малце “тешко“ се комуницираше со мене), али денес ќе пробам смирено и поинаку да го изнесам она што не ми штима во темава.

Имено, збориме за “либералност“ и “конзервативизам“ во колоквијален, секојдневен контекст, како две стојалишта во однос на морални, етички прашања, или како општествени уредувања кои инкорпорираат и економски ситеми?
Ова е важно да се разграничи, затоа што секоја “верзија“ е итекако различна.

Виктор?
Не знам... :toe:
Кога пишував повторно на темава, пред некој ден, реактивирајќи ја, се замислив за истата работа и помислив колку неуко сум ја поставил. Па веројатно оставам да зборува кој за што сака. Ти, како модераторка (сега кога веќе не си млада и згодна :pos: (не можев да одолем, знаеш дека не го мислам тоа, само за да те зезам)) веројатно ја имаш мудроста, силата и желбата да го измениш благо воведниот пост, додадавајќи правец. Како решиш така. :smir:

Или, може и за двете да се разгаламиме, онака баш форумски “стручно“. :)
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Конзервативен сум кога се во прашање педерите, а ептен либерален кога се во прашање лезбејките :smir:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако треба да се поставам во однос на прашањево ќе речам вака, конзервативец за својот живот, либерална за туѓиот. Моите избори се на линија на конзервативецот, и воопшто не мислам дека грешам во изборот, патем не дека го правам тоа зашто така треба или зашто така ми рекле туку зашто така се чувствувам.Освен тоа што е конзерватизмот? Традиција, стара вредност , простор да се заштитиме од навалата на некои нови вредности кои ни прават јуриш...Поим немам, знам само дека сум изградила сопствени уверувања кои не верувам дека ќе ги убијам ниту пак тие ќе ме убијат мене. Не палам вештерки ниту книги, не везам гоблени , не тепам хомосексуалци...Ама имам строго етичко правило на сопствените постапки и тоа како навиен часовник секогаш се јавува во вистински момент, никогаш немам зажалено што да речеме наместо да лумпувам сум знаела мирно да набљудувам или времето да го поминам во тишина. Дали е конзервативецот здодевен? Можеби е, можеби не...ама истото можам да го кажам за ултра либералот, може он да ми пара уши до утре сабајле со милион фешн нови вредности ала сексот и градот но нема да ме убеди во нив. Ултра либерализмот го правда развратот, зашто мора да имате одговор на ситуацијата. На пример, не ми пречи мене Црвената улица ама сигурно нема да му речам на сопстевното дете дека е сосем во ред да ја посетува... Да не звучам ко некој 80 годишен старец ама либерализмот го сфаќам како одење на линија на помал отпор, многу е потешко да се воздржите отколку да му се препуштите. Мислите дека Скопје не е демолирано комплетно од некои нео-либералист/ки?Ајде нека ме убеди некој во тоа, зашто јас многу почесто нив ги гледам, и патем да додадам се ќе беше во ред ако не се жалевме на ситуацијата. Да не се жалевме немаше да запалам црвено светло ама изгледа нешто навистина е гнило во државата Данска.
 

The Wolf

I solve problems.
Член од
25 август 2010
Мислења
88
Поени од реакции
65
Либерализмот и конзервативизмот во нивната класична форма веќе од поодамна се исчезнати и важат само во историскиот контекст на 19ти и првата половина на 20тиот век.

По политичките превирања во 60тите и кризата на државата на благосостојба во Европа и на кејнзијанската политичка економија во САД во 70тите се појавуваат Маргарет Тачер и Роналд Реган, обајцата заколнати конзервативци, со нова економска доктрина која подоцна ќе стане позната како неолиберализам. Истата начелно ги слави индивидуалните слободи, истовремено разорувајќи ги сите јавни служби и социјални повластици кои ги нуди државата, ја разурнува секоја форма на општествена солидарност и синдикална организираност и оди до таму што Маргарет Тачер самата објавува фамозно дека "There is no society", односно, "Не постои општество".

Неоконзервативизмот од друга страна пак, е одговор на разорното влијание на неолиберализмот врз општественото ткиво, држејќи се до истите економски политики како и неолиберализмот, но истовремено инсистирајќи на силно морално јадро (најчесто религиозно), кое би требало да ја врати изгубената социјална кохезија. Истиот беше спроведуван интензивно за време на режимот на Џорџ Буш помладиот и се покажа како неефективен.


Како и да го свртите, денес скоро и да нема разлики помеѓу левите и десните партии кои се' повеќе гравитираат кон центарот за да бидат привлечни за што поголем број на гласачи. Либерализмот и конзервативизмот беа релевантни додека се'уште постоеа вредности кои би можеле да се предизвикаат, заменат или разградат.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Либерализмот ствара се поголем и поголем хаос во светот и уништување на семејните и моралните вредности...

Либералните региони во светот Западна Европа. Скандинавија, Бенелукс, Аустралија, Нов Зеланд донесоа закони што ствараат нереди и хаос... Како на пример не смееш дома крадец да убиеш, не смееш да примениш дури и крајно нужна самоодбрана на пијаница, наркоман, непредлидлива и непресметлива личност. Откако ги донесоа овие закони во тие држави драстично се зголеми стапката на кражби и инциденти... И кај нас пред некоја година ги има тие закони...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Либерализмот ствара се поголем и поголем хаос во светот и уништување на семејните и моралните вредности...

Либералните региони во светот Западна Европа. Скандинавија, Бенелукс, Аустралија, Нов Зеланд донесоа закони што ствараат нереди и хаос... Како на пример не смееш дома крадец да убиеш, не смееш да примениш дури и крајно нужна самоодбрана на пијаница, наркоман, непредлидлива и непресметлива личност. Откако ги донесоа овие закони во тие држави драстично се зголеми стапката на кражби и инциденти... И кај нас пред некоја година ги има тие закони...
Море комунист еден, против либерализмот си бе :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom