Кому е полесно да му се признае?

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Дивајн напиша:
Имате некоја голема тајна, проблем, мака или било што, што многу ве мачи и ви тежи, па нормално сакате да ја кажете некому. Е сега, да видиме како работи психата на човекот ... дали тоа што имате, полесно би му го признале на најдобриот/ата другар/ка или на човек кој би го платиле т.е. психолог?
Мислите дека вашата тајна ќе е посигурна кај вашиот долгогодишен пријател или кај тој што со пари е задолжен да ви ја чува и зошто токму кај тој што мислите? А и општо, што е посигурно според вас?:helou:
имам голема тајна што многу ме мачи и тежи...им ја кажав на најблиските другарки...зошто баш на нив? хммм со нив се дружам, се гледам секој ден, не е изводливо да кријам такви важни работи за мојот живот...на психолозите во нашава држава искрено не верувам многу, не знам зошто...тој човек не ме ни знае, ниту се грижи за мене, а личности што ме знаат скоро цел живот сепак се внесуваат со памет и срце во проблемот и искрено се трудат да ми помогнат или да ме покријат кога е потребно...едноставно прават се што е можно за да ми олеснат, на еден или друг начин :toe:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
se praznam na drugarive po potreba..ali cesto pati teskotijata ja preproduvam sam. ZOSTO ..koga ni e najteshko togas se poznava nashata sila..a i od teskotijata ucime kako ponataka
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Тајна? Хм... Прво ја кажувам на сругарка ми (шо ми е ко сестра). Зошто баш неа? Зошто 12 години не ме има ‘‘издаено‘‘ и знам дека нема.:):)
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Тајна прво на најдобриот другар па после на тие на кој знам дека нема да им се испуштиto e to
 
С

Сатори

Гостин
*

Имате некоја голема тајна, проблем, мака или било што, што многу ве мачи и ви тежи, па нормално сакате да ја кажете некому. Е сега, да видиме како работи психата на човекот ... дали тоа што имате, полесно би му го признале на најдобриот/ата другар/ка или на човек кој би го платиле т.е. психолог?
Мислите дека вашата тајна ќе е посигурна кај вашиот долгогодишен пријател или кај тој што со пари е задолжен да ви ја чува и зошто токму кај тој што мислите? А и општо, што е посигурно според вас?:helou:
Вистинските големи тајни, поврзани само со мене, само со мојата психа и минато, не можам да ги кажам на никој, дури ни на хартијата што ја чувствувам најблиска.
Нема потреба било кој да го чува тоа што е само за мене, само мое, тајно и потребно како воздух.

Но кога би морала да бирам ... веројатно тоа би бил психолог, чисто од причина што ќе заборави што сум говорела во моментот кога ќе излезам од вратата.
Чиста сметка, долга љубов.:toe:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Подобро според мене е да отидам на психијатар, да си кажам она што ме мачи, и да си заминам дома....Барем постои веројатноста ако побрзо се излекувам од проблемот никогаш повеќе да не се сретнам со него, а ако се доверам кај пријател, тој грижејќи се за мојот проблем ќе ме потсетува, и сакала или неќела потешко ќе оди пребродувањето..
А и плус на сето тоа, големите тајни доверени кај пријател знаат да бидат и опасност за тоа пријателство...
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Вака сега, мене не ми е срам да кажам дека сум била на психијатар, срам ми е да кажам дека немаше вистиска причина, повеќе од каприц беше :pos:. Од моето искуство, психијатрите се неисплатливи. Тешко дека на првата средба ќе ви кажат нешто, ќе ви прават диши-недиши, ќе ви проверат рефлекси... Е ,веќе на петтата средба можеби ќе добиете и по некој совет. Значи не се некој опција. Во вистински пријателства многу не верувам. Затоа не знам оти ги заборавивте мајките. Тие се најдобри психијатри и слушачи на тајни.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кога имам некоја тајна или нешто што ме мачи го споделувам со најблиските.Едноставно потребен ми е издувен вентил и кога чувствувам тешко на душата,односно имам нешто кое што сакам да го кажам им се доверувам на нив.
Мајка ми ја сметам за многу блиска,но нејзе обично и се доверувам кога се осеќам како балон кој е спремен да пукне.Не дека ми е срам или незнам што,туку обично чекам да видам дали сама ќе си се средам.
Би одела на психијатар,кога тоа би било мојата последна опција.Кога веќе имам на кој да се доверам и после и да се насмеам и да ме утеши,сметам дека немам потреба од психијатар.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Во некои ситуации полесно е да се каже на некој што прв пат го гледаш, но во други ситуации пак најдобро е да се каже на најблискиот, зависи од ситуација.:toe:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Ако зборуваме за полесно,дефинитивно е полесно да му се признае на странец,бидејќи ако се работи за нешто огромно и запрепастувачко,од близок другар/пријател ќе добиеме само ококорени очи.Специјалист би те гледал низ два прста дебело стакло и никому ништо.
Ако зборуваме на кој би требало да се каже,тука е на прво место мајка/татко ,или другар/ка.Затоа што каков таков,ќе добиеш некаков совет,патоказ за да се движиш понатаму.
Има и тајни кои ги чувам само за себе,но тие се посебен случај нели,сите си имаме по нешто свое.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Лично полесно ми е да му признаам на некој со кој не сум блиска, особено на некој на кого му е должност да ислуша, како што се тоа психолозите. Не затоа што не им верувам на луѓето кои ми значат, туку затоа што со нив сум емотивно инволвирана, па неизбежна е побурна, субјективна реакција од нивна страна. Имено штом некој ти е близок, тогаш не може да ги слушаш нештата кои има да ти ги каже без да ги поврзеш со себе, и поради тоа да почнуваш да судиш. А често, кога ми се случуваат бурни нешта, не ми е потребно судење(не мислам тука на судење као предрасуди) и потпалување на мојата емотивна бура од некој друг. Затоа некој со кој сум помалку емотивно инволвирана секогаш го одбирам како попожелен избор, пред се затоа што знам дека ќе биде објективен, непристрасен и нема премногу да се вплеткува. Единствениот проблем тука е што со далечни луѓе недостасува моментот на вистински фидбек. Ќе те сослушаат, но нема да се внесат вистински и толку силно како што би го направил тоа некој на кој му е стало до тебе.
Така да, кога сакам емотивна потпора се обраќам на најблиските. А кога ми е потребен непристрасен суд тука доаѓаат оние останатите.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Само да потсетам ... блиско лице или психолог, не психијатар.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Обично големите тајни си ги чувам за мене, колку сакат тешки нека бидат.
Ама ете, доколку мора да бирам, дали би ја кажала тајната на психолог или на моја најблиска другар/ка, дефинитивно би се одлучила за психолог.
Прво, затоа што веќе имам искуство со психолог, и можам да кажам дека сум задоволна од целиот наш разговор, сите негови совети.
Значи, доколку ми треба некој совет, или некое решение за мојата тајна, или проблем, ми треба објективна личност, објективен одговор, и објективен совет.
Второ, затоа што, како шо рече Сатори, постои можност, да тој психолог после нашиот разговор, веднаш да заборави на мојот проблем, тајна итн.
Не би му кажала на мој близок/ска другар/ка, од причина шо, постои опасност таа тајна да биди издадена...Од непретпазливост, може да се испушти тајната.
А личност на која најмногу и` верувам е мојата мајка. Почесто и` ги кажувам неа оние поголемите работи и тајни, отколку на моите најверни другарки. Се знае, вистински другар на денешно време не постој.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.861
Поени од реакции
50.276
Како прво не сум имал некои опасни и тешки тајни за криење а и кога сум имал сум немал некој потреба за споделување не знам дали треба да балавам по темава али ајде..
На психолози немам пракса да идам пошто и не им верувам во стручноста по некои поранешни искуства ,другар ко другар денес е тука ке те слуша утре сте се скарале и еве ти го како те збори ке јаде гомна за тебе и ти ја опнал тајната пред сите и така се имам изгорено затоа кога си имам нешто си го чувам и не му исцурува пред никој.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Би се доверила на најблиските. Тие ме познаваат доволно за да можат да разберат и да сфатат како се чувствувам и што можат да направат за да ми помогнат. Тие знаат како реагирам, ги знаат моите постапки и знаат дека што и да ми кажат на крајот одлуката ќе си ја донесам сама. Најблиски ми се другарките, брат ми и татко ми.

На психолог, човек на кој му плаќам за да ме ислуша и посоветува некако не можам да му верувам. Сепак му го плаќам времето кое му го одземам, тој е тука да ме ислуша и да ми каже нешто. Тој не ме познава доволно за да ми каже како да реагирам и што е мојот проблем навистина. Малку ми е несфатлива таа нивна професија, тие учат за да ги разберат другите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom