Обично големите тајни си ги чувам за мене, колку сакат тешки нека бидат.
Ама ете, доколку мора да бирам, дали би ја кажала тајната на психолог или на моја најблиска другар/ка, дефинитивно би се одлучила за психолог.
Прво, затоа што веќе имам искуство со психолог, и можам да кажам дека сум задоволна од целиот наш разговор, сите негови совети.
Значи, доколку ми треба некој совет, или некое решение за мојата тајна, или проблем, ми треба објективна личност, објективен одговор, и објективен совет.
Второ, затоа што, како шо рече Сатори, постои можност, да тој психолог после нашиот разговор, веднаш да заборави на мојот проблем, тајна итн.
Не би му кажала на мој близок/ска другар/ка, од причина шо, постои опасност таа тајна да биди издадена...Од непретпазливост, може да се испушти тајната.
А личност на која најмногу и` верувам е мојата мајка. Почесто и` ги кажувам неа оние поголемите работи и тајни, отколку на моите најверни другарки. Се знае, вистински другар на денешно време не постој.