Компјутерскиот талент Марко Чаласан доби 15 компјутери од Владата

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.530


Седумгодишниот Марко Чаласан, прваче во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје, најмалиот добитник на два светски признати сертификата од Мајкрософт, денеска од Владата доби лабораторија со 15 компјутери, кои му ги предаде премиерот Никола Груевски. Тие се сместеми во просторија во училиштето и се во мрежа што на Марко ќе му овозможи практично да го усоврши својот информатички талент.

Првиот сертификат на Мајкрософт што го добил е за поддршка на оперативен систем, а вториот за поддршка на десктоп апликации. Третиот сертификат за кој ќе се подготвува и ќе полага по две години е за администратор за имплементирање мрежи.

- Тоа се врвни вредности со кои еден ден ќе се гордее цела Македонија, кога тој ќе ја достигне возраста кога ќе може многу порепрезентативно да ја претставува нашата држава, иако веќе и сега тоа го прави, изјави премиерот Груевски. - Се работи за екстра талентирано дете, додаде Груевски, кој прилогот за него го видел на телевизија и веднаш се заинтересирал како државата може да помогне за Марко да напредува побргу.

- Македонија е мала земја и нема специјални училишта за талентирани деца. Сметам дека во таква ситуација треба да се интервенира. Секогаш кога ќе препознае вакви таленти, Владата ќе се обиде да помогне, рече Груевски.

Тој на Марко му врачи и Стипендија за талентирани деца, а за возврат малиот ученик на премиерот му креираше персонален кориснички налог.

Во изјава за медиумите Марко рече дека не се сеќава кога првпат почнал да работи на компјутери. Со нив се дружи по два часа дневно, а еден час чита стручна литература.

Канал 5
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
15 kompjuteri? Glupost.. i 1 e dovolno za da stanes pro za kompjuteri.

p.s. Ovaj Marko poveke mi lici na devojce otkolku momce:pos2:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.533
Поени од реакции
5.523
го имаше сега брзо на ТВ ... малиов растура во компјутери
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Bravo.Pa taka treba.Da si gi pazime talentite. Makar mislam deka malce preterale , pa sto ke mu se 15 kompjuteri????? So bi mozel da pravi so 15 kompjuteri. Da ne zaboravime, kolku i da e golem talent, tipcevo treba da ide na skolo i da pisue domasna, koga ke raboti vo taa labaratorija. Ali vo sekoj slucaj celosno go poddrzuvam gestot.:wink:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.530
15 компјутери се за училишниот кабинет бе момци, нема само тој да ги користи. :)
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Svetla zvezda vo Makedonija.Maliot rastura.Go gledav na "opusteno" i koga Toni go prasa dali se zanimava so nekoj sport,Marko mu rece-tajlnadski boks!!!!????:tapp:
Vo sekoj slucaj na vakvi talenti koi se retkost za bilo koja drzava,treba da im se dade celata poddrska za napredok.Odlicen poteg.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.533
Поени од реакции
5.523
ваков талент тешко ќе биде да се задржи во Македонија кога ќе порасне
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Тие се сместеми во просторија во училиштето и се во мрежа што на Марко ќе му овозможи практично да го усоврши својот информатички талент.
Третиот сертификат за кој ќе се подготвува и ќе полага по две години е за администратор за имплементирање мрежи.
Еве што ќе му се 15 компјутери, значи 2 години ќе вежба поврзување мрежи, проблеми со мрежи, и слични ствари во врска со мрежите.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.982
Ве интересира зошто токму 15?!
Читајте болдирано.
Добра реакција на премиерот. :aplauz:
Првиот сертификат на Мајкрософт што го добил е за поддршка на оперативен систем, а вториот за поддршка на десктоп апликации. Третиот сертификат за кој ќе се подготвува и ќе полага по две години е за администратор за имплементирање мрежи.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Го видов детево на телевизија, алал да му е но истовремено ми падна и жал. Кога го прашуваа за играње за забава детево не знееше што е тоа, рече не го интересира тоа повеќе сакал да чита стручна литература. Сакам да кажам колку и да е талентирано сепак е дете и не треба да се асоцијализира од околината и врсниците.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Го гледав малиот на Бисери. Ѕверче. Детето е единствено во свет со два сертификати на неполни 7 години. Ми посакуваме успешна иднина. Потегот на Груевски е за поздраФ.
П.С. Марко е едно од најубавите машки деца евр :) Има вајано фацуле :)
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Да, да беше во средата на Бисери! Браво, секоја чест за детево. А и да јас првин мислев дека е девојче... Плус некако подобро мислам му одело англиски да зборува од колку македоснки!


Браво!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom