Сходно на ситуацијата во која се наоѓаме, ти немаш можност да одбираш помеѓу прекин на преговорите од една страна, и компримис од друга, бидејќи она на маса што го имаме се вика бирај помеѓу комприомис и компромис, па затоа би било беспредметно да ги коментираме нашите индивидуални желби.
Ја коментираме ситуацијата во која се наоѓа државава.
Да се дообјаснам.
Доколку утре се створи иницијатива од сериозни структури која ќе претстави сериозна алтернатива за просперитетна Македонија без НАТО и ЕУ и ќе се залага за прекинување на преговорите, ќе бидам првиот што ќе ја подржам.
Настрана форумските патриоти од кои 90% после неколку месеци ќе не убедуваат дека единствената алтернатива на Македонија била во НАТО и ЕУ, па затоа бил нужен компромисот кој го направил Гвујо.
Референдумот е посебна приказна, али како што погоре реков, отом потом.Двојната формула егзистира само во главата на Грујо, и тоа чисто од популистички причини. И тој самиот знае дека таа двојна формула после Букурешт веќе не важи
. Тоа го разбра Бранко и се соочи со новата реалност, искажувајќи ги јавно неговите ставови, без разлика дали тоа ќе влијае негативно по неговата или кариерата на неговата политичка партија.
Значи оценил, измерил, пресекол, и без никакви мимикања јасно го презентирал својот став. Можеби чудно ќе ти звучи, но тоа се вика храброст. Да искажеш став кој се коси со ставот на огромно мнозинство од граѓаните на државава, сепак е за почит.
Е сега.
Гледаме дека и Груевски, откако за одродници и предавници ги прогласи сите опозиционери, интелектуалци и новинари, полека и срамежливо се врти кон ставот на Црвенковски, и притоа повикува на некакво единство.
Јас пак прашувам.
На какво тоа единство повикува Никола ?
- На единство за неменување на името.
- Или на единство за правење на компромис.
Можеш да го дешифрираш ?
Порано или покасно, сите ќе фрламе со дрва и камења по Грујо.
Верувај ми