"Комплицирани" раси како први кучиња

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
Американски пит бул и американски стафорд се анте и анте бораџијата. Стафордот е прифатен од ФЦИ, додека Пит булот не е. Стафордот е повисок од пит булот. Пит булот може да е редноус, блуноус, додека Стафордот мора да има црн нос. Исто така нема Стафорд Териер и Стафорд Бул териер, тие на сликите таму се Американски Старфорд Бул Териер и Англиски Стафорд Бул Териер. Сите наведени се Бул раси. Не верувај на се' што е пишано на нет.
 
L

Lu

Гостин
Почитувам Ротвајлер и Доберман е и мојот првенствен избор, но сакам да учам од сите раси и за сите раси... За случајот за Булдог ке ти кажам дека едноставно има и луѓе кои се дебели, мрзеливи, неактивни а се многу многу интелигентни... Не се мерило тестовите не се ни доказ само ние луѓето бараме црно на бело се за да ни биде јасно пред очи зошто несакаме да откриваме суштински. П.С. Не мое кучето на мои роднини е.
ОК тоа е твој став, јас си имам мој став, и не планирам да се натегаме во понатамошна дискусија околу Англискиот Булдог, ионака не ми се ни дискутира за таа раса.

Што е со аргентинската дога? Зошто НЕ? Како би ја опишала
Накусо Догото Аргентино би го опишала вака ... генерално таа раса е создадена да биде ловец.
Примерната намена на расата, кога ја создале во Аргентина, била за да се користи за лов на диви свињи.
И сеуште Догото Аргентино го користат за лов на диви свињи.

Карактерно се премногу храбри и безстрашни кучиња ... токму таков карактер како што му доликува на еден ловец на диви свињи.
Премногу се снажни, како што знам, Догото Аргентино е куче со најмногу мускулна маса ... експлозивна моќ имаат.
Исто така, карактерно за дресура се потешки, сепак малце е потешко е да се контролираат ловечките гени во урбана средина.

И најголем проблем мене би ми било снагата што ја имаат.
Јас мојата 40 килска Доберманка едвај ја додржувам (ѕверкава што ми е на аватар е мојата :)), буквално некогаш со сета сила ја држам и едвај успевам да ја додржам, сведоци ми се на форумов луѓето што ме знаат и ми ја знаат Доберманката, баш пред 2 дена бевме собрани во парк повеќе членови од форумов со кучињата, и они можат да потврдат колку ми беше тешко и напорно во некои ситуации да ја задржам Доберманката.

Снага е тоа луѓе, чиста мускулна маса ... јас не би можела да се носам со Дого Аргентино кое што има уште поголема снага од Доберманот ... бидејќи ако ме потегне Дого Аргентино од 50 кила, има да летам како пердувче, исто ко другарка ми што лета понекад кога го шета Догото Аргентино :)

И @ZeenaK9 буквално скијаше кога беше кај мене на викендица, кога бевме собрани друштво кај мене, меѓу кои беше и другарка ми со Догото Аргентино, @ZeenaK9 неможеше да ја задржи, буквално летна сосе Догото, да не ја пуштеше од поводникот, буквално на земја ќе се влечеше.

Затоа и не го прифатив подарокот од другар ми, не е Дого Аргентино за мене.

ПС. Еве и еден клип, во кој што точно се гледа нивниот моќен и самоуверен карактер ... не се мисли, одма иде директива во „акција“ ;) од 2:25 па до крај гледај.

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.257
Поени од реакции
3.074
Американски пит бул и американски стафорд се анте и анте бораџијата. Стафордот е прифатен од ФЦИ, додека Пит булот не е. Стафордот е повисок од пит булот. Пит булот може да е редноус, блуноус, додека Стафордот мора да има црн нос. Исто така нема Стафорд Териер и Стафорд Бул териер, тие на сликите таму се Американски Старфорд Бул Териер и Англиски Стафорд Бул Териер. Сите наведени се Бул раси. Не верувај на се' што е пишано на нет.
Ajде да речеме не го веруваме тој текст, а ова ?
Pit bull
 
L

Lu

Гостин
Ajде да речеме не го веруваме тој текст, а ова ?
Pit bull
Инаку за тие што не знаат, името Пит Бул означува буквално борец во ринг со бикови.
Пит на англиски значи ринг за борба, а бул е бик ... така да, оттаму излегува името на расата Пит Бул, затоа што Пит Булот го создале за да се бори со бикови.

Исто и јас максимално ги избегавам Пит Буловите и Американските Стафордски Териери, затоа што кога Доберманката ми беше мала, само на 4 месечна возраст, возрасна женка Американски Стафордски Териер, крвнички ја нападна мојата Доберманка, ја фати за врат, за среќа само за кожата ја фати ... и ја стегна вилицата и немаше шанси да пушти.
Бевме друштво од 7 луѓе, и буквално цели 5 минути без престан ја држеше за врат, никако неможевме да ја одвоиме Стафордката ... едвај ја пушти, за ова случка имам раскажувано на форумов.

За среќа, жива и здрава остана Доберманката, без никакви физички последици ... али затоа и останаа психички последици, кога порасна и стана свесна за својата моќ ... буквално го има запамтено изгледот на Стафордот и на Пит Булот, и кога и да се разминеме со една од овие 2 раси, стално си имам проблеми, целата се накострешува и ржи, и во секој момент е спремна да се одмазди на некој начин за тоа што го доживеа кога имаше 4 месеци.

А недај боже да ми налета некој пуштен Пит Бул или Стафорд и да и се доближи, тоа ќе биде масакар, буквално борба до смрт.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
981

Тешко примаат команда Пит Булите и Стафордите...Тоа куче што ја нападнало Астра најверојатно било агресивно, но и тие ако ги чуваш со љубов ќе бидат питоми...Сепак Доби е Доби!
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
Ajде да речеме не го веруваме тој текст, а ова ?
Pit bull
Си го кажав своето. Пит бул е едно, Стафорд е друго, Булдог е трето. :) Гугл има уште многу лаги да ти кажува.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
981
Или сепак не.Една од најинтелигентите раси на кучиња,само што си бара цврста рака.
Па и не би рекол дека се едни од најинтелегентните...Досега немам сретнато пит бул да се користи за било што освен за борби и за лов (во минатото). Не е официјално мерило, ама интелегентите кучиња најчесто ги зимаат во војска, полиција, царина, а таму најкористени се германски и белгиски овчар, доберман и чат пат ротвајлер
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
Па и не би рекол дека се едни од најинтелегентните...Досега немам сретнато пит бул да се користи за било што освен за борби и за лов (во минатото). Не е официјално мерило, ама интелегентите кучиња најчесто ги зимаат во војска, полиција, царина, а таму најкористени се германски и белгиски овчар, доберман и чат пат ротвајлер
https://m.facebook.com/profile.php?id=301847416635881&tsid=0.9956725025549531&source=typeahead
Stafordov znae trikovi kolku Border Koli. :)
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
452
E aj da ja spiperam i jas mandjava...... moze? Izvinete za fontot....
Za pocetnik, sekoja rasa e komplicirana... osven mozebi plisano kuce, osobeno ako ne procitale nisto za kucinja opsto i za rasata koja ja sakaat da ja zemat. Od druga strana, za luge koi dovolno dobro ja istrazile rasata i se spremni da se nafatat na odgleduvanje i dresiranje na toa kuce, rasata e nebitna. Nespremen pocetnik nema da pomine lesno ni so rotvajler ni so retriver. Inaku moe licno mislenje rotvajler e polesen za dresura od retriver. Retriverot e rabotno kuce, isto kako i erdelot, isto kako i snaucerot, isto kako i ovcarot.... rabotni kucinja ne se samo policiskite i armiskite. Prvite rasi na rabotni kucinja bile lovnite a instinktot za lov e tokmu toa sto se bara od rabotno/sluzbeno kuce denes. Za buldozite jas mislam deka baegi ste greska, ne se trapavi, nitu tvrdoglavi, nitu pak se teski za dresura. Vsusnost nema rasi sto se teski za dresura, ima samo rasi koi znaeme i koi ne znaeme da gi izdresirame i zatoa ima dreseri i "dreseri". Fizickata sila kaj propisno dresirano i socijalizirano kuce ne znaci ama bas nisto, isto kako i rasata. Isto i pitbulite, tolku se inteligentni i zelni za rabota sto ne e nikakvo merilo kako se koristat za toa sto se sposobni da napravat i naucat. Toa e isto kako i labradorite - toa sto denes se isklucivo koristeni kako semejni milenici ne gi pravi pomalku rabotni lovecki kucinja i ovie rasi seuste polagaat rabotni ispiti za da bidat sampioni na izlozbi vo mnogu zemji. Primer videte go samo rasporedot na rabotni ispiti na kinoloskiot sojuz vo srbija za lovnite vidovi na rasi. Niedna rasa ne bara cvrsta raka, bara samo malku svesno razmisluvanje. Problemot so "tvrdoglavite" rasi koi "ne primaat dresura" e sto toj sto se nafatil da gi dresira ocekuva site kucinja isto da se odnesuvaat, pa koga ne uspeva komandata mesto da se razmisli sto pravi dreserot pogresno vednas se odi na " ne go biva kucevo" Vo poslednava godinaipol sme imale prosecno po edne sesija na dresura mesecno i toa od skolo za kucenca, do opsta poslusnost za kucinja i eden na eden dresura za vozrasni kucinja i toa so sekakvi rasi, od dogi do si-cu do rotvajleri i buldozi i site se dresiraat so pozitivna dresura i bez tie "dominantost" gluposti i niedno kuce ne padnalo na casovite i koga i da se vratat kaj nas i posle poveke od godina se najnormalni i najkulturni kucinja. I toa samiot sopstvenik si raboti so kuceto, samo ednas nedelno ima casovi za novi komandi.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
На болдираново не да се изнасмеав. @Lu, го памтиш муабетот од вчера, нели? И на форумов ги имало. :icon_lol: Ај, да не бидам оф топик, Ретриверите не се создадени за работни кучиња, како рот или доби. Ретривери се ретривери, ловџииски кучиња. Работни кучиња ако гледаме вака се сите кучиња со голем раст работни кучиња. :rolleyes: И Ерделите се користеле за работни кучиња, тие се први кучиња кои ги внеле во полицијата И армијата, а се создадени да ловат риби, патки, видри, зајци и други животни.
Лабрадорот не бил работен пес :LOL::LOL::LOL::LOL:( не се лути али ептен се насмеав :D )
Девојче, очигледно не си запознаена добро со терминот работни кучиња. :D Лабрадорот е и те како работна раса, самиот стандард бара од неа да има работен испит за да може да добие сертификат за интернационален шампион. Во некои земји за шампионат се бара положен работен испит. Или сите мислите дека само ИПО е работен испит :D луѓе приземјете се малку и информирајте се. Лабрадорот и ден денес се користи во полицијата, како куче трагач на дрога, бомби итн. Да не зборувам за другата работа како куче водич.

И да се разбереме, овчарите не се бираат во војската поради својата интелигенција, туку поради друга работа.
 
Ne me razbra. Originalno ne se sluzhbeni ili rabotni rasi, tuku retriveri, inaku znam deka namirisuvaat bombi i droga. Eve i Erdelite se rabotni kuchinja, prvi policiski kuchinja i prvi kuchinja vo vojskata se. Sega se dresiraat i za kuchinja pomoshnici, vodichi, a ima i nekoi Erdeli shto ostanale vo policija. No, sepak sozdadeni se za lov na vidri, ribi, zajci, staorci i sl.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
Ne me razbra. Originalno ne se sluzhbeni ili rabotni rasi, tuku retriveri, inaku znam deka namirisuvaat bombi i droga. Eve i Erdelite se rabotni kuchinja, prvi policiski kuchinja i prvi kuchinja vo vojskata se. Sega se dresiraat i za kuchinja pomoshnici, vodichi, a ima i nekoi Erdeli shto ostanale vo policija. No, sepak sozdadeni se za lov na vidri, ribi, zajci, staorci i sl.
Ти не разбираш, работен пес е работен пес, нема врска за што е создаден. И ловот е работа. Кај ретриверите се прават работни испити и т.н. испити на вродени способности. Со самото тоа што учествуваат во полицијата тие се и службени раси. Не го сфаќај поимот работно куче само куче што го користи полицијата во патрола. Грешно ти е гледиштето.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.532
Поени од реакции
4.492
Работни кучиња е широк поим. Сите што извршуваат некаква задача се работни. Службени кучиња се тие кучиња што се во воена и полициска служба тие можат да имаат намена чувари на територија и кучиња за акција тие за акција се дресирани за напад одбрана (оноа на ракав). Кучиња трагачи се исто така работни кучиња ама не и службени значи трагаат по експлозивни направи, оружје, дрога. Ловните раси односно ловната кинологија е сосема нешто друга иако и тие кучиња донекаде се работни. Ако гледаме по некоја хиерархија ловните раси и овчарските и говедарските раси се на исто мерило вредни, корисни и работни.[DOUBLEPOST=1435233947][/DOUBLEPOST]Заборавив да ги споменам и новите категории на работни кучиња водачи на слепи лица и помагачи при елементарни несреќи.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
452
Tocno, sega malku se razjasnuvaat rabotite. Ne e isto rabotno i sluzbeno kuce. Prvite rabotni kucinja bile buldozite i terierite na primer i gonicite, onosno pomosni kucinja za rabota na farmite i za lov. Obicno koga velime sluzbeno kuce prvo na sto pomisluvame e policisko kuce. Ama ne e taka. Na primer, rotvajlerot i GO odsekogas bile rabotni kucinja, a deneska ako otides vo germanija odgleduvacite aktivno gi koristat za nivnata originalna funkcija - da cuvaat stada na domasni zivotni. Toa im bila originalnata rabotna uloga, duri vo 20 tiot vek kucinja se koristat aktivno vo vojskata i policijata za rabota. Na primer i haskata i malamutot - tie "tvrdoglavite" se rabotni kucinja! Funkcijata im e da vlecat sanki. Rabotni kucinja ili rasi se site onie sto se sozdadeni za da imaat nekakva funkcija. Sluzbeni kucinja ne se samo tie za odbrana i napad, sluzbeni se i tragaci - za eksplozivi, droga, luge, hrana itn... pa imas vodici za slepi, kucinja sto pomagaat na zaboleni, se se toa sluzbeni kucinja.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
Или во превод:
работно куче=скоро секое куче(овчар, апортер, ловен придружник итн)
службено куче=куче што е ,,вработено,, во некоја служба(полиција, војска, болници-за помош на слепи, за дечиња со посебни потреби итн)
 
На врв Bottom