Почитувам Ротвајлер и Доберман е и мојот првенствен избор, но сакам да учам од сите раси и за сите раси... За случајот за Булдог ке ти кажам дека едноставно има и луѓе кои се дебели, мрзеливи, неактивни а се многу многу интелигентни... Не се мерило тестовите не се ни доказ само ние луѓето бараме црно на бело се за да ни биде јасно пред очи зошто несакаме да откриваме суштински. П.С. Не мое кучето на мои роднини е.
ОК тоа е твој став, јас си имам мој став, и не планирам да се натегаме во понатамошна дискусија околу Англискиот Булдог, ионака не ми се ни дискутира за таа раса.
Што е со аргентинската дога? Зошто НЕ? Како би ја опишала
Накусо Догото Аргентино би го опишала вака ... генерално таа раса е создадена да биде ловец.
Примерната намена на расата, кога ја создале во Аргентина, била за да се користи за лов на диви свињи.
И сеуште Догото Аргентино го користат за лов на диви свињи.
Карактерно се премногу храбри и безстрашни кучиња ... токму таков карактер како што му доликува на еден ловец на диви свињи.
Премногу се снажни, како што знам, Догото Аргентино е куче со најмногу мускулна маса ... експлозивна моќ имаат.
Исто така, карактерно за дресура се потешки, сепак малце е потешко е да се контролираат ловечките гени во урбана средина.
И најголем проблем мене би ми било снагата што ја имаат.
Јас мојата 40 килска Доберманка едвај ја додржувам (ѕверкава што ми е на аватар е мојата
), буквално некогаш со сета сила ја држам и едвај успевам да ја додржам, сведоци ми се на форумов луѓето што ме знаат и ми ја знаат Доберманката, баш пред 2 дена бевме собрани во парк повеќе членови од форумов со кучињата, и они можат да потврдат колку ми беше тешко и напорно во некои ситуации да ја задржам Доберманката.
Снага е тоа луѓе, чиста мускулна маса ... јас не би можела да се носам со Дого Аргентино кое што има уште поголема снага од Доберманот ... бидејќи ако ме потегне Дого Аргентино од 50 кила, има да летам како пердувче, исто ко другарка ми што лета понекад кога го шета Догото Аргентино
И
@ZeenaK9 буквално скијаше кога беше кај мене на викендица, кога бевме собрани друштво кај мене, меѓу кои беше и другарка ми со Догото Аргентино,
@ZeenaK9 неможеше да ја задржи, буквално летна сосе Догото, да не ја пуштеше од поводникот, буквално на земја ќе се влечеше.
Затоа и не го прифатив подарокот од другар ми, не е Дого Аргентино за мене.
ПС. Еве и еден клип, во кој што точно се гледа нивниот моќен и самоуверен карактер ... не се мисли, одма иде директива во „акција“
од 2:25 па до крај гледај.