"Комплицирани" раси како први кучиња

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.268
Од кај сега пит бул со поцврст карактер? Ај земи пинч или пекинезер издресирај ако можеш :P
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
452
Epa toa bese prethodno muabetot, ako ne znaes da go izdresiras, ne e kuceto krivo, a sekako ne e "tvrdoglavo" :lut:[DOUBLEPOST=1435238896][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.526
Поени од реакции
4.491
Uluru не се согласувам дека првите работни кучиња биле Булдозите односно и дека воопште некогаш биле работни кучиња. Можда биле чувари на домот повеке не. Bull Dog значи Бик куче името го добиле затоа што се прославиле со атракцијата која ја нуделе поточно ги пуштале булдозите зборувам за (класичниот англиски булдог) на бикови за да се борат. Главната атракција била кога Булдогот ке се закачи на њушката на бикот и ке го угуши до смрт... Прва и званична раса за борби се Англиските Булдози што е навистина далеку од било каква категорија работно куче. Никаде нема спомнувано дека се користеле за било каква работа. Иначе сите други понатамошни званично создадени за борби раси потекнуваат од Булдог али тоа веке не е во склоп со целта на темава.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
452
Naprotiv, bas e vo sklop na temata :) Koga zboruvame za buldogot kako rabotna rasa, ne zboruvame za modnata nakaza koja e stvorena vo poslednive100 godini. Buldogot bil rabotna rasa uste pred mnogu drugi rabotni rasi i da bidat sozdadeni i da kako sto kazav i pak ke kazam prvite rabotni rasi sluzele za rabota po farmite, za cuvanje, za lov.... i tie se osnova za denesnite rabotni rasi bidejki uste odtogas bile sozdavani so specificna funkcija vo predvid. Ako ja istrazis povnimatelno istorijata na angliskiot buldog ke vidis deka gresis.Ti zboruvas za "bull baiting" sto prvenstveno se smetalo za potreba - se smetalo deka mesoto od takvite goveda bilo povkusno, no uste pred toa,tie rabotele na farmite kontrolirajki goveda pa zatoa i nivniot izgled - predgriz za polesno da zagrizaat, brcki na nosot za da ne im odi krvta vo ocite, hrabrost i upornost bidejki bikovite i divite svinji gi bodele i krevale vo vozduh na rogovite - a tie kucinja trebale uporno da se vrakjaat i da ja dovrsat rabotata i pokraj bolka i povredi. I ne se prva borbena rasa - prvite "pit" kucinja se mesavina od buldg i terier bidejki buldozite ne gi smetale za dovolno agilni i agresivni za borba. Mnogu drugi rabotni rasi poteknuvaat od buldogot, najveke zaradi negovite karakterni osobini. I ne se toa samo rasite koi vo imeto imaat "bul" Na primer dali znaes deka bokserot e sluzbeno kuce? I dali znas deka poteknuva od buldogot?
 
Боксерите ми се една од омилените раси ама нема да бидам пистрасен реално да гледаме се неофицијални работни кучиња. Многу ретко ги дресираат за напад на ракав (напад одбрана). Реално се слаби чувари а работниот инстикт според мене е повеке дело на Буленбеизерот одколку на Англискиот Булдог. За Бул а подоцна и Пит расите заборави да напишеш дека се внимавало на развиток на голема њушка за кога ке го држат пленот да можат да дишат полесно. А иначе сите раси за борби се направени од Англискиот Булдог кога со закон се забранети јавни настани со борби со кучиња во Англија па го мешаат стариот А. Булдог со Англискиот бел териер и настанува А. Бул Териер кој можеле да го користат за борби во подрумите. Итн. итн.
 
OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.257
Поени од реакции
3.074
Пред неколку дена имав чест да запознаам сопственик на Тера Нова куче и сфатив дека е многу комплицирана раса на кучиња, според кажувањето на сопственикот. Ако живеете во рурална средина тогаш е ок, но ретко кој живее таму. Во градска средина е скоро невозможно, прво ради големината - им треба огромен простор, па сезона на митарење, човеков вика од толку влакна теписон можеш да исткаиш, за карактерот вика дека се многу питоми, не претставуваат никаква опасност, агресивност - 0. Треба да се има исто така и длабок џеб.
Ама сепак некогаш и некаде би имал вакво куче. Ми седна во скут и по 10 секунди почнав да не ги чувствувам нозете. Кучето имаше 70 и нешто кила. Просечна тежина на еден возрасен човек.
И заборавив да напоменам, тешко им е ради тоа крзно во летните горештини. Сакаат покрај огромниот простор и едно базенче со ладна вода. И ги сфаќам.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
452
Ne zaboraviv, samo mislam deka nema potreba da pisuvam referati za nesto sto moze podetalno da go istrazi i procita sekoj koj poveke se interesira za rasata. Golemata mucka - mislis spleskana, e isklucivo osobina na buldozite i zatoa imaat i predgriz :) Ne velam deka ne se predci na pit rasite no imalo pricina zosto gi vkrstile so terierite, kako i sto kazav prethodno. Bokserite se oficijalna sluzbena rasa, toa sto vojskata i policijata koristi GO i BO, ne gi pravi bokserite pomalku sluzbena rasa, seuste rasata se stremi da bide karakterni i fizicki funkcionalna za namenata za koja e sozdadena. Sto misllis, zosto denes ima ocigledna razlika pomegju germanskite i amerikanskite ll=inii na GO? Ako za edna rasa se fokusirame na edna osobina karakterna ili fizicka, a go zanemarime ostatokot, rasata neminovno ke se promeni, pri sto nekoi bitni odliki moze da se izgubat za samo nekolku generacii. No seto toa ne go menuva faktot deka se raboti za rabotna rasa, (buldogot) koja postoella kako takva nekoi dobri 400 godini (postojat zapisi za tipicni buldozi uste os 1600 i nekoja godina) koja vo poslednive 100-150 godini e premodelirana vo nesto so drug izglled. Taka da iako denesniot buldog, ne lici na rabotno kuce, seuste gi ima karakternite osobini na negoviot rsboten predok. Ottuka izleguva deka buldozite se "tvrdoglavi" i "ne primaat dresura" Istoto e slucaj so mnogu denesni rasi, osobeno starite rasi koi bile i do denes ostanuvaat rabotni. Poentava ne mi e da cepidlacime za poedini rasi, tuku deka ubavinata na starite rabotni rasi e sto nivnata inteligencija, osobini i prilagodlivost - na primer ovcarskite rasi stanale odlicni sluzbeni rasi :toe:
@OmarSpears Tera nova - njufaundlend?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
Иако цврсто стоев на ставот дека одредени раси за кучиња не се за почетници (сеуште би го рекла истото, зависи од луѓето нели), мене ми се покажа сосема спротивното.
Прво куче ми беше ротвајлер и немав никаков проблем со контола врз истото.
Второ куче ми е пинч и е немогучи, би го мењала за 10 ротвајлери инстантно :D
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
14
Што мислите за за среден шнауцер како прво куче?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.526
Поени од реакции
4.491
Одлично Рики расата си е супер и мислам дека не би била некој поголем проблем е сега шнауцерите се слични по крв и нарав на териерите така од мала возраст мораш да наметнеш многу авторитет али тоа е така и за сите раси. Мое мислење е дека не е проблем изборот.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
Боксерите ми се една од омилените раси ама нема да бидам пистрасен реално да гледаме се неофицијални работни кучиња. Многу ретко ги дресираат за напад на ракав (напад одбрана).
Ова сега го гледам и морам да се надоврзам. За тоа дека не се работат многу грешиш. Да добиеш германски шампион во матичната земја е мноогу тешко. Во светот денес мислам дека само едно куче(за сигурно знам за него) ја има добиена таа титула(ако си чул za Uros v.d.Burgsingidunum). Тестирањето на тој мажјак трае со години, дел од тоа е германскиот ZTP не знам дали си запознаен но прелистај. ZTP е спој на тестирање на здравјето, конформација(или изложбите што се) и темпераментот. За здравје мислам дека бараат дисплазија, спондилоза и испитување на срцето бидејќи боксерот е склон на аортна стеноза. На крај, се постои progeny тест во превод тестирање на потомството што го дал. За да кучето биде прогласено за најдобро, постојат правила какви резултати треба да имаат неговите потомци.

ZTP е потребен за кучето да добие дозвола за приплод.
Да скратам, тоа е една од најстрогите селекции што јас сум ги чула.
 
Член од
18 мај 2015
Мислења
40
Поени од реакции
27
Стојам на тоа дека нема генерално правило кое куче е за почетници, а кое не е.

Се ама, буквално се зависи од газдата, од човекот, неговиот ритам на живот и дали ќе биде АЛФА или не.

Јас имам бигл (7 месеци), пред да го купам, имаш многу лоши коментари за прво куче, како на пример, многу се енергични, тврдоглави, многу лаат, завиваат и никогаш не смееш да ги пушташ од ланец или или во не заградена област, не се за во стан и слично. СЕ ТОА Е ТОЧНО !
За да излеземе на крај со него (и јас и жена ми), 2-3 пати неделно мора некој да го шета (не мислам на кратка прошетка, шетање од по неколку саати или трчање), секоја тврдоглавост да се казнува и послушност да се наградува, лае само кога е сам (работам уште на тоа), во станот се удавивме во влакна (секој ден правосмукалка и не помага), само 2 пати до сега во шума го имам пуштено од ланец сам да трча...

Пред да го купам знаев што ме чека, сега го правам тоа што сум се обрзал дека ќе го правам и на крај од денот имам најверен пријател во мојот живот.
 
Епа со последната реченица ти всушност потврди дека постои тоа некое непишано правило. Малку луѓе се едуцираат пред да земат одредена раса, најчесто е поради изгледот. Повеќето од нив не си ја сфаќаат работата сериозно и се опуштаат па кога миленикот не ги слуша, се плачат.

Се е до сопственикот секогаш, но не е исто да научиш лабрадор да речеме и бигл. Факт е дека лабрадорот е раса која доста едноставно може да се стави под контрола за разлика од биглот. Нормално, исклучоците се присутни, но не се релевантно за онаа bigger picture. Браво за упорноста во секој случај.
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
14
Токму така SaltNPepa и Chorbikj. Ако не се подпрочиташ нешто барем за основните работи за одржување, социјализација и алфа статусот, ќе си имаш страшни проблеми со самото куче и со луѓето околу тебе, почнувајки од твоите најблиски. Исто и јас читав 2-3 години, претежно од тука, а понешто и од други места за да дојдам до мојот идеален миленик. Сега сум со Хана (3,5 месечна средна шнауцерка) и веќе се навикнавме на основните работи. Бидејки сум во стан малку е потешко одколку во куќа со двор, ама се е навика. Малку е тврдоглава (типично за шнауцери), ама со правилно поставување на хиерархија се е под контрола сега за сега. Мислам само да се запази алфа статусот од самиот почеток на доаѓањето во домот и се е после полесно.
 
На врв Bottom