Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.941
Поени од реакции
23.375
што се запнавте за месарот. крива е таа пуфлата пред венко што бара преку леб погача.
каде пиши и од кога е правило дека саламата која се сече треба да биде наредена под конец. ај да пиши па да се буни, ама дека и прднало неа неебана од сабајле и сите и се криви.
месарот и со тоа ниво на култура кое го имал правилно постапил, му ја препуштил препотентната муштеривка на колешката оти во спротивно тие саламите во газот ке му ги напикаше. и то со смеење пошто така шефот барал. секогаш насмеан со муштериите. тие нека се ѕверат ти смејму се. ке испадниш ненормален.
е сега иди делот со венко и келнерот. овај убеден дека венко цела ситуација ја прател и нормално човечки е да го оправда( јас би го оправдал во секој случај), ама венко како некоја пичка се скрил зад рафтот. интелектуално и на ниво нема што. ако ништо друго можеше во лице да му кажи не ме интерсира или така нешто, но не му ја дувна зад рафтот. па после како жените на сред село ја споделил неговата авантура со според него инферирона личност која нема завршено колку тој. е па венко џабе имаш мозок ако не знаеш да го користиш, некој и со основно се на повисоко скалило од тебе. тоа само кажува за интелегенцијата која ја имаш или ја немаш, па ако сакаш не една пет магистратури имај.
п.с е после ке ви плукале во кафето келнерите, за месарите нејкам ни да знам што прават кога се револтирани. а најдобро од се кога истото кафе со смеење ке ви го донеат. дека така рекол шефот. и сите среќни и весели. шефот дека работникот го послушал и се смее како зелен цело време, вработениот си го искажал револтот , муштеријата си го добил тоа што го барал а насмевката гратис му иди. што ти се вика демократија.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Чиста среќа имало уште една вработена инаку колумната на Венко ќе беше посветена на "една досадна новопечена богаташка која ми го фати редот" а откако ќе дојдеше на ред он ќе го замараше месарот со тоа колку била досадна претходната купувачка.
Уште еднаш прочитав и мислам дека Венко заборавил дека треба да напише колумна па брзо составил текст без да размисли. Како и да е колумната е без поента и по малку навредлива, затоа би било ок во некоја следна колумна некако од околу (писателски) да се извини. Инаку некој рече хејтање, јас не реков дека Венко не го признавам за писател или дека станал кретен(напротив мислам дека е ретко успешен писател), ама колумнава му е колумненици.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Јас и ти очигледно исто мислиме, само на различна страна сме. Читам колумни, па дури и пишувам. И јас може да се најдам среде ваква расправа. Колумната е став и треба да постои како таква. Јас со тебе расправам за субјективноста. Ти го поставив прашањето: Како може преку колумнистот да судиш за човек за кој пишува во колумната, а не го ни познаваш? Ова ми е сосем неочекувана релација, дури ни јас ни на сон не би очекувала заради тоа што сум осудила некого за нешто во колумна, читателот да го осуди за истото. Ако мене ми се обраќаш со она : "Докажи дека Венко не е во право", јас би ти го рекла спротивното, докажи дека е во право. И токму тука лежи штосот. Човекот не го знаеме ни јас ни ти. Па чуму тогаш осудување кон него?
Јас ќе го осудам месаротот со кој јас имав слично искуство, и ова искрено кажувам, на 31 декември во 7 саат барајќи пилешки стек ко без глава низ град. И цело време дур го вреѓам месарот мислам на тој, голем поздрав до него.
Ти можеш да го осудиш сељакот конобар што не ти донел вода пошо за неа не плаќаш.
Месаров е пример за илјадници такви случаи и сите сме имале искуство со нив, колумна е, се осудува профил на човек, и типчево се вклопува во профилот.
Ти можеш да се сложиш со Венко дека такви луѓе има или да тврдиш дека нема, а јас можам да бидам убедена дека и овој е таков. Не е толку битен тој месар со единствена лична карта.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ете уште една скопска, ако не и македонска легенда - Тетовираниот Лигуш, супер анти-херој на нашето просечно секојдневие во кој многумина од нас можат, ако сакаат, да се видат. Него настрана лигушот со тетоважите, наградните игри и упадот во нечија интима. Мене нешто друго ми се виде интересно во колумната:

Или живееме во еден тивок малограѓански неокомунизам (извини комунизму што те навредувам!), кој се сведува на обичен бандитизам – да се грабне туѓото на најбесрамен начин, без да се заслужува. Туѓа плата, туѓа кола, туѓа позиција, туѓо работно место или туѓа жена – сеедно.

Меѓу многуте туѓи нешта што на најбесрамен начин некој може да ги грабне од својот ближен, освен платата, колата и позицијата, Венко на крајот од реченицата, како последна, но не и најмалку важна меѓу наброените работи што човек може да ги поседува, ја додава и жената :)
Сеедно...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Ќе излезе сега професорот на ТВ и ќе рече: Се зезав бе луѓе, се зезав. :D
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас ќе го осудам месаротот со кој јас имав слично искуство, и ова искрено кажувам, на 31 декември во 7 саат барајќи пилешки стек ко без глава низ град. И цело време дур го вреѓам месарот мислам на тој, голем поздрав до него.
Ти можеш да го осудиш сељакот конобар што не ти донел вода пошо за неа не плаќаш.
Месаров е пример за илјадници такви случаи и сите сме имале искуство со нив, колумна е, се осудува профил на човек, и типчево се вклопува во профилот.
Ти можеш да се сложиш со Венко дека такви луѓе има или да тврдиш дека нема, а јас можам да бидам убедена дека и овој е таков. Не е толку битен тој месар со единствена лична карта.
Сељакот конобар, тетовираниот лигуш... следно што е шупакот таксист? Продолжи ја низата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
A уствари ја не сватив ...од што му се згадило на Венчета..?

1. Од месарот што не и ги наредил саламите на пуфлата?
2. Од голата рака на месарот на која имало тетоважа?
3. Тоа што ја оговарал госпожата..?
4. Што се жалел на малата плата и лошата работа ?
5.Криво му било што он имал мала плата
6. Што Сдсм не е на власт?
7. Или што ВМРО е на власт?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Јас ќе го осудам месаротот со кој јас имав слично искуство, и ова искрено кажувам, на 31 декември во 7 саат барајќи пилешки стек ко без глава низ град. И цело време дур го вреѓам месарот мислам на тој, голем поздрав до него.
Ти можеш да го осудиш сељакот конобар што не ти донел вода пошо за неа не плаќаш.
Месаров е пример за илјадници такви случаи и сите сме имале искуство со нив, колумна е, се осудува профил на човек, и типчево се вклопува во профилот.
Ти можеш да се сложиш со Венко дека такви луѓе има или да тврдиш дека нема, а јас можам да бидам убедена дека и овој е таков. Не е толку битен тој месар со единствена лична карта.
Добра организација на време, особено ако е 7 навечер.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Тежок сарказам ми се чини за да побуди лавина реакции (шо и ја постигна) околу тоа кои вредности се на цена у проколнатава ни државичка. Мене ме замисли, воопшто не ме изнервира.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Сељакот конобар, тетовираниот лигуш... следно што е шупакот таксист? Продолжи ја низата.
А да, заборавив дека овде мајки терези бранат некултурна раја Тоа се вика пример, ти како пишуваш колумна? Ко теоретски учебник?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Колумната во Нова Македонија 2012 година

„Типичен менталитет на Балканот кај сите продавачи, таксисти, службеници – си тераат приватен муабет со клиентите како со нив да израснале, па дури бараат и пресуда во нивна полза ако овие биле сведок на некаков нивен конфликт.“

Колумна во Утрински весник објавена 2008 година

На промоцијата ме вози таксист. Пријатно момче. Вели дека ќе ја напушти Македонија во рок од петнаесет дена. Се вратил пред една година од Германија, купил најубав автомобил, се пријавил во најдобра такси-компанија, ама пак ќе си оди. "Од ова држава не бидува", вели. "Прост народ, глупави политичари". Полицајци се изживувале вербално врз него затоа што со вклучени четири трепкачи застанал кај "Дрво-декор" за муштеријата да купи весници (купувањето весници траело 60 секунди). Значи, не за да купи дрога, туку информации. Не кажува колку евра била казната. Конечно, се чувствува слободен да ме праша каде одам. Му велам: одам да кажам дека Кокино е прогласена за четврта мегалитска опсерваторија на светот. И дека постоела 1.800 години пред Христа. Ме гледа со цинична насмевка. Вели: можеби Македонија некогаш била четврта во светот, но сега е последна. Ако не може полицијата да го почека 60 секунди муштеријата, од кој јас вадам само СУВ леб, тогаш Македонија не заслужува да биде толку стара.“

 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
И Венко и Месарот ја имаат промашено адресата за барање за покачување на плата, а може да се каже дека и најголемиот број на луѓе што работат, своите фустрации од работа ги истресуваат на погрешна адреса.
До душа Венко ја има промашено поентата, тој како и месарот неговата поента е како тој може повеќе да бара од универзитетски професор а месар и тоа обично работник, не ниту газда на месарата.
Кај нас секогаш е така, фустрациите од работа се делат секаде, ама не само таму каде што треба пред шефот. Да би бил на местото на Венко би го повикал шефот или менаџерот на самопослугата и би му рекол дека сака дечкото да ти каже нешто во врска со работата односно дека сака плата од 40.000 денари.
Такви сме ние Македончињата, ако нешто не ни чини, цел свет знае освен тој што треба.
и за крај
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Се фати за она мали м? На малодушност се однесуваше, да расчистам секаква инсинуација и вадење од контекст.
Aко де, така и го разбрав. Значи, за да нема инсинуации и вадење од контекст, ти тврдиш дека постојат луѓе целосно чисти од малодушност, а колумната на Венко ти ја срушила претставата за него како човек? Тогаш моја претпоставка е дека првично го преценуваш човекот, за потоа оправдано пред народијата да го критикуваш. Ако. И тоа е човечки.
Луѓе живеат од идолизација, од претпоставки, од очекувања. Твоите се срушиле и тебе тоа те погодило. Дали твоите очекувања за тоа како некој треба да се однесува, твојот морален компас, вкус, стандарди се релевантни, нема да навлегувам. Но ќе се задржам баш на моментот кога луѓето си градат претстава за нешто туѓо, за тоа какво тоа туѓо нешто треба да биде, како треба да изгледа, кое треба да му биде нивото...за потоа, кога таа претстава ќе им се сруши, тие веднаш скокаат во напад и удираат со сите средства кон тоа туѓо нешто оти не им е по ќеиф. Луѓе виселе оти не ги исполниле очекувањата на царот, на феудалецот, или во модерниве времиња, на народијата. Не ги оживотвориле нивните себични фантазии и нивните проекции. Во модерниве времиња казната можеби не е дефакто смрт, туку јавна осуда, бојкот, тужба...
Чист пример за малодушност. Ти како фан на Холивуд треба совршено добро да ми ја сфатиш поентата.

Целиот пост ти е една голема претпоставка. Може да ја тегнеме на која сакаш страна, ама во никој случај нема да ја поистоветам ситуацијата на Венко со онаа на тетовираниот лигуш ( не му го знам името, нити па Венко му го знае). Истовремено не постои начин да ја поистоветам фрустрацијата на едниот со онаа на другиот. Оти се различни. Само зашто зборот фрустрација е еден, не значи дека коренот му е ист. Овде имате една страна, Венко. За другата сте добиле информации повторно преку него. Тој ви е правец и катализатор во случајов. Ти Разиел на пример, немаш поим дали месарот го вработил чичко му, ама го пишуваш тоа. На слепа претпоставка став не се гради.
Тогаш очекувам да ми ја дебукнираш основната поента на постот дека колумната е одличен израз на човечноста, со сите свои добри или (во случајов поизразени) лоши страни. Ставот кој го изградив преку метафори, параболи, хиперболизации беше осврт на дадениот материјал и фрустрациите на Венко (кои се провејуваат низ колумната), беа објаснети како сосем нормални. Фрустрациите на читателот од колумната за мене се производ на очекувања и идолизација, со малициозна цел на секој кој има малку позамашна биографија и успех на одредено поле, на првиот лапсус да му се лепат рогови и да биде сатанизиран. Да не ти набројувам примери, ти си фан на Холивуд, сигурно и самата си ги среќавала.

Место да решиш проблемот што те мачи на лице место, си ќутиш кукавички и после дрпај пари за фрустрацијата. Фејл.

Како да го реши проблемот? Да му се обрати пристојно, на ниво кое му прилега на еден професор? Изгледа ич не ми ја разбра поентата со себевреднувањето како неопходно за напредокот и психофизичкиот развој на луѓето. Кога ми дојде мене мајстор дома и почна да ми објаснува за Ниче додека ја поправаше печката, сакав или да му ја земам тоа клештата од раце и гркланот да му откорнам за никогаш веќе уста да не отвори, или пак да му објаснам дека не го разбрал Ниче, ниту па го прочитал асално. За првото затвор се лежи, за второто осетив дека нема да добијам задоволителна реакција оти типов колку и да е глуп, дома на вакви фрази жена му најверојатно се пали и мисли дека он е интелект, па баталив. Си поќутев. Оти бе да се леснам на идиотов кога можам комотно да си се уклучам на форум и да и реплицирам на рокенрола, она бар е писмено дете и ќе се разбереме, ем и фрустрациите ќе си ги излечиме низ маскирана куртоазија.
Некои луѓе нејќат така, па отвараат блогови, пишуваат колумни. Некои и пари земаат за таа работа. Ти, на пример, како фан на Холивуд, најдобро знаеш што значи поимот дрпање пари од човечката глупост и примитивните пориви.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А да, заборавив дека овде мајки терези бранат некултурна раја Тоа се вика пример, ти како пишуваш колумна? Ко теоретски учебник?
:pos: Е да си ми жива и здрава ме изнасмеа. Работава кој е понекултурен. Пристоен е човек кој користи термин истетовираш лигуш, некултурна раја е човек што озборува. Нерешено.:icon_lol:
Јас вакви примери не користам. Ама слобода на изразување, пеки, може кој сака да си ги користи.
--- надополнето: 5 април 2012 во 23:12 ---
Aко де, така и го разбрав. Значи, за да нема инсинуации и вадење од контекст, ти тврдиш дека постојат луѓе целосно чисти од малодушност, а колумната на Венко ти ја срушила претставата за него како човек? Тогаш моја претпоставка е дека првично го преценуваш човекот, за потоа оправдано пред народијата да го критикуваш. Ако. И тоа е човечки.
Луѓе живеат од идолизација, од претпоставки, од очекувања. Твоите се срушиле и тебе тоа те погодило. Дали твоите очекувања за тоа како некој треба да се однесува, твојот морален компас, вкус, стандарди се релевантни, нема да навлегувам. Но ќе се задржам баш на моментот кога луѓето си градат претстава за нешто туѓо, за тоа какво тоа туѓо нешто треба да биде, како треба да изгледа, кое треба да му биде нивото...за потоа, кога таа претстава ќе им се сруши, тие веднаш скокаат во напад и удираат со сите средства кон тоа туѓо нешто оти не им е по ќеиф. Луѓе виселе оти не ги исполниле очекувањата на царот, на феудалецот, или во модерниве времиња, на народијата. Не ги оживотвориле нивните себични фантазии и нивните проекции. Во модерниве времиња казната можеби не е дефакто смрт, туку јавна осуда, бојкот, тужба...
Чист пример за малодушност. Ти како фан на Холивуд треба совршено добро да ми ја сфатиш поентата.

Тогаш очекувам да ми ја дебукнираш основната поента на постот дека колумната е одличен израз на човечноста, со сите свои добри или (во случајов поизразени) лоши страни. Ставот кој го изградив преку метафори, параболи, хиперболизации беше осврт на дадениот материјал и фрустрациите на Венко (кои се провејуваат низ колумната), беа објаснети како сосем нормални. Фрустрациите на читателот од колумната за мене се производ на очекувања и идолизација, со малициозна цел на секој кој има малку позамашна биографија и успех на одредено поле, на првиот лапсус да му се лепат рогови и да биде сатанизиран. Да не ти набројувам примери, ти си фан на Холивуд, сигурно и самата си ги среќавала.

Како да го реши проблемот? Да му се обрати пристојно, на ниво кое му прилега на еден професор? Изгледа ич не ми ја разбра поентата со себевреднувањето како неопходно за напредокот и психофизичкиот развој на луѓето. Кога ми дојде мене мајстор дома и почна да ми објаснува за Ниче додека ја поправаше печката, сакав или да му ја земам тоа клештата од раце и гркланот да му откорнам за никогаш веќе уста да не отвори, или пак да му објаснам дека не го разбрал Ниче, ниту па го прочитал асално. За првото затвор се лежи, за второто осетив дека нема да добијам задоволителна реакција оти типов колку и да е глуп, дома на вакви фрази жена му најверојатно се пали и мисли дека он е интелект, па баталив. Си поќутев. Оти бе да се леснам на идиотов кога можам комотно да си се уклучам на форум и да и реплицирам на рокенрола, она бар е писмено дете и ќе се разбереме, ем и фрустрациите ќе си ги излечиме низ маскирана куртоазија.
Некои луѓе нејќат така, па отвараат блогови, пишуваат колумни. Некои и пари земаат за таа работа. Ти, на пример, како фан на Холивуд, најдобро знаеш што значи поимот дрпање пари од човечката глупост и примитивните пориви.
Далеку било Венко да го идолизирам. Останува мистерија од каде го протолкува тоа, а можеше многу упростено да утврдиш дека не ми се допаѓа неговата постапка од човечка страна, нешто што многу просто и ти го кажувам. Може да пишуваме од јутра до сутра со хиперболи, проблемот е едноставен, решението многу лошо изведено. Како да реши проблем со обичен муабет кој не му одговара? Како да станува збор за деактивирање нуклеарен реактор секако. Бидејќи проблемот е многу сложен.

Нема потреба постовите да зафаќаат четири листа А4 формат за да се разбереме. Или на ова твоето:

Фрустрациите на читателот од колумната за мене се производ на очекувања и идолизација, со малициозна цел на секој кој има малку позамашна биографија и успех на одредено поле, на првиот лапсус да му се лепат рогови и да биде сатанизиран.

Би ти го рекла следново: Не ми е гајле дали човек е писател, лекар, таксист, кога станува збор за основно ниво на комуникација и нејзино решавање очекувам ист резултат од секого. Со доза пристојност секој од нив може да пристапи кон проблемот. Истиве изрази да ги искористел пријател за месарот и со него ќе влезев во дебата укажувајќи дека не е во право. Затоа не Разиел, Венко не ми е идол, идеал, императив, нити пак сум му градела култ. Читам што пишал и си судам за ситуацијата.

Фан на Холивуд помножено три пати. Пих поентус максимус.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Извини ама насмевката не е материјален трошок и не е никакво изговор тоа. Насмевката не чини пари туку само носи пари. Се е до менаџерот ако им рече да се смејат и бидат културни ќе бидат. Може да ги контролира шефот и ако ги фати дека не се однесуваат во ред да ги казни. Инаку не се лоши услугите во Македонија има многу земји каде земаат и Х5 пати плати па се намршетни стално. Се е до културата. Како и да е жалење на муштерии од други муштерии е недозволиво и неоправдливо и нема никаква врска со плата туку со воспитување и култура.
Менаџерот?
Најчесто и се културни и фини вработените....во првите месец,два или три, додека мотивацијата изразена во страв од отпуштање и “шес` иљади, кој ти ги дава„ делуваат по инерција. Кога инерцијата ќе го изгуби моментумот, обично после наведениот период и чувството на добиток кога се прима платата стапува на сцена, работникот се предава на она што му останува...апатија,гнев и генерален став “матер им јебем“.
Воспитување...

Воопшто не се лоши услугите, барем во услужниот сектор во споредба со условите,примањата и целокупната ситуација, така да исклучоците кои мрчат или се мрштат секој нормален човек би требало да ги прифати како дел од целокупната слика. Не може да се чуди некој или да се лути ако отишол во Чад или Нигер и открие дека скиите и везовите кои ги донел не му вршат работа...

Јас ќе го осудам месаротот со кој јас имав слично искуство, и ова искрено кажувам, на 31 декември во 7 саат барајќи пилешки стек ко без глава низ град. И цело време дур го вреѓам месарот мислам на тој, голем поздрав до него.
Ти можеш да го осудиш сељакот конобар што не ти донел вода пошо за неа не плаќаш.
Месаров е пример за илјадници такви случаи и сите сме имале искуство со нив, колумна е, се осудува профил на човек, и типчево се вклопува во профилот.
Ти можеш да се сложиш со Венко дека такви луѓе има или да тврдиш дека нема, а јас можам да бидам убедена дека и овој е таков. Не е толку битен тој месар со единствена лична карта.
За некој што ќе окапе на работа до 20/21/22.00 за нова година (вметни рандом празници и неработни денови), сето тоа неплатено и потплатено, кој со гордост ќе си замине дома со платата со која.......
Со која може да брои овци навечер и да тренира “пронајди го најефтиното од најефтиното“ не знам како би очекувала нешто поразлично. Ако добиеш ок услуга можеш да си задоволна, ако не добиеш немаш право да осудуваш.

Бидете среќни што во овие 21 година изразот “going postal„ немало потреба да биде преведуван и објаснуван во РМ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom