- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
Во болдот сама си ја даде репликата. Исто како што младичот со истетовирана рака се обидел да се вреднува себеси преку така инфантилен чин, Венко го направил истото на начин кој можеби не му прилега на човек како него. Едниот се правел фраер и не си ја вршел работата професионално, другиот си го дозволил истиот луксуз. Едниот работел во маркет по ургенција на чичко му, а Венко има пријатели во медиумите кои му дозволуваат да напише што му душа сака.И? Тоа е доволна причина за некој јавно да го нарече дечкото истетовиран лигуш? Лигуш еј? Латас ли ја пишувал колумнава. Срамота.
Аман со овие девалвирачки муабети против таксисти, возачи на јсп, келнери, обезбедување, продавачи. Јаката македонска образована каста, па фати да мава со дрвја и камења по нив. Ако одиме така, јас досега сум вложила 17 години труд и пари во моето образование. Зар треба на женине во маркет да им се понашам ако ми заправат муабет. А со таксистиве муабетиве се најголемиот фејл. Срам ми е што народ живее во оваа земја, толку се мали, а толку малку им фали за да се направат надмени и големи.
На ова ќе следува реакција дека воопшто не е исто, дека не смееме да изедначуваме глупост на месар или продавач со глупост на професор на факултет и писател. Ако е таа реакцијата и ако се стави како првичен проблем "јавната" одговорност, тогаш јас би заклучил дека всушност вие кои тврдите оти сме сите еднакви, од старт му ја доделувате титулата на Супериорност на Венко, за потоа да го осудувате во истиот момент кога тој ќе напише зошто ја чувствува како факт и зошто му смета и го девалвира таквиот однос од продавачот.
Штом секоја професија треба во теорија да биде еднакво вреднувана, тогаш треба да постои и баланс во критиката. Во овој public outcry не видов такво нешто. Или го видов во мали дози.
Другата опција како појдовна точка за критика е онаа реалната, дека општествениот статус се зема како факт, дека луѓето со притаена дискриминација кон тие помалку платени професии, влегуваат во дебата и го критикуваат професорот, го обвинуваат за Марија Антоанета-изам, мафтаат со транспаренти за пристоен вокабулар во јавниот настап и тврдат дека колумната е баш репрезент на снобизмот, вулгарноста и "интелектуалното" отуѓување на човекот од сопствената....човечност.
На тоа јас би одговорил дека колумната на Венко е израз на човечкото, човечното во својата изворна форма. Без влакна на јазикот и без помпезни обиди за елоквенција како моите во постов.

Венко во колумната ја допре с'ржта на себевреднувањето. Покажа колку секој од нас во основните побуди е еднаков со секој друг. Дека сите подеднакво патиме од фрустрации, дека на секој од нас му смета некоја тривијалност во општеството, дека сите бараме начин да го канализираме гневот, стравот, бесот. Како што јас сакам да му ја учукам една на типот кој не престанува да зборува за неговиот камион, здивот му смрди на нешто неописливо, ловкрафтовски дури, а муабетот му смрди уште повеќе. Но, не го правам тоа. Доаѓам на форум и ти реплицирам тебе, па макар и репликава да нема многу смисла и да ја прочита некое дете, па инспирирано од мојава теорија за човечноста, да оди и да ишкрта у школо на ѕидот КУР КУР КУР КУР КУР, па да се правда пред професорот дека тоа било основен човечки порив и не треба да биде осудуван..мене ми е сеедно. Ако не ти реплицирав тебе, можеби ќе ја претепав жена ми. Или ќе ја заколев баба ми. Hypothetically.