Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Всушност можеш... и не само што можеш туку и требаш да заќутиш и на глупавиот да не му кажеш ништо.
А знаеш ли зошто? - Затоа што самата го декларираш како глупав и некултурен и токму тоа што тој е некултурен, токму неговата НЕКУЛТУРА него му дава право да вреѓа и омаловажува, а твојата КУЛТУРА ти го одзема тебе истото тоа право. Во тоа се состои разликата меѓу култура и некултура.
Да, и слабоста на здраворазумните е во тоа што тие секогаш им простуваат на другиве, а силата на другите е во тоа што тие се секогаш многу и силни.
И тука се одјавувам од темата.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.941
Поени од реакции
23.375
е ајде сега ке си ќутиме, да не можи чоек онака неформално да си почни муабет. да не треба да го прашам што има завршено па дали сме на ниво.
8 сати знајте вие колку се, ке се мрдниш. па уште и да не зборниш.
и јас пак ке прашам од кога е правило и каде е тоа запишано дека треба саламата да се нареди под конец. од кога стана тоа правило???

баш ме интересира ако пиши дека се доплаќа за услугата ако сакате саламчињата да ви бидат таква и таква дебелина поинаква од стандардната и ако сакате да ви се наредат специјално по ваш избор дали би доплатиле?
некој рече за ваши пари. демек плаќам сакам да ме услужат. вие плаќате за саламата на грамажа не на парче, и посебно не да ви ги аранжира по желба. значи ако не било нагласено тоа е само негова добра воља и ништо друго.
сега јас купвам патики и да барам продавачката да клекни да ми ги стави и да ми ги врзи пошто нели плаќам. па да ги извади и да донеси уште неколку пара онака да си пробам. то му е работа нели. продавачка е. па уште и да и речам да ми ги преврзи пошто многу лабаво ми ги врзала. незнам баш како ке ме испули, па уште и ако нема земено плата два месеци. да не останам без нога па да не ми требаат патики воопшто.
муабетот се сведува на тоа дека се кошта, нема поќе џабе.
ако сакате специјална услуга ке си доплатите.
ако не ви се доплаќа немате право да се мрчите.
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
127
Поени од реакции
45
1.Овој не е достоен да се отвара тема за него и да се троши драгоцено време за пишување за него и неговите колумни(ако се тоа????)
2.Го гледаме човекот секогаш во неговите колумни е критички настроен према све за кое што тој мисли дека не штима.
3.Се прашувам кој му даде бре на овој човек работа?????Кој е тој паметен човек што воопшто го вработил овој човек и тоа во јавна администрација/??Е па драги мој Венко збориш за овој човек дека кој знае какви врски бркал за да се вработи како еден обичен "МЕСАР" според тебе а???Па дали си се погледнал прво ти бе човек како си вработен а?????Или да бе па ти си имал 22години образование и одма тебе сами почнале да те бараат :facepalm:Ма да ти се плукнам во тие 22години затоа што немаш ни грам памет бе човек.Прво ако си воопшто професор нема да го понижуваш дечкото кој според тебе бил лигуш со некоја си тетоважа на него него тоа ќе го протумачиш во друга верзија.Второ тој бил со тетоважа а ти бе што си прочелав а???Што треба ние да збориме за тебе а??Или па косата ти се изретчила од многу учење бе 22години не се мала работа нели???Викаш дека бил со средно образование а??Епа ја немале сите можноста да се школуваат безгрижно како тебе.Човекот морал да работи од млади години за да преживее а не како тебе да чека од мама и тато додека се школува.Викаш дека неможе да се споредува твојата плата(40000) со неговата(12000) зашто ти си бил интелектуалец а???Ма џабе ти се тебе тие 40000 и тој твој докторат(Кој незнам како си го добил) кога незнаеш една шајка да закоеш бе.До скоро време незнаеше ни едно дрво да исцепиш бе а сеа овде солиш памет.И ај да не ја тупам многу сеа ја овде на форумов за тебе одам сеа ја малце да размислам зашто потрошив 10-15 мин за тебе и твоите глупости кој ги има во се поголем број.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
е ајде сега ке си ќутиме, да не можи чоек онака неформално да си почни муабет. да не треба да го прашам што има завршено па дали сме на ниво.
8 сати знајте вие колку се, ке се мрдниш. па уште и да не зборниш.
и јас пак ке прашам од кога е правило и каде е тоа запишано дека треба саламата да се нареди под конец. од кога стана тоа правило???
Од секогаш е тоа правило, се сеќаваш The customer is always right... од таму и правото на купувачот да бара што сака и како сака, на крај краева за мој пари јас заповедам, нели?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.941
Поени од реакции
23.375
Од секогаш е тоа правило, се сеќаваш The customer is always right... од таму и правото на купувачот да бара што сака и како сака, на крај краева за мој пари јас заповедам, нели?
Не.
за твои пари заповедаш онолку колку можеш да си дозволиш или колку е дозволено.
можеш на пример ако не е наведено поинаку да побараш со одредена надокнада да се направи нешто плус и тоа ако и само ако продавачот сака. и толку. ништо повеќе.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Од секогаш е тоа правило, се сеќаваш The customer is always right... од таму и правото на купувачот да бара што сака и како сака, на крај краева за мој пари јас заповедам, нели?
Да, за твои пари, кога ќе платиш плус 10% за сецкање по желба и уредување на саламата, но кога плаќаш за парче(кг, гр) салама немаш право да бараш уредување и сецкање во различни големини и форми, бидејќи нели, не си платила, и немаш право да заповедаш...

Купувачот може да побара тоа што е ставено како понуда од продавачот, за се дополнително се доплаќа или не се услужува воопшто.Затоа имаш и кола со стандардна опрема и кола со фул опрема... Само што кај месариве по желба ви сецкаат по 10 пати ако не ви се допаѓа големината, па на крај и аранжирање.... Убаво рекол тој, да не сака стварно ордевер да и направи...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не.
за твои пари заповедаш онолку колку можеш да си дозволиш или колку е дозволено.
можеш на пример ако не е наведено поинаку да побараш со одредена надокнада да се направи нешто плус и тоа ако и само ако продавачот сака. и толку. ништо повеќе.
Во твоја корист е ти да ми служиш на мене.
Сто пати сум рекла, служиме како што барам и можеби ќе добиеш бакшиш поголем од твојата дневница или служиме ти како што сакаш и можеби ќе изгубиш муштерија кој многу пари ќе ти остави... одлуката секако е твоја, јас ништо не губам а ти можеш многу да добиеш... никогаш не знаеш која сум и колку сум спремна да оставам во твојот дуќан.
--- надополнето: 6 април 2012 во 01:40 ---
Да, за твои пари, кога ќе платиш плус 10% за сецкање по желба и уредување на саламата, но кога плаќаш за парче(кг, гр) салама немаш право да бараш уредување и сецкање во различни големини и форми, бидејќи нели, не си платила, и немаш право да заповедаш...

Купувачот може да побара тоа што е ставено како понуда од продавачот, за се дополнително се доплаќа или не се услужува воопшто.Затоа имаш и кола со стандардна опрема и кола со фул опрема... Само што кај месариве по желба ви сецкаат по 10 пати ако не ви се допаѓа големината, па на крај и аранжирање.... Убаво рекол тој, да не сака стварно ордевер да и направи...
Имам право да побарам што сакам, а ако во твојата продавница редењето на салама се наплаќа те молам кажи ми и нагласими го тоа откако ќе ти побарам. Информирај ме што е вклучено во цената а што не, а мое е дали потоа ќе прифатам или не.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Имам право да побарам што сакам, а ако во твојата продавница редењето на салама се наплаќа те молам кажи ми и нагласими го тоа откако ќе ти побарам. Информирај ме што е вклучено во цената а што не, а мое е дали потоа ќе прифатам или не.
Сигурно си видела што вклучува ценовникот на една месара, нигде во нејзе не пишува сецкање и аранжирање, не знам зашто се чудите...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.941
Поени од реакции
23.375
Во твоја корист е ти да ми служиш на мене.
Сто пати сум рекла, служиме како што барам и можеби ќе добиеш бакшиш поголем од твојата дневница или служиме ти како што сакаш и можеби ќе изгубиш муштерија кој многу пари ќе ти остави... одлуката секако е твоја, јас ништо не губам а ти можеш многу да добиеш... никогаш не знаеш која сум и колку сум спремна да оставам во твојот дуќан.
--- надополнето: 6 април 2012 во 01:40 ---


Имам право да побарам што сакам, а ако во твојата продавница редењето на салама се наплаќа те молам кажи ми и нагласими го тоа откако ќе ти побарам. Информирај ме што е вклучено во цената а што не, а мое е дали потоа ќе прифатам или не.
тоа дали ке ве изгуби некој за муштерија е негово право, и само негово. не е секогаш се до парите.
тоа што некои трговци за да привлечат муштерии прават некои отстапки не е правило туку нивен личен избор. така да правилото дека муштеријата е секогаш во право, баш и не закон.
неможеш ти мене да ми купиш месо со коска и да бараш да ти ја исчистам пошто нели за твое пари се работи. не оди таа работа баш така. затоа е со коска нели.
и затоа саламата се продава на грамажа а не на фелки.
неможеш ти на келнерот да му побараш кафе и дури го пиеш да ти седи пред маса и да прави стој на раце, пошто ти си го платила кафето. или да направиш крш таму. плаќам ми се можи демек. ако му понудиш некој денар или ете кабадаја си и им речиш ајде бате затворај кафаната и кажими колку кошта цела вечер мене да ме служите и ако прифат тогаш да. инаку ке си го испиеш кафето и ке си ќутиш.
мислам дека примери има безброј за тоа дека муштеријата не е секогаш во право, ама сепак секој има право на свое мислење.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Го сфаќам револтот на Венко кон малограѓанштината и непрофесионализмот кои во нашето општество се сосема нормална појава, ама може да покаже малку доблесност и самокритичност и да опали и по својата фела, а и по други професии, а не само по тетовираниот месар.

Би можел пише збор - два за професорите кои не те ни пуштаат на испит ако претходно не ја купиш нивната книга, се разбира лично од нив и по нереално висока цена...Или за професорите кои те буткаат 13 пати, а кога ќе побараш увид во тестот, добиваат нервни напади, пошо они имале попаметни работи и не можеле да се занимаваат со такви баналности. И на крај како одмазда, на другарката што била со тебе во тој момент, и што дошла по оцена и викаат дека она уствари нема 9, туку 9 бода и со автоматски паѓа, иако на списокот никаде нема бодови, туку оцени?!

Или за наставничките во основно, кои се во вечно исчекување на некој родител по професија молер, механичар и слично и после го замараат истиот со кречења и поправки, нормално бесплатно. Или за одредени професорки во средно, кои на час дрдорат за се и сешто, само не за тоа што е предвидено со наставниот план. Четири години учев француски у средно, од јазикот веза неам, али затоа уште ги памтам доживувањата што ни ги раскажуваше професорката, можам слободно биографија да и напишам.

Теткиците од студентски ич да не ги споменувам, тие се своевиден медицински феномен, константно се во ПМС, се надевам наскоро ќе се изнајде лек за оваа појава, сеуште недоволно истражена од модерната медицина.

Нека пише за хирурзите кои бараат цело богатство за направат нешто што спаѓа во описот на нивното работно место, или за џандарите шо замараат да ги частиш за да не пишат казна за возење без прва помош и го чуваат редот и мирот со тоа што голтаат гага плескавици по маалски кафанчиња.

Не е ништо полош јадниот месар од сите овие, дури може да се каже дека последиците од неговата непрофесионалност се релативно бенигни, споредени со непрофесионалноста на еден лекар, на пример.

Мене ми е јасно дека сите ние сме луѓе од крв и месо, ама ми паѓа во очи фактот што обично се водиме по некои двојни стандарди - во улога на клиенти сите имаме високи критериуми во однос на професионалност и одговорност, ама кога ќе се најдеме од другата страна, имаме милијарда оправдувања и изговори за себе и сопствениот аматеризам.

И не мислам дека дипломата е секогаш мерило за нечиј интелектуален капацитет или ниво на општа култура,особено денес, кога секој дебил може да си дозволи диплома од приватен универзитет. Мислам, хелоууу, Латас е доктор на науки?! Типот е поим за непрофесионалност, вестите ги води како да се наоѓа пред коперација, седнат на пластична гајба, со флаша пиво у рака, чачкалица у уста и цигарче позади уво.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
тоа дали ке ве изгуби некој за муштерија е негово право, и само негово. не е секогаш се до парите.
тоа што некои трговци за да привлечат муштерии прават некои отстапки не е правило туку нивен личен избор. така да правилото дека муштеријата е секогаш во право, баш и не закон.
неможеш ти мене да ми купиш месо со коска и да бараш да ти ја исчистам пошто нели за твое пари се работи. не оди таа работа баш така. затоа е со коска нели.
и затоа саламата се продава на грамажа а не на фелки.
неможеш ти на келнерот да му побараш кафе и дури го пиеш да ти седи пред маса и да прави стој на раце, пошто ти си го платила кафето. или да направиш крш таму. плаќам ми се можи демек. ако му понудиш некој денар или ете кабадаја си и им речиш ајде бате затворај кафаната и кажими колку кошта цела вечер мене да ме служите и ако прифат тогаш да. инаку ке си го испиеш кафето и ке си ќутиш.
мислам дека примери има безброј за тоа дека муштеријата не е секогаш во право, ама сепак секој има право на свое мислење.
Ти кажав, можам да барам што сакам- мое право, а ти можеш да ме избркаш-твое право :), нема ништо спорно тука. А, тоа дали тоа што ќе го побарам од тебе е човечно или пак не е човечно -тоа е веќе друга приказна.
Оној којшто не работел физичка работа не може да знае како е да се работи, така што несоодветното третирање на муштеријата кон вработениот е една сосема друга приказна која патем веќе еднаш ја објаснив погоре во мојот прв пост на темава, ако си ме читал ќе знаеше, јас само те цитирав за да ти одговорам на твоето прашање.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.771
Поени од реакции
8.794
Не ги читав коментарите.
До некаде, го разбирам. Се има свои граници на толеранција.
Не разбирам, само, што толку би се замарала што некој едвај-писмен сака поголема плата.
И јас сакам. Сите сакаме. Сакам да одам на одмор на Кариби. Ама ниедна плата овде нема да ми го овозможи тоа.

За вториот дел, во право си е, сосема :)
 
T

Tetro

Гостин
Не разбирам, само, што толку би се замарала што некој едвај-писмен сака поголема плата.
Мислиш дека секој доктор знае да смени светилка?

Така и дечкото знае нешто што ти нема да го знаеш.

Така и некој 3+2 магистер по економски науки не знае со кој нож да пресече коска од јагне.

Ама, секој знае колку пари му се потребни за да врзе почеток месеца со крај месеца.

Затоа, не му ја потценувај професијата.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.941
Поени од реакции
23.375
Ти кажав, можам да барам што сакам- мое право, а ти можеш да ме избркаш-твое право :), нема ништо спорно тука. А, тоа дали тоа што ќе го побарам од тебе е човечно или пак не е човечно -тоа е веќе друга приказна.
Оној којшто не работел физичка работа не може да знае како е да се работи, така што несоодветното третирање на муштеријата кон вработениот е една сосема друга приказна која патем веќе еднаш ја објаснив погоре во мојот прв пост на темава, ако си ме читал ќе знаеше, јас само те цитирав за да ти одговорам на твоето прашање.
ако мислеше на твоите келнерски денови да прочитав, но тоа воопшто не го менува фактот дека муштеријата не е секогаш во право.
тоа што сакал газдата да испадне фин на твоја сметка и дека ти тоа си го толерилала, незнам можеби е твоја грешка , можеби си била во таква ситуација каде не си имала избор да дадеш отказ. има тука многу можеби, но ниедно од нив не е оправдување или причина за односот на муштеријата. ако платил кафе добил кафе, ако сакал макијато а добил кафе е твоја грешка, ама ако платил за тоа што добил што сака повеќе??
во случајот госпожата платила салама и добила салама точно до грам. тоа дали сакала да и се сецка и да и се нареди тоа е веќе друго. можела да речи ако сакате да ми ја исецкате ке ви доплатам, тогаш е друго. ама да очекува дека ке добие услуга за која не платила , па уште и дечкото да претпоставува дека за тоа би бил награден или не.
така да незнам како да ти речам, цела кавга ја направила гопоѓата од само нејзе познати причини, а ете венко се изнервирал и напишал колумна. месарот го прими ни крив ни должен во случајот. башка тетовиран.
--- надополнето: 6 април 2012 во 02:23 ---
Не ги читав коментарите.
До некаде, го разбирам. Се има свои граници на толеранција.
Не разбирам, само, што толку би се замарала што некој едвај-писмен сака поголема плата.
И јас сакам. Сите сакаме. Сакам да одам на одмор на Кариби. Ама ниедна плата овде нема да ми го овозможи тоа.

За вториот дел, во право си е, сосема :)
а како заклучи дека месарот е полу писмен.
по тоа дека е месар или дека човекот си смета дека не е доволно платен за тоа што го бараат муштериите. можеби не му е ни во опис на работно место.
можеби е и тој со некој факултет ама ете живот пише драме па завршил месар.
животот не е фер, ама сепак е пофер од смртта , рекол некој.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Јас можам единствено да заклучам дека Венко е самопрогласен коректив и бранител на определена категорија на луѓе кои се образовани, паметни, но недоволно заработуваат односно кеш им фали у животецот. Е сеа, неспорно дека постои таква категорија на луѓе ама кој му даде право на пекмезов да вреѓа и брука све од страна? Дечкото шо сечел печеница од 800 денара кило, а дневница му е 350 денара, не смее да биде незадоволен? А и не знам дали сте приметиле, се зачна еден тренд односно ако не ја пејстнеш на Венко колумната, не си интелектуалец бре. Па и доле коментари ако не се развијат ѕидот фејсбуковски попусто го имаш. Од мрчала ко Венко преку тасета. Не дека касапот нешо па треба да зима 40 000 ама па не дека и Венко едино го знае тој факт и треба да се изблуе на него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom