Имам женска и одиме 3 и пол години. Секој ден се караме само за глупости. Многу ми е љубоморна, ама сепак 3 и пол години е многу за да постои уште толку голема љубомора. Знам дека грешам и јас, но тие мои грешки се направени заради неа, заради инатот и бранењето некои работи. Сака да ме контролира, да правам како што таа сака, но не секогаш и успева зошто некои работи не треба да бидат така, ама пак некои работи ги правам како што ке рече, се заради да не се караме, ама сето е за ѓабе. И секој ден си велам готово е, крај веке, но неможам да ставам крај, исто така и таа. Некогаш ке се смени после голема караница кога ќе види дека е таа кривата, ке попушти и се е океј 1-2 дена и после старата песна. Не знам што да правам, но ако и се скарувам сакам да и докажам дека не сме се скарале заради мене туку заради неа, заради нејзината љубомора, а таа мисли дека јас сум кривиот за се. Нема ден а да не сме скарани за нешто, не паметам. Главна тема за карањето е заради мене таа така мисли, зошто сум гледал по други жени, а јас не гледам, туку сум завртен на таа страна кај што има други женски и таа мисли така. Не велам дека не гледам по други жени, ама не до толку колку што таа ми зборува, секој ден за тоа. Ама пак и тоа е голема глупост за мене што ако ја гледаш некоја, нема да заминеш со неа одма или да имаш секс. И не знам што друго да кажам. Инаку се сакаме и двајцата.
Некој совет ако може од некој што искусил нешто вакво... :salut: