За што најчесто се расправате со својот парнер?
Пошто нели кавгите, недоразбирањата и „надмудрувањата“ се неизоставен дел од секоја врска, еве да подискутираме и за нив.
За што најчесто се расправате со партнерот, вака генерално, а може и конкретно? Се расправате ли јавно, пред гости, познаници, на сред плоштад или разликите во мислењата ги изгладувате на само?
Како очекувате да изреагира вашиот партнер во ситуација кога се расправате со трето лице за некое прашање за кое што прашање знаете или претпоставуавте дека вашиот партнер има мислење што е поблиску, посродно до мислењето на третото лице отколку со вашето? Што би било „паметно“ според вас парнерот да направи во таква ситуација, да молчи и да не се меша, да ве подржи вас без оглед на неговиот личен став, да го изнесе својот став па макар на крај излезе дека всушност вие двајца се расправате, да ја смири топката или нешто друго? А што правите вие кога ќе се најдете на местото на кое што е вашиот парнер во примеров?
Како се смирувате на крајот? Што правите за да не дојде до кавга?
П.С - Се извинувам ако има веќе ваква тема