А ти паднало на памет можи само да е добра личност, а не егоцентрична. Има таква можност што велиш?
Егоцентризмот не те прави лоша личност.
Тој нема, по дифолт, предзнак лошо.
И да, луѓето кои одбираат да се ставаат себе си на последно место, а притоа се жалат од истото, се во улога на жртви.
Кога вистински даваш, тогаш не очекуваш ништо за возврат ниту се чувствуваш повредно ако не добиеш фидбек (тоа е она совршено давање според христијанството и будизмот, на пример).
Но, штом очекуваш тоа да ти се возврати и те фрустрира ако не се слуи истото, тогаш значи дека се обидуваш да се наметнеш кај луѓето, односно да ја добиеш нивната наклоност, внимание и сл. преку твоето "давање" и "жртвување".
И тоа е егоистичен чин.
Ако екстровертните егоцентрици го наметнуваат своето јас без притоа да понудат ништо, тогаш оние интровертните го прават истото посуптилно, односно нудат "жртва" за која подоцна бараат награда во форма на внимание, наклонетост итн.
Тие преку своето "несебично себе-давање" ги врзуваат другите околу нив, најчесто наметнувајќи им чуство на вина, кога нема да го добијат посакуваното. Као види што се направив за тебе, а ти си толку неблагодарен.
Што е чиста манипулација, која во себе им прилична доза егоизам.
Како и да е, не велам дека тоа е нешто особено лошо.
Едноставно сите ние се обидуваме, вака или онака, да добиеме внимание и љубов од околината. И се разликуваме само во начините на кои тоа го остваруваме.