Колку сме егоцентрични?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Таква ми е душата:kesa: таква сум, сакам да им помогнам на луѓето, не ми користи многу освен што се чуствувам поисполнето, ама ајде де кој да ме разбере :)
Јас те разбирам и луѓето го прават тоа, затоа што се добри луѓе.

Нормално дека си егоцентрична сонце, кога им помагаш на луѓето ти расте позитивниот рејтинг кај нив, а твојата егоистична потреба се задоволува со исполнетоста како краен чин на процесот во помагење.

Еххх ... сите да не исполнуваше тоа, немаше да има трули јаболка.
Ама има.
А што треба да направи човек за да не е егоцентричен според тебе? Его, лично, себично е добро нешто само за себеси. Додека пак некое дело кое што е општо добро дело за повеќето ентитети вмешани во ситуацијата е добро дело за сите не само за тој тоа што го прави.
 
С

Сатори

Гостин

Апсолутно ништо.
Дури и да се обиде да докаже со нешто дека не е, повторно тоа ќе биде направено од сопствена корист за докажување на лична поента, се додека профитира тој што го прави делото, чинот, дејствието, тој е егоистичен и со тоа егоцентричен.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Апсолутно ништо.
Дури и да се обиде да докаже со нешто дека не е, повторно тоа ќе биде направено од сопствена корист за докажување на лична поента, се додека профитира тој што го прави делото, чинот, дејствието, тој е егоистичен и со тоа егоцентричен.
Си чула за професионален телохранител (бодигард)? Тие луѓе се спремни да примат куршум место штитената цел. Еј се спремни да умрат и се свесни за тоа, каде е тука егоизмот?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Таква ми е душата:kesa: таква сум, сакам да им помогнам на луѓето, не ми користи многу освен што се чуствувам поисполнето, ама ајде де кој да ме разбере :)
Те прашав, затоа што и влегувањето у улога на жртва, е егоизам.
Со претераното давање ти сакаш да ги врзеш луѓето за себе, и бараш нешто од нив за возврат. И истото е егоцентричен чин.
 
С

Сатори

Гостин
Си чула за професионален телохранител (бодигард)? Тие луѓе се спремни да примат куршум место штитената цел. Еј се спремни да умрат и се свесни за тоа, каде е тука егоизмот?
Дечко, ти сериозно ми го постави мене прашањево?
Човек кој што е платен за да штити некој за да не биде убиен?
Каде е егоизмот? :pos:
ОМГ ... не ми се верува! :pos:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Дечко, ти сериозно ми го постави мене прашањево?
Човек кој што е платен за да штити некој за да не биде убиен?
Каде е егоизмот? :pos:
ОМГ ... не ми се верува! :pos:
Па сериозно е прашањето. Зар стварно мислиш дека само за пари го работат тоа. Ако е така кажи која е твојата цена за да јадиш куршум (ова хипотетички)?

Те прашав, затоа што и влегувањето у улога на жртва, е егоизам.
Со претераното давање ти сакаш да ги врзеш луѓето за себе, и бараш нешто од нив за возврат. И истото е егоцентричен чин.
А ти паднало на памет можи само да е добра личност, а не егоцентрична. Има таква можност што велиш?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
А ти паднало на памет можи само да е добра личност, а не егоцентрична. Има таква можност што велиш?
Егоцентризмот не те прави лоша личност.
Тој нема, по дифолт, предзнак лошо.

И да, луѓето кои одбираат да се ставаат себе си на последно место, а притоа се жалат од истото, се во улога на жртви.

Кога вистински даваш, тогаш не очекуваш ништо за возврат ниту се чувствуваш повредно ако не добиеш фидбек (тоа е она совршено давање според христијанството и будизмот, на пример).

Но, штом очекуваш тоа да ти се возврати и те фрустрира ако не се слуи истото, тогаш значи дека се обидуваш да се наметнеш кај луѓето, односно да ја добиеш нивната наклоност, внимание и сл. преку твоето "давање" и "жртвување".
И тоа е егоистичен чин.

Ако екстровертните егоцентрици го наметнуваат своето јас без притоа да понудат ништо, тогаш оние интровертните го прават истото посуптилно, односно нудат "жртва" за која подоцна бараат награда во форма на внимание, наклонетост итн.

Тие преку своето "несебично себе-давање" ги врзуваат другите околу нив, најчесто наметнувајќи им чуство на вина, кога нема да го добијат посакуваното. Као види што се направив за тебе, а ти си толку неблагодарен.
Што е чиста манипулација, која во себе им прилична доза егоизам.

Како и да е, не велам дека тоа е нешто особено лошо.
Едноставно сите ние се обидуваме, вака или онака, да добиеме внимание и љубов од околината. И се разликуваме само во начините на кои тоа го остваруваме.
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
јас се жртввуам СЕКАД за другарчињата а тие ме игнорираат и искрено тоа ме прави тажен. Многу тажен. но таков сум бе давам давам давам и ништо не ми се враќа.... ние големите живееме такви животи со надеш дека ке ни се врати некој ден............
 
Kajgana Shop

На врв Bottom