Егоист во смисла способна да преживеам-сум, но дефинитивно не сум егоманијак кој мисли дека сите и се постојат само заради него/неа.
Во личните контакти, во релациите со луѓето секогаш сум отворена и полна со разбирање, емпат сум. Отстапките за работи за кои ценам дека ништо битно не ми менуваат ги правам со леснотија, ниту не ги доживувам како отстапки.
На крај на краиштата, очите на луѓето околу мене никогаш не сум ги доживувала како огледало пред кое треба да позирам за да видам убав одраз, оти, таквиот претеран егоизам се должи на несигурност.Од страв да не бидат отфрлени и исмеани некои луѓе превисоко го дигаат гардот. Најчесто имам разбирање за нив, но некогаш умеат навистина да бидат напорни.