Ја сакам самотијата и можам да ја поднесам,не се плашам од неа и удобно ми е макар и сама.Рака на срце има периоди во кои секако не ми е убаво сама и инсистирам да има некој покрај мене како на пример периодов кој за среќа помина,но сепак го истуркав сама не по моја желба,туку заради што знам,себичност од вселенски размери,хирови,бубачки,време-невреме.Веројатно некогаш треба и така,чисто за да се осигураш во тоа дека себе си си најдобар пријател и никој друг и убаво ти се челича самодовербата и истрајноста.
Сепак со самотијата си го наоѓам мирот и бегам од бучните луѓе и негативна енергија.Сакам самотија.