- Член од
- 14 јули 2005
- Мислења
- 2.128
- Поени од реакции
- 41
Човекот по својата природа е социјално суштество, навикнат е да живее во друштво и да има други луѓе покрај себе. А сепак, секој од нас има потреба некогаш да остане сам, да се соочи со себе, да се погледне во огледало и да размисли. Кај некои, оваа потреба дури преминува и во трајна - најдобро се слагаат единствено со себе и дури им пречи присуство на други луѓе.
Кој тип на луѓе сте вие? Дали ви треба, или ви пречи присуство на други?
Јас, на пример, најмногу чувствувам потреба од пријатели - кога ми се случува нешто убаво, тогаш имам потреба да го поделам тоа со други. Кога ми е неубаво - во состојба сум да самувам до бескрај, и тогаш ми пречат луѓе, колку и да се добронамерни.