Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.515
Поени од реакции
33.686
80 евра по лице рачунаш или?:cautious:
Ако се вкупно, тогаш дома за се одмараш 10 дена ќе потрошиш повеќе од 80 евра:icon_mrgr: или евентуално, каде има одмор за 80 евра да одам и јас :icon_mrgr:
80 evra zasteda na mesec za odmor, 12 meseci po 80 mislam deka saka da kaze
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.643
Поени од реакции
62.905
Чекај, ќе пробам да ти објаснам што сакав да кажам. Во основа на еден човек за квалитетен живот не му е потребно многу. Храна, вода, засолниште, удел во животот на заедницата, секс и емотивен живот. Пред само еден човечки живот, најголем број од луѓето немале скоро ништо од сето тоа. Историјата на човештвото е историја на неговите страдања. Во само еден век, најмногу заради нафтата, човештвото направи огромен скок, па сега еден просечен жител на една западна држава во основа има поквалитетен живот од еден крал или цар од пред неколку века.

И наеднаш луѓето се заиграа. Сега сакаме два до три одмори, шопинзи, менување на комјутерот или мобилниот на две години, намештај што ќе ми одговара на бојата на мачката, силиконски цицки за љубовницата, и така во бескрај. На тој начин мислиме дека си го подбриваме квалитетот на животот, што е во основа погрешно. Еднаш кога најосновните потреби на човекот се задоволени, среќата треба да се бара на друго место, а не во трошењето пари.
Изгледа дека тешко го прифаќаш фактот дека светот секојдневно еволуира и дека живееме во време на експанзивен конзумеризам, иако едно 95% од нас не сфаќаме дека сме влезени во тој матрикс.

Ако си го исполнил својот живот на емотивен план, и можеш да си дозволиш да си го храниш материјалистичкото его без да ти страда семејството финансиски, не гледам зошто да не си ги приуштиш сите други задоволства кои може парите да ти ги пружат.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012

Постои едноставен начин да се контролира конзумеризмот на лично ниво. Само сака трезвено размислување. Муабетот ми е, не велам дека не треба да имаш мобилен, но навистина немаш потреба од најскапиот мобилен кој ќе го замениш во две години. Не велам дека не треба да возиме коли, но дали реално во Македонија имаш потреба од возило од +40000 евра , или +20000 евра. Дали навистина ќе ти го смени животот ако ги видиш, не знам, водопадите на Нијагара? Лупам, тоа прво ми падна на памет.

Крај нема лудилото на конзумеризмот ако му се препуштиш. Храната е чист пример за тоа. Во интерес на некоја индустрија денес се нездрави се прогасуваат типови на храна на која израснале генерации, а се обидуваат да продадат млеко од бадеми или некои потполно нејадливи глупости. Сега наеднаш имаш освестени мајки кои не го хранеле детето со храна со која пораснале генерации, туку купуваат скапи бесмислици.

Разбирам јас конзумеризам, ама не мора да бидам роб на истиот.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.564
Поени од реакции
21.609
Чекај, ќе пробам да ти објаснам што сакав да кажам. Во основа на еден човек за квалитетен живот не му е потребно многу. Храна, вода, засолниште, удел во животот на заедницата, секс и емотивен живот. Пред само еден човечки живот, најголем број од луѓето немале скоро ништо од сето тоа. Историјата на човештвото е историја на неговите страдања. Во само еден век, најмногу заради нафтата, човештвото направи огромен скок, па сега еден просечен жител на една западна држава во основа има поквалитетен живот од еден крал или цар од пред неколку века.

И наеднаш луѓето се заиграа. Сега сакаме два до три одмори, шопинзи, менување на комјутерот или мобилниот на две години, намештај што ќе ми одговара на бојата на мачката, силиконски цицки за љубовницата, и така во бескрај. На тој начин мислиме дека си го подбриваме квалитетот на животот, што е во основа погрешно. Еднаш кога најосновните потреби на човекот се задоволени, среќата треба да се бара на друго место, а не во трошењето пари.
Друже, нема потреба за филозофирање. Темата и прашањето се сосема едноставни и како такви треба да бидат дискутирани.
Се гледа генерално на луѓето што им е потребно за убав живот а многу од нив за пристојност подразбираат тие работи кои ги набројав. Тоа споредбите како се живеело порано остави ги за неделен ручек со фамилијата. Парите те прават среќен, и тоа е неоспорлив факт. Тебе ако финансиите не те прават среќен, рачунај дека има луѓе кои никогаш немале ебан денар па оди кажи им го ти ова дека доволно е засолниште, храна и вода. Кога немаш платено сметки и кога секој ден ти ѕвонат извршители и банки, ништо на свет нема да те направи среќен освен парите а уште помалку тоа нема да биде секс, емотивен живот, храна и вода.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
21 јули 2021
Мислења
28
Поени од реакции
54
екај, ќе пробам да ти објаснам што сакав да кажам. Во основа на еден човек за квалитетен живот не му е потребно многу. Храна, вода, засолниште, удел во животот на заедницата, секс и емотивен живот. Пред само еден човечки живот, најголем број од луѓето немале скоро ништо од сето тоа. Историјата на човештвото е историја на неговите страдања. Во само еден век, најмногу заради нафтата, човештвото направи огромен скок, па сега еден просечен жител на една западна држава во основа има поквалитетен живот од еден крал или цар од пред неколку века.

И наеднаш луѓето се заиграа. Сега сакаме два до три одмори, шопинзи, менување на комјутерот или мобилниот на две години, намештај што ќе ми одговара на бојата на мачката, силиконски цицки за љубовницата, и така во бескрај. На тој начин мислиме дека си го подбриваме квалитетот на животот, што е во основа погрешно. Еднаш кога најосновните потреби на човекот се задоволени, среќата треба да се бара на друго место, а не во трошењето пари.
Еве да пробам и јас да ти објаснам дека си на исто мислење како и сите нас. Ти кажуваш дека просечната плата во Западна Европа е 3500 и тоа значи 7000 за фамилија. Во Централна Европа просечната плата е 1200 тоа значи 2400 за фамилија што не е далеку од 2200 за Скопје (за останатите градови заради пониската цена на станбениот простор сигурно е со 300еур месечно поевтино).

Јас ќе ти кажам за Германија дека трошоците за храна за исти производи се практично идентични со МК, а ако чекаш промоции, се и пониски.
Трошоците за облека и спортска опрема се исто така пониски. Нормално, повеќето од нас, купуваме во Зара и Манго, ама цената е иста дали во Германија дали во МК. А кога има попусти тие се вистински, а не како кај нас истите патиките се 100 еур и со 20 и со 80% попуст.
Мобилната телефонија е тука некаде но плус даваат добри субвенции за телефони, така да телефонот од средна класа го земаш за без пари.
Интернетот и телевизијата се поскапи. ОК пакет е околку 50еур.
Одморите, ако резервираш година унапред или last minute ти се далеку поевтини. Имам споредувано Кариби и Бали и се во просек 50% поевтини во споредба со истата понуда во МК. Практично, во добра фирма на добра позиција, еден брачен пар преку божичнината односно 13тата плата слободно може да се одмори за без пари.

Е сега станбениот простор е скап и тоа е единствената стварно неопходна работа која е скапа.

Изглегувањата во ноќни клубови биле исто така скапи но тоа веќе не е неопходност.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.778

Станбен простор, автомобил, излегувања, ресторани, сервиси. Се тоа е значително поскапо на запад.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Јас ќе ти кажам за Германија дека трошоците за храна за исти производи се практично идентични со МК, а ако чекаш промоции, се и пониски.
Ти кажав дека сум сиромашок и не сум ич шетан, па споредбата на цените ја направив во однос на Numbeo. Еве што вели тој за цените на храна во Франкфурт, Германија.

numbeo.jpg

Еве вака на прв поглед, цена на кило компири пишува дека е 1.76 евра, значи околу 100 денари. Во македонија се 20-30 денари. Кашкавал, локално производство, 10 евра, 600 денари, во Македонија е 400. Леб пола кило, 1.50 евра, 90 денари, Македонија го има за 30. 12 јајцА 2.55 евра односно 150 денари, македонија 70-80.

Да не набројувам понатаму, буквално се е поскапо. Е сега кажав, можно е сајтот да лаже.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.435
Не можам да дискутирам за конкретни суми бидејќи веќе немам допир со цените во МК. Но вака од страна гледано, можам да забележам дел од навиките и очекувањата на луѓето кои живеат во МК ( без никаква навреда, најверојатно и јас сум ги имала истите ставови додека живеев таму ). Некако изгледа како да се изместени приоритетите на луѓето, затоа на темава се дискутира за цифри кои се блиску до некои западни земји каде стандардот на живот е навистина поскап. Сепак зборуваме за земја каде добар дел од луѓето ( споредбено со западните земји ) веќе имаат решено станбено прашање, дали преку наследство, дали преку учество на родителите итн.

Гледам дека под пристоен живот како неминовна ставка се даваат некој бесни суми за кафиња и одење по ресторани. 100 еур џепарлак на дете? Скијање? Па ниту едно од ова не спаѓа под пристоен живот. Пошо некој уназад спомна да не се споредуваме со афричките земји нели, ајде да се споредиме со некоја европска земја.

Ретко кое семејство тука оди на ручек/вечера во ресторани барем еднаш месечно, јадењето надвор е луксуз за секоја земја. Друг муабет е нарачка на брза храна за дома.
Џепарлак на дете ( дали е за јадење на школо или за излегување ). Колку деца познавате во МК што одат на училиште со зготвена храна од дома? Колку тинејџери познавате кои си го заработуваат џепарлакот?
Скијање и егзотични одмори. Исто како и јадење по ресторани, спаѓа под ставка луксуз. Не влегува во пристоен живот, влегува во луксузен живот.
Да не кревам узбуни сега на темава, ама со просечната македонска плата и моменталната цена на нафтата, и возењето кола ( а посебно возењето со такси ) се луксузи, не гледам никој да намали на тоа. Секој викенд гледам луѓе си шетаат те до Солун, те до Белград, еден викенд на ручек во Охрид, друг викенд на ручек во Штип. Чисто за споредба,просечната цена на нафтата во МК од септември навака била 78 денари, додека во Шведска била 108 денари. Да не ги споредуваме просечните плати во едната и другата земја.

Муабетот ми е дека многу од работите што се сметаат за луксуз во западните земји кај нас влегуваат во категоријата пристоен живот. Затоа стигаме до цени од 2000 еур, шо според мене е тотална бесмислица.
Под пристоен живот подразбирам навреме подмирени сметки без кратење есенцијални работи, тргање пари на страна за различни работи ( одмор, пензија, непланирани трошоци ), па потоа луксузирање.

Да не бидам сфатена погрешно, дефинитивно треба кревање на стандардот на живот во МК, но и намалување на очекувањата ( апетитите ) на луѓето.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.643
Поени од реакции
62.905
Станбен простор, автомобил, излегувања, ресторани, сервиси. Се тоа е значително поскапо на запад.
Kaко дојде до тоа дека автомобил е поскап во Германија отколку кај нас?
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.236
Поени од реакции
21.536
Ти кажав дека сум сиромашок и не сум ич шетан, па споредбата на цените ја направив во однос на Numbeo. Еве што вели тој за цените на храна во Франкфурт, Германија.

Прегледај го приврзокот 317812

Еве вака на прв поглед, цена на кило компири пишува дека е 1.76 евра, значи околу 100 денари. Во македонија се 20-30 денари. Кашкавал, локално производство, 10 евра, 600 денари, во Македонија е 400. Леб пола кило, 1.50 евра, 90 денари, Македонија го има за 30. 12 јајцА 2.55 евра односно 150 денари, македонија 70-80.

Да не набројувам понатаму, буквално се е поскапо. Е сега кажав, можно е сајтот да лаже.
Одби 10-20% од цените и реални се.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.778
Kaко дојде до тоа дека автомобил е поскап во Германија отколку кај нас?
Поскап е паркингот, работната рака за сервис, регистрацијата, такси за влез во центар на град.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.236
Поени од реакции
21.536
На цените од Германија? Ок, 20% пониски повторно се значително повисоки од Македонија.
Да, Германија. Да, пак се повисоки ама со оглед на купвната моќ доста ефтини.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Да, Германија. Да, пак се повисоки ама со оглед на купвната моќ доста ефтини.
Да, ама јас напишав споредба на цените во АПСОЛУТНИ бројки, без разлика на куповната моќ на едните или другите. Затоа што митот кој се фура во Македонија за цените на храната на запад е дека се исти како во Македонија, па дури и пониски.

Јас ќе ти кажам за Германија дека трошоците за храна за исти производи се практично идентични со МК, а ако чекаш промоции, се и пониски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom