Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Не се крева со самото шетање и годишните одмори, туку се крева доколку можеш да си ги приуштиш доколку сакаш. Тоест да имаш можност за избор. А ти можеби ќе сакаш да си ги чуваш парите и да правиш бизнис со нив или штоидае.
Приуштувањето (многу грд збор, не су сигурен дали е литературен) не вреди многу. Вреди кога немаш да јадеш, па не можеш да си приуштиш оброк, а тоа дали можеш или не можеш да си приуштиш зимски одмор, или шетанција на пролет, тоа нема многу врска со квалитетот на животот.

По мене, најсреќни луѓе се оние кои одат со ќеф на работа, кои веруваат дека нивната работа вреди, и кои се чуствуваат корисни во заедницата. Тоа е најголемиот проблем со огромното количество на несреќа во Македонија. Никој не си ја сака работата, сите ги мразат понеделниците, се чуствуваат бескорисни и несреќни, и врските со заедницата им се сведуваат на конфликти.

Таквата состојба ниту еден одмор плус не може да ја промени.

Затоа ми делува детски наивно лицитирањето со суми доволни за нормален живот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Не е провокација, само до сега немам чуено за човек може се ова да си го дозволи а да сака да живее со неговите и уште ако имаш фамилија на куп све. Затоа реков редок човек си. Не беше негативно напишано.
Не сакам на темава да збориме за личните можности и искуства. Потенцирав дека знам дека ситуацијата во Македонија е лоша и сакав да продискутираме како кој размислува во врска со тоа. Затоа го сватив како провокација. Мојот мајндсет како што гледам тотално се разликува од многу тука, но тоа не значи дека јас сум во право со било што. Да се се насочиме кон темата, а не кон моите можности.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Додека живеев во МК , моите имале примања 50-52к месечно. За нив ова е доволно и сега по муабети кои ги правевме летово. Редовно подмирени сметки, интернет секогаш, на курс сме оделе англиски со години. 1 летен одмор по Охрид/Струга заедно. Кола имало увјек просечна 2000/2002. Најголем проблем било греењето увјек иди загреј 200 м2 без изолација.

За мене по тоа што го гледам од блиски.
1200 евра би рекол е минимум за некој нормален живот во Мк ако имаш решено станбено прашање. Под ова би рекол возиш старо ауто 10-12 години. Не можеш да одиш на зимување и сл.

1500 без станбено прашање.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Приуштувањето (многу грд збор, не су сигурен дали е литературен) не вреди многу. Вреди кога немаш да јадеш, па не можеш да си приуштиш оброк, а тоа дали можеш или не можеш да си приуштиш зимски одмор, или шетанција на пролет, тоа нема многу врска со квалитетот на животот.

По мене, најсреќни луѓе се оние кои одат со ќеф на работа, кои веруваат дека нивната работа вреди, и кои се чуствуваат корисни во заедницата. Тоа е најголемиот проблем со огромното количество на несреќа во Македонија. Никој не си ја сака работата, сите ги мразат понеделниците, се чуствуваат бескорисни и несреќни, и врските со заедницата им се сведуваат на конфликти.

Таквата состојба ниту еден одмор плус не може да ја промени.

Затоа ми делува детски наивно лицитирањето со суми доволни за нормален живот.
Не секој е среќен со својата работа, ниту пак може тоа да се направи. И згора на тоа, себично е само да гледаш на себе, тука станува збор за семејство, сопруг/сопруга, деца... што е со нивните потреби и нивните критеруми за среќа и исполнетост. И башка тоа исполнувањето на работа е сосема друга тема на муабет.

Мојот став се базира врз тоа како живее западниот свет. Што за нив значи нормалност. Но не мора неопходно тоа да значи шетање. Може за некој е исполнетост да си купи викендичка негде далеку и да оди на лов/риболов или како и да е. Генерално со тие пари можеш да си го приуштиш и тоа.

Треба секогаш да се споредуваме со подобрите, зошто мора да се споредуваме со Африка?

Bottom line, субјективно според мене, 2500 приходи по семејство би можело да обезбеди пристоен живот. Дали ќе шетаат, ќе штедат, ќе инвестираат горе доле и не е важно, важно е дека ќе им се пружи избор и можност.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Ни 5000 евра нема да ти овозможат пристоен живот во Македонија, тоа ти кажувам. И со 5000 евра приходи ќе мораш да се возиш по истите улици со дупки, да ги гледаш секој ден истите сиви скиснати фаци, и да ја живееш оваа состојба на апатија. Затоа ти велам дека темата е суштински погрешна, затоа што е поставена со претпоставка дека ако си ги зголемиш примањата ќе го крениш квалитетот на живот. Македонија е суштински болна во моментов, и не знам дали има лек за неа.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Прво треба да се дефинира пристоен живот. Тие со помали примања се поскромни, тие со поголеми имаат висока граница и веќе се научени и не гледаат пониско.

За потрошувачка кошница, се смета храна, пијалоци, хигиена, превоз, облека, лекови.

За некои е малку 500 евра, за некои многу.
Зависи кој како ги троши парите. Некои купуваат само тоа што треба, јадат и пијат сами, гости ретко примаат и ретко се дружат, а други не знаат каде им отишле парите од собиранки.

Пристојно е од храна се да имаш пробано и да не се стегаш во маркет, количка да полниш секој викенд, да имаш 3 квалитетни оброци дневно со салати со се, а не да си легнуваш гладен и сабајле на работа да прескокнуваш доручек.

Превоз за цела фамилија, облека, обувки, за изглегување, школо, градинки итн.
Пристоен одмор, Грција, Албанија, Боровец, Банско.
Турција и Хрватска на лето и Австрија за зимување се над таа граница која се смета за пристојна.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
kaj niv vleguvaat i drugi raboti (osven hrana i pijaloci) - rekreacija, obrazovanie, transport, zdravstvo i drugo.
Оваа наша синдикална кошница за август 2021 што изнесува 34к, се однесува на храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки. А ја изработува Сојузот на Синдикати на Македонија.
Според која методологија ја прават немам појма, ама очигледно нити тие што ја направиле оваа минимална кошничка немаат појма.

И ќе си играм проста математика. Ќе ставам пак минималец, 1 човек денес да потроши 300 денари, 4 луѓе х 300 = 1200 денари дневно. 30 дена по 1200 ден = 36000 денари. А пази кошничкава ни е 34к:facepalm: . Каде се тука режиските трошоци, каде се облеката, каде се хигиенски средства, каде се купување лекови, каде се градинка/школо/факултет, за културни акстивности, кино, театар, одмор и да не зборувам. Како дошле до цифрава 34к, за да ги задоволат потребите за 1 семејство навистина не ми е јасно, затоа што праксата покажува друго.

Во Македонија е уметност да преживееш, трошиш повеќе отколку што земаш. Како? Снајди се:toe:

Заедница која зема 2 минимални плати, со две деца не може да води нормален, пристоен живот. Може само да преживува, да крпи од месец за месец:(

И една група бескичмењаци ќе се радува дека „ја зголемивме минималната плата и сега изнесува 22,146 денари БРУТО“. Па кажете бре лудаци дека кога ќе отиде вработениот на минималец на банкомат да си ја подигне платата, ќе земе 15,194 ден НЕТО. Да се радуваме и аплаудираме, ако минималецот ги задоволува основните потреби, а не на мизерија и под секое достоинство.
 
Воинот од Северџан

An Orc among Hobbits
Член од
3 март 2021
Мислења
101
Поени од реакции
111
Во зависност од местото, од 700 до 1200 евра е доволно за пристоен живот, но тоа не е индикатор за среќа. Некој може да биде среќен со многу помалку, како што има и многу несреќни богаташи.
Во врска со тоа дека по улиците шетаат скиснени фаци, тоа е точно, но не сите од нив се несреќни. Менталитетот е таков запукан, па емоциите се потиснуваат, нема слободно емитирање на радост и задоволство, поради помислата дека некој ги гледа, им се смее или ги осудува.
Таа неутрална скиснатост ни е дури вметната во правото, еве во МВР не ми дадоа да се насмеам при сликање за лична карта, па што повеќе од тоа треба да се дискутира.
Повеќето одат со паролата, не се смеј да не те направат нездрав и не плачи да не ти се смеат, па од таму и скиснените неутрални фаци. Повеќето јавни личности не знаат насмевка да извадат пред камера, не па обичниот човек.
Имаме потреба од насмевки макар биле вештачки, многу е голема моќта на позитивната енергија, така да посакувам сите да се смеете!
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494
Зависи. Воопшто не би било фер да збориме за цифри, без притоа да ги дефинираме некои основни параметри. Не може да се прават споредби меѓу луѓе кои плаќаат кирија или кредит и луѓе кои имаат свој стан/куќа, исто како што не може да се прават споредби меѓу луѓе кои живеат сами и тричлено семејство/четиричлено итн.

Мислам дека малку се мешаат поимите пристоен живот и просечна удобност со луксуз. И тоа на некој начин е нормално затоа што немаме сите исти желби, потреби и приоритети, било да се материјални или духовни. Секој си има своја идеологија според која си функционира.

Според мене, пристоен живот е кога човек може слободно да си дозволи да има свои желби, а задоволувањето на истите тие желби нема да го чинат ускратување на елементарните работи.

Значи темава е стварно дискутабилна бидејќи човековото око е ненаситно. Колку ви се поголеми приходите, толку ви се поголеми и апетитите.
 
Затоа и рековме дека е субјективно.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.393
Ни 5000 евра нема да ти овозможат пристоен живот во Македонија, тоа ти кажувам. И со 5000 евра приходи ќе мораш да се возиш по истите улици со дупки, да ги гледаш секој ден истите сиви скиснати фаци, и да ја живееш оваа состојба на апатија. Затоа ти велам дека темата е суштински погрешна, затоа што е поставена со претпоставка дека ако си ги зголемиш примањата ќе го крениш квалитетот на живот. Македонија е суштински болна во моментов, и не знам дали има лек за неа.
Можеби нема да ти овозможат пристоен живот во Македонија, ама ќе имаш можност да ја користш секоја прилика да излезеш од таму и да прошеташ. :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.963
Ха Ха Ха, закон е темата. Пред само еден век пристоен живот бил да немаш вошки во сите алишта што ги поседуваш, а тие сите обично биле еден комплет. Во Африка и ден денес се смета за пристоен живот ако не мораш да пропешачиш 4-5 километри за да се напиеш вода.

Сега гледам дека пристоен живот било 2 до 4 пати да излезеш во ресторан со семејството и да потрошиш 200-400 евра. И без летен и зимски одмор не го бивало пристојниот живот. :D

Абе...
Епа ете нека не се за во ресторан, ама ќе ги потрошат децата, тој трошок не го ставив.
Јас на времето кога учев четвртина бурек беше 25-30 денари, баничка 10-15 денари, тост со сомнителна салама 10-20 денари.
Сега цените се од 100-300% повеќе, па наместо да му дадеш на дете наутро 30че, ќе мораш 100че. Две деца по 100че, отидоа 200ки само за на школо. Ами каде се излегувања, ами каде се курсеви/спортски активности, каде се нивните излегувања?

Ако се на факултет и од друг град не те оправаат по 150-200 евра месечно по дете.

А каде се хоби на возрасните, или како генерациите што не одгледаа нас: штрби, иста облека по 5 години, ќе трпи цел ден на работа со едно киснато од 15 денари, ќе дрнка фичо или застава 101, скапана рака да пикаш во кошевите и крилата, и повеќе ќе биди под неа, отколку во неа.

Еве јас решив дека во живот нема да правам дете ако мора да живее така, јбг, поарно ќе седам самиот и кога ќе остарам ќе спичкам се, ама нема шанса да осудам некој како што сум растел јас. Работам цел живот, од 4-5 години бев нон стоп во нива, после 10-12 веќе во земјоделие ги имав истите задачи со возрасните, уште додека студирав почнав да работам во приватен сектор, и од тогаш не сум застанат. Фактички во CV наместо 10 години искуство, треба да ставам 25, законски гледано за 10тина години може да фатам цела пензија :D

Пристоен живот по мене е средна класа, се подоле од приходите што ги пишав во претходен пост веќе си бара правање финти и комбинации, не дека нема да преживееш или ќе треба да се обесиш, ама ќе се стискаш на секој чекор.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Можеби нема да ти овозможат пристоен живот во Македонија, ама ќе имаш можност да ја користш секоја прилика да излезеш од таму и да прошеташ. :)
Подобро тогаш да се отселиш од Македонија, ако единствените среќни моменти ти се кога не си во неа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom