Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Подобро тогаш да се отселиш од Македонија, ако единствените среќни моменти ти се кога не си во неа.
Од каде сега јас во муабетов? Ти ја опиша како болна и апатична и дека ни 5000 евра примања не те спасуваат.
 
Од каде сега јас во муабетов? Ти ја опиша како болна и апатична и дека ни 5000 евра примања не те спасуваат.

Не мислев конкретно на тебе, мислев дека секој оној на кого единствените среќни моменти му се кога не е во Македонија, треба едноставно да замине странство. Мислам што е поентата на живеење во Македонија и со 5000 евра примања, ако живееш само за оние моменти кога не си во неа.

Инаку, Македонија е болна до сржта, и тешко дека има спас за неа. Не само што е сиромашна, самата суштина е исцицана од неа. Нема човечки капитал кој може да ја смени оваа состојба.
 
Пристоен живот (средна класа) воопшто не е субјективна категорија, туку чиста математика, барем како што гледам. Тоа значи покриени сите животни потреби (рата за стан/кирија, рата за автомобил, рата за покуќнина, режиски трошоци, храна и облека) кои требало да бидат максимално 80% од примањата + 20% за бркање ќеиви.

Ова за Скопје за просечна фамилија (2 родители + 2 деца):
800 еур за рата за стан од 80м2 по 1500 еур од квадрат на 30 години (барем спрема овие калкулатори од МК банките)
300 еур за рата за потрошувачки кредит од 30000 еур за покуќнина и ново возило на 10 години
300 еур за храна и хемија
150 еур режиски трошоци, интернет, телефони и сл.
100 еур за облека
50 еур за дизел
50 еур останати трошоци

Ова значи месечни трошоци од 1750 (80%) за потреби или вкупно околку 2200 еур. Плус и задолженоста не би требало да поминува над 50% од приходите што е точно во нашиот случај.
 
Не мислев конкретно на тебе, мислев дека секој оној на кого единствените среќни моменти му се кога не е во Македонија, треба едноставно да замине странство. Мислам што е поентата на живеење во Македонија и со 5000 евра примања, ако живееш само за оние моменти кога не си во неа.

Инаку, Македонија е болна до сржта, и тешко дека има спас за неа. Не само што е сиромашна, самата суштина е исцицана од неа. Нема човечки капитал кој може да ја смени оваа состојба.
Од каде идејата дека единствени среќни моменти на некого би му биле надвор од Македонија, ако сака да шета? Па што знам ако ме прави среќен да ги видам еднаш пирамидите, Кинескиот ѕид или Мачу Пикчу, сигурно нема да ме направи среќен да го поминам животот во нивна близина.

Што мислиш ти нема кисели фаци на западот? Само кај нас се кисели фаците? Киселите фаци се всушност донесени тука од западот, кога ги усвоивме западните вредности. И ако ти сметаат киселите фаци, пробај некогаш да му ја одкиселиш фацата некому пошто најверојатно кисела му е фацата пошто и он во тебе гледа кисела фаца.

Во муабетов тебе ни 100К месечно ни живот во Монте Карло нема да те извади од депресијата што ја прикажуваш.

Збориме за тоа колку е потребно за пристоен живот во Македонија, а не за тоа како да станеш среќен. Едното е економија, другото е психологија. Немаат врска едно со друго. Мене дупките на патиштата не ме прават несреќен, ниту пак парите ме прават среќен. Едноставно кога си нереќен, ти смета све...

И од каде тоа дека нема потенцијал, секоја година расте буџетот. Не е тоа показател дека секоја година се вртат повеќе и повеќе пари? Како се вртат пари ако нема човечки капитал... Од небо ли паѓаат парите.
 
Последно уредено:
За тие што кажуваат 2000 евра, ај малку реалност да и дадеме на темава.
Просечна нето плата во западна Европа е 3000 евра. Значи медианата и реална просечна во западна европа е 2500.
Просечна нето во понапредните делови на источноевропскиот блок Естонија, Словенија, Чешка, Полска е 1000/1200 евра.

Не е возможно пресметката да е да ти требаат во Македонија исти плати како во Словенија или Финска(ако е еден вработен) за пристоен живот. Тоа не оди.
 
Темава (барем колку што јас ја разбрав) не е за тоа какви можности имаме ние, туку главниот фокус е ставен на тоа колку е потребно за едно 4 члено семејство да има пристоен живот.
Зборуваме за како треба да биде, а не за тоа како е.

Зарем годишен одмор треба да се смета за луксуз? Работиш во текот на целата година и потреба е да можеш да си дозволиш да одиш на море, планина и сл. А не е луксуз.
 
Maлку ја измешавте темата со среќен живот vs пристоен живот. Никој никаде не напиша дека ако оди на 2 одмора, дека автоматски ке биде среќен во животот. Имаш луѓе што патуваат скоро секој викенд, но се мизерни.

За тие што кажуваат 2000 евра, ај малку реалност да и дадеме на темава.
Просечна нето плата во западна Европа е 3000 евра. Значи медианата и реална просечна во западна европа е 2500.
Просечна нето во понапредните делови на источноевропскиот блок Естонија, Словенија, Чешка, Полска е 1000/1200 евра.

Не е возможно пресметката да е да ти требаат во Македонија исти плати како во Словенија или Финска(ако е еден вработен) за пристоен живот. Тоа не оди.

Тука зависи што сакаш од животот и со колку можеш да се убедиш дека ти е доста. Јас сакам мојата плата да ја споредувам со Норвешка, Шведска и останати напредни држави. Имам другар кај мене на работа на кого $1500 плата му се ок за живеачка, и не сака да вложи повеќе време и труд за да добие многу повеќе.
 
За тие што кажуваат 2000 евра, ај малку реалност да и дадеме на темава.
Просечна нето плата во западна Европа е 3000 евра. Значи медианата и реална просечна во западна европа е 2500.
Просечна нето во понапредните делови на источноевропскиот блок Естонија, Словенија, Чешка, Полска е 1000/1200 евра.

Не е возможно пресметката да е да ти требаат во Македонија исти плати како во Словенија или Финска(ако е еден вработен) за пристоен живот. Тоа не оди.

Реалноста е таа зашто трошоците за живот се тие. Не си ги вадиме цените од ракав, ете повеќе членови пишаа колку вреди рата за стан, кола, храна, итн. Храната веќе не е евтина во државава, единствено уште е можеби поевтино станбеното прашање, за кое исто сите ги знаеме цените колку се кренати последнава година-две.
Значи, темава е бројки, а не кој со колку може. Луѓе и со 200 евра тераат некако, али не е тоа поентата на темава.

За луѓе во внатрешноста, и за луѓе кои веќе се обезбедиле со стан/куќа, па и од дома уште нивните им ги даваат платите, пензиите и остало, можеби е далеку помалце.
Али ако треба двајца работоспособни луѓе сами да гледаат бар уште две деца, тие се трошоците.
 
Храната веќе не е евтина во државава,

Храната во Македонија, ако гледаме во апсолутни бројки, а не во однос на платите, е една од најефтините во Европа, ако не и најефтина. Често го слушам тој муабет од нашите иселеници кога ќе дојдат тука, абе цените на храната бо Австралија исти како тука во супермаркет. Потоа одиш зачуден да провериш на Numbeo и гледаш дека најчесто се 2 до 3 пати повисоки на скоро сите продукти, освен на млекото, а на овошјето и зеленчукот се повисоки 4 до 5 пати. Во Македонија во сезона, овошјето и зеленчукот се џабе.

Освен ако овој сајтот Numbeo не лаже, не сум многу шетан, ама овде има доста кајганџии кои се странство, па тие нека споредат цени од прва рака.
 
Можеби нема да ти овозможат пристоен живот во Македонија, ама ќе имаш можност да ја користш секоја прилика да излезеш од таму и да прошеташ. :)

Апсолутно.
Се расправав на времето на оваа тема со другари, и они сите ми тврдеа демек исто било во Македонија со 500 ЕУР плата и во Малта со 1200 ЕУР во поглед на трошоците.
Епа не е, и ова што го пиша ти е истото што и јас го тврдев.
Ако со 500 ЕУР ти останале на крај месецот 10%, исто толку процентуално гледано ќе ти останат и во Малта, само што во Македонија ќе имаш 50 ЕУР а во Малта 120 ЕУР. На крај од годината човек што работи во Малта ќе има скоро 1500 (нели ако трга по 10% од секоја плата) а тој во Македонија 600.
А кога ќе идеш на прошетка, не добиваш попуст на хотелот или ресторанот затоа што си Македонец. Истотака и цената на одредени работи како компјутер, кола, облека се горе доле со иста цена секаде во Европа, па така пак Македонецот е тој кој не може да си дозволи и секогаш кога ќе иде во странство ќе јаде во МекДоналдс.

На темава, малку ми е нејасен овој Лихтенштајн со тие негови тези за тоа како се живеело порано и дека требало благодарни да сме што сега не сме спиеле со домашните животни. Ваљда јасно му е дека е 2021 и дека луѓето туристички патуваат во вселената и дека работи како интернет, компјутер, телефон треба да се финансиски достапни за секого а не да се споредуваме со одредени нации од Африка и да викаме - ќути има и бетер.
И да, годишен одмор, кола, студии за децата, џепарлак нивни и сите останати ствари претходно споменати се дел од нормална живеачка. Тоа што македонците мислат дека некој е богат затоа што има Опел Корса од 2012 е многу погрешно.
 
Чекај, ќе пробам да ти објаснам што сакав да кажам. Во основа на еден човек за квалитетен живот не му е потребно многу. Храна, вода, засолниште, удел во животот на заедницата, секс и емотивен живот. Пред само еден човечки живот, најголем број од луѓето немале скоро ништо од сето тоа. Историјата на човештвото е историја на неговите страдања. Во само еден век, најмногу заради нафтата, човештвото направи огромен скок, па сега еден просечен жител на една западна држава во основа има поквалитетен живот од еден крал или цар од пред неколку века.

И наеднаш луѓето се заиграа. Сега сакаме два до три одмори, шопинзи, менување на комјутерот или мобилниот на две години, намештај што ќе ми одговара на бојата на мачката, силиконски цицки за љубовницата, и така во бескрај. На тој начин мислиме дека си го подбриваме квалитетот на животот, што е во основа погрешно. Еднаш кога најосновните потреби на човекот се задоволени, среќата треба да се бара на друго место, а не во трошењето пари.
 
Храната во Македонија, ако гледаме во апсолутни бројки, а не во однос на платите, е една од најефтините во Европа, ако не и најефтина. Често го слушам тој муабет од нашите иселеници кога ќе дојдат тука, абе цените на храната бо Австралија исти како тука во супермаркет. Потоа одиш зачуден да провериш на Numbeo и гледаш дека најчесто се 2 до 3 пати повисоки на скоро сите продукти, освен на млекото, а на овошјето и зеленчукот се повисоки 4 до 5 пати. Во Македонија во сезона, овошјето и зеленчукот се џабе.

Освен ако овој сајтот Numbeo не лаже, не сум многу шетан, ама овде има доста кајганџии кои се странство, па тие нека споредат цени од прва рака.
Комшија мој во Германија секогаш месни производи купува кога му е рокот пред минување, цените му ги намалувале. Среќно во Македонија вака.
 
4 члено семејство...600 евра за јадење, 70 евра сметки за телефони и ТВ, 50 евра за струја, 50 евра за греење, 80 евра трошоци за кола, 150 евра за кафе и сл., 80 евра за одмор, 40 евра гардероба, 20 евра хемија.
Тоа се по 35000 денари две плати, под услов да е стамбеното прашање решено, а ако не е тогаш 300 до 400 евра месечно ќе одат за стан, и му доаѓа негде две плати по 45000 денари. Ова е некој минимум пристоен живот.
Може да се шпара на јадење, гардероба, телефони, искачање и т.н. ама се тоа го прави животот не толку атрактивен.
 
80 евра за одмор,
80 евра по лице рачунаш или?:cautious:
Ако се вкупно, тогаш дома за се одмараш 10 дена ќе потрошиш повеќе од 80 евра:icon_mrgr: или евентуално, каде има одмор за 80 евра да одам и јас :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom