Колку купувате Македонски производи - Made in Macedonia ?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Прашањето е едноставно. Колку купуваме Македонски производи.
Дали кога пазарите во супермаркет внимавате на потеклото на производот,дали е Македонски или не.. ?
Ја лично гледам секогаш тоа да е наш производ,така ја стимулираме економијата,нели :wink: што за нас е многу битно,со оглед во каква економска состојба живееме.


 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Купувам се што може да се купи, а што е направено во Македонија.

Најчесто цигари :)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Најчесто се купувуваат овие секојдневни работи леб сол масло сличо. Но за блузи фармекри такви работи многу ретко незнам од која причина. Многу едноставни ми ги прават работите секако дека има исклучок ама стварно треба да се трудиме повеќе.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Mислам дека кај нас сеуште постои синдромот дека тоа што е туѓо е поквалитетно..
за жал.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Се што е на исто или слично рамниште со квалитет со странското, а е наше го купувам. пр: Млеко Битолско, После Свидмилк сеа пак Битолско, др млечни производи и друга исхрана.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Mислам дека кај нас сеуште постои синдромот дека тоа што е туѓо е поквалитетно..
за жал.
Не се, али поголемиот дел од производите се навистина поквалитетни, а останатиот дел од продуктите кои сакам да ги купам или не се произведуваат во Македонија, или се со полош квалитет и повисока цена од странските. Гледам да купувам македонски производи, ама, сигурно нема како глуп по секоја цена да купам нешто наше кога има поквалитетен странски производ по поефтина цена.

Еве на пример, си купив бојлер од Леов (Велес) пред некоја година и сум презадоволен. Ем поефтино, ем брка работа :)
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Секогаш гледам прво дали е македонско.

Овае кога одам во супермаркет, по најосновните работи (леб, млеко итн). За останатите не знам дали има доволна понуда. Но како и да е, помагаме колку што можеме. :helou:
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
најчесто купувам прехрамбени продукти
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
212
Поени од реакции
12
Се што е македонско ,а квалитетно го купувам со предимство(прехрамбено и непрехрамбено).Е сега се разбира нема да земам чоколадо од Европа,место Милка.Ама земам Стоби флипс место оние српскине.
За вина сме цареви.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Купувам, а и понекогаш јавно размислувам кога сум во продавница кога треба нешто да се купи, а имам избор, македонско и туѓо. Агитирам за македонското...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Купувам се што може да се купи, а што е направено во Македонија.

Најчесто цигари :)
Sekoja chest be MASHKO-
i jas isto,
ama poshto zabranija - ke si kupuvam stranski- da ne mi e krivo
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Да купувам колку што е можно повеќе македонски производи, нели со тоа се јакне домашната економија.:smir:
Исто така се трудам да купувам што е можно повеќе производи од градот од кој што сум (Прилеп :)), најчесто тоа се пијалоци од пиварата (не ви ги купувам вас Скопјани, Скопско и Кока кола :)), што исто така придонесувам (колку толку) за локалната економија.

Еве на пример, си купив бојлер од Леов (Велес) пред некоја година и сум презадоволен. Ем поефтино, ем брка работа :)
И јас исто, мислам беше 7000 денари и е поефтин од другите и досега сум немал(е) проблеми. :)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Купувам македонски производи ако се добри и квалитетни.
А во последно време има доста фабрики од познати фирми кои произведуваат во Македонија.
Ама од друга страна многу се нервирам што многу наши компании прават посебни тури за Македонија, а посебни за извоз т.е за странство.
Европа чоколадите се ужас. Ама Европа кога произведува за извоз е тие тури се многу убави и со друго чоколадо, млеко и други лешници.
Или во Штип во фабриките за гардароба убавата гардароба се продава низ странство, а неубавото она шкарт го даваат во македонски продавници. Или Баргала чевли мора да одам во Штип да купам од фабриката, зашто никаде на друго место ги нема. А во странство се извезуваат за високи цени и познати брендови.
Тоа ужасно ме нервира. Нашиве фабрики пред се произведуваат за извоз, а кога треба ние да купиме е тогаш го даваме она просечното, најдоброто се извезува. Кога ќе има изедначеност ист извоз и исто за македонците, е тогаш ќе почнеме повеќе да си ги цениме производите и брендовите!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom