Колку го сакате/сте го сакале школото ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ApocaLypTo
  • Време на започнување Време на започнување
Што би правел ако го нема школово ? Ќе седам дома , на улица , и ред без врска работи. И да го сакам , доколку учителките би биле помлади , да нема толку за учење...уф би било совршено.
 
Па го сакам заради дружбата,случките и глупостите што се прават,најмалку заради учењето.
 
Олвејс ХЕЈТ скул ! Неможам да се наспијам... Професори ми полнат глава и то е то.... Само некад ради другари ми е интерсно...
 
Мислам,доколку заборавам на школскиот систем,можам да кажам дека го сакам школото како институција.Не мислам да ги заборавам тие правила,цели,ниту целосно нешто,туку само да заборавам колку е празен со избор внатре.Пред се,го сакам школото,зашто покрај работи што ми се наметнати да ги изучувам,нуди и можност за создавање интереси.Мое гледиште е дека е најдоброто место за создавање искуства(од сите сфери)
 
Школото го сакам како институција за социјализација и дружење, како можност за надградба на умот и стекнување на нови пријателства, љубови и сл. Не би можел да го замислам мојот живот без годините поминати во школо, всушност тие се најубавите години во животот, кога главната работа и "задача" е да станеш и да одиш на школо, да си поминеш најдобро и да не се сеќираш за ништо, за разлика од постарите.
 
си го сакав бе, многу. и сега ми фали :pipi:
 
Го сакам највише поради учењето.
Ич не учам. xDD
 
Го сакав кога одев во забавиште :) цел ден само си играш..а учење јок! А сега, само го сакам по дружења и запознавање на нови фаци.
 
Кога ќе завршиш ќе видиш колку ќе ти фали...
Немора да значи! Јас завршив, и единствено позитивно во цело средно ми еше што научив на најтешкиот начин како изгледа средбата со лицемерни луѓе! Не го сакав средното, и не би посакал да се вратам пак! Нормално дека запознав и доста лојални другари, со кои што контактирам секој ден но тоа е само една светла точка.... доста голема тема што би требало да ја разјаснувам на долго и широко, а нема смисла за тоа
 
Отсекогаш сум била одличен ученик со сите петки. Искрено до пред година - две мислев дека ако ок онака го сфатиш школото сериозно и учиш и се ќе ти биде ок, ќе ти го ценат твоето знаење. Ама после кога видов како поминуваат некои копуци што книга не фатиле и 2+2 не знаат колку се... Ем ќе се изнашетаат ем пак одлични ќе поминат. И во 3та го фатив и јас тој ритам, секогаш кога ќе ми се пружеше прилика си одев од час, ќе си густирам кафенце некаде во некое кафуле, па зезанции, па кога ќе сфатиш дека никој не е на час уште помило ти паѓа што не си ти таа будала да седиш на час:pos2: и така можам да кажам дека го засакав школото. А иначе најмногу што мразам е станување од сабајле...леле значи погрдо нешто нема. Успан никаков од сабајле. И го мразев поради некои предмети што не ги сакав. Како математика, хемија... А со душа ги чекав јазиците, биологија, правото... И си имам грди спомени од некои професори клошарчиња кои сега откако не ми предаваат ми доаѓа да ги плукнам во фаца, али сепак не сум јас таква некултура сепак имам почит, иако тие немале :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom