Ете јас ке ги спомнам и проблематичните и омилените, се важит така ?
Најпроблематичен и најмногу шо го неќев беше предметот математика
. Толку многу не ми одеше и толку многу го неќев шо праев се и сешто само да не слушам и да сум надвор, физика разбирав ни горе ни долу, ама ми беше проблематика понекогаш невидена втор на листата, трет германски не ми беше толку проблематичен предмет ама шо имав една катара од професор то незнам, то нешто невидено, одвратна искомплексирана грдотија ми се бљваше одма чим ја видев. Ради неа цела проблематика си ја напрајв со овај предет воедно и многу малку научив, ах керата.
После то се опрај некако работата продолжив понатаму ново напредно образование пак Германски, и оп од прв час се заљубив во та професорката
, нон стоп се жалев дека не ми е јасно па стани оди до катедра, па ајде после и реков прва клупа, па не прва па втора абе чим беше на табла морав в гас да ја пуљам
, во еден момент кога ме викна в канцеларија таа ми поставува прашање а јас и вратив Професорке мажена сте ? Абе шо си мислев ни самиот незнам.
Психологија го отварам учебникот читам 20 страни и реков ова јас нема шанси да го учам и го фрлив в котлара, без учебник ни тетратка апсолутно ништо, професорката предава и секоја час апсолутно секој час јас морав да влезам во дебата со нејзе, часовите вака излгедаа првин таа предава до негде, ја прекинувам па јас почнувам да предавам до крајот на часот и да се карам, 1 година цела не предаваше дури јас не излезев од просторијата не предаваше типката, ја газев со аргументи, факти, реалности и сите години имав 1 и одев на полагање, на полагањата ми пишуваше 3 (по новиот закон тогаш, зш ако ми пишеше 5 ке ја репнеа нејзе) и стално ми викаше " Ко ке ми дојш комплетен на час и ко ке престаниш да се контраш со мене, тогаш поарно ке си поминиш, сега идај си сред лето", шо да ви речам сите години исто лајно останав.
Културно историско наследство и историја ми беја најомилените, в клупа акнат онака лежерно ниту пишував ниту учебник отварав само слушав цело време и ги листав книгите што ги носеа професорките, со мерак чекав да дојдат тие часови тие предавања.
Шо е ова бе олкав пост сум изнапишал засрамота, за тие шо ги мрзит да читет да сумирам:
Најпроблематични 1. Математика, 2.Физика, 3.Германски (ради 1 професорка)
Најомилени 1.Историја 2.Културно Историско Наследсвто, 3 Психологија.
Уба тема, сите пофалби.