Кои предмети ви (беа) се најпроблематични (основно, средно, факултет)?

Најпроблематичен предмет?


  • Вкупно гласачи
    117
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Не ми е јасно како сте можеле да мразите предмети како физичко... :)
Не е до предметот колку што е до професорот. Пример кај нас имаше коњ професор што на фуфиците кои седеа на клупа цел час муабет им правеше и на крај петка а на останатите кои редовно мкнеа опрема и трчаа пак пониска оценка и плус тоа си го имаше она педо во него и како после да сакаш да му одиш на такво говедо на час?
Лично физичко ми бил еден од поомилените ама додека бев во основно кога стигнав средно ради такви говеда професори што глумат авторитет а во реалност го немаат се замразува предметот.

И да не бидам скроз оф топик, најомразен предмет ми беше хемија и до ден денес основни поими не знам. А на факс, политичка економија и јавна администрација, едниот од прва година уште немам сили да седнам да го учам а вториот убиј боже со терминологии и дефиниции само за на памет учење.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Мојот професор по физичко ме гаѓаше со баскет зошто не му носев тренерки, и затоа го мразев физичкото:(
 
S

Stivie G

Гостин
И на факс сега, од сите 7 поминати семестри, најмногу мака си видов од фин. сметководство во прва година.
Ти на најлесниот си заглавил :D:D

У основно ликовно најмногу го мразев. Имавме една маваше со стап у глава кој не знаеше убаво да црта а јас за цртање тапа. Арно открив дека роднина ми била па се спасив од удирање . Еднаш едно дете и рече дебела бишко не ме удари веќе :D. У 7-мо ни дојде друг и овој сакал да ме остави на полагање ако сум сакал да имам 5 :pos:

У средно математика.

На факултетот монетарна економија и математика. Математиката ја положив бидејќи професорката даваше многу шанси :D
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Во основно имав наставник по математика што не тераше напамет да ги научиме квадратите на броевите до 20 да испаднеме на табла и да гледаме во неа и да ги кажуваме. :icon_lol: И покрај тоа обожавав математика, па и хемија и биологија.
Во средно француски ненормално ми одеше, кога ни ги кажуваше резултатите се осеќав како да сум ги знаел прашањата однапред, кога ќе ме прашаше професорката пред цел клас колку време учев за такви резултати, кажував 2 саата, а уствари не учев ич, а тестовите не беа нималку едноставни. Многу добро објаснуваше, специфична беше професорката и сфаќав. Дури и пишав состав на едно девојче од форумов пред 4-5 години, кога бев во форма.
Беше една од опциите за факултет, ама после втора се одлучив за ПМФ.

Се откажав од електро, пошо физика не знаев ништо и таа оцена што ја имав беше поклонета. Ми предаваше чичко ми и иако пред цел клас ме срамеше, као ќе ме кажел дома дека не сум учел, не се замарав и така отпадна електро од комбинација. A убеден сум дека ќе сфатев, барем за пролазни оцени на факс, ама ете не се потрудив.

На факс, на биохемија, дефинитивно најтешки систематиките на растенија и животни(кое растение во која класа, поткласа, ред, подред спаѓаат), ама запнав на крај и собрав најмногу поени и прашајте ме сеа кое растение или животно во кој ред спаѓа или како се вика на латински. :D

И предметите кај кои имавме цртање практично на факс. Уште во основно, знам дека сум антиталент, не личи на ништо тоа што го цртав и сестра ми, татко ми, мајка ми ми ги цртаа цртежите. На факс, на ваквите предмети ги праќав по автобус дома да ми ги цртаат, ама затоа не фатив некој голем просек, пошо губев бодови на практичното.
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
471
Поени од реакции
861
Ликовно и музичко труп невиден бев. Ај ликовно ќе се снајдев некако, ќе позајмев некој цртеж ама музичко беше напнато немав ич слух и осет додуша и ден денес немам:)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Средно за малку немаше да завршам заради Математика, се запишав надвор од Македонија на факултет денес дипломиран инжинер за компјутерски мрежи. Не било до мене до професорот било што незнал да објасни.
А на факс најтешко ми беше Java програмирање, нешто не ми одеше ниту пак ми беше интересно. :)
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.765
Поени од реакции
9.935
Основно и средно немав проблеми со предмети иако некои беа подосадни од останатите. На факс најверојатно Микропроцесори и Математика 1, осмици добив по овие.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.691
Поени од реакции
13.320
Не ми е јасно како сте можеле да мразите предмети како физичко... :)
Да бидам реален не дека беше одвратен, туку еден од најлошопрезентираните покрај ликовното. Физичкото требаше да те натера да спортуваш повеќе, а не да ти даде баскет и ај играј си. Тоа може да ти се деси и во маало коа ќе те викне другарче. И во основно, и во средно физичкото беше премлако предавано, барем од луѓе што сум чул и сам сум искусил. Еднаш ако не` однесоа до Средно Водно и тоа на Факс.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.799
Во основно најомразен предмет ми беше музичко и ме тераше на повраќање кога ќе видев дека тој ден по распоред треба да иам музичко.

Наставник ми беше познатиот Ване Јовчев кој свири на сајзер(ваљда) у Синтезис и дечкото сметаше дека сите мораме да свириме на флејта и тоа баш профи свирење.
Маваше со флејти, делеше кецови големи ко шифоњер и ги исмеваше оние што не знаеа да свират.

Ја бев детиште што го интересираше фудбал и 24/7 бев преокупиран со тоа и едноставно музиката не ме влечеше и нејќев да свирам на некој инструмент ама господинов ми ја еба мамата и секогаш на крај морав да научам 1-2 песни за да ми биде оценката 4ка.

Кога завршив 8мо оделение ги фрлив тие гнасни флејти и поеќе си немав проблем со тоа.

А ти Ване педерче едно се надевам дека си го сменил начинот на кој ги "образуваш" и "зближуваш" новите генерации со музиката.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Математика... Во средно немав ни 2-ка добиено за сите четири години, ама буквално ни задача решено. Толку сум труп, за тоа што можеш и на ситни бројки да ме зафркнеш. Среќа што бев редовен и имам други поасални оценки, па не можеа во никој случај да ме бутнат ради тоа. Мислам дека на таа по математика и бев ноќна мора, а и богами таа на мене. :pos:
Историја, Социологија, Географија, Психологија, Теорија на Уметност, Македонски, Физика, Спорт ми беа омилени. Знам дека Проектните Активности преку глава ми беа. врска немаа... и скоро и никогаш и не ни идев.

Да бидам реален не дека беше одвратен, туку еден од најлошопрезентираните покрај ликовното. Физичкото требаше да те натера да спортуваш повеќе, а не да ти даде баскет и ај играј си. Тоа може да ти се деси и во маало коа ќе те викне другарче. И во основно, и во средно физичкото беше премлако предавано, барем од луѓе што сум чул и сам сум искусил. Еднаш ако не` однесоа до Средно Водно и тоа на Факс.
Играње кошарка и фудбал со топки за одбојка, а во зима тресење беше во надворешната сала ГУЦ. :pos:
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Во основно и средно математика, хемија и физика.Во основно математика се отепував од учење и решавање задачи, ама кога нема човек дарба за тоа нема.Хемијата ја замразив заради еден професор кој не оценуваше објективно и си имаше миленици меѓу учениците, а физиката не ми беше по мерак.Во средно за малку ќе имав 5 по математика ама ми се погоди материјалот на почетокот во прва со логички константи а и пресметувањето плоштини енд стаф го владеев.Ме заебаа само проклетите мономи и полиноми за кои и ден-денес врска немам која им е финтата.:DНа факултет немав никакви проблеми со предметите оти студирав тоа што најмногу сакав и сè ми одеше како подмачкано.Инаку предметите што најмногу ги сакав ми беа англиски, македонски и психологија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.679
Поени од реакции
70.919
Со математика, хемија и физика никогаш сум немал проблеми. Стандардни петчиња :icon_mrgr:
Во основно бев најдобар математика, во средно меѓу најдобрите (имавме стварно добри математичари во клас, ама тие беа воглавни ученици што по секој предмет СЕ знаеа :D).
Во средно единствен проблем ми беше Англиски, но само ради личниот проблем со професорката, па толку го имав замразено предметот, што од самата помисла ми се повраќаше :icon_mrgr: Заокружив Англиски, но мислам дека згрешив.
Од аспект на тежина на материјалот, најголем проблем во средно (во основно не ми било ништо проблем) ми била биологија.
Едноставно не ме интересираше тоа, плус лекциите беа километарски и секогаш ме мрзеше да седнам да учам :facepalm:

Среќа што музичко, физичко и ликовно во средно не ни влегуваа во просек. За цртање сум хендикеп, а таа професорката очекуваше дека сум факинг Пабло Пикасо. Што и да нацртав 2-. Затоа секоја година имав "постигна основно ниво" ака 2-ка, за која кур ме болеше пошто не влагаше во просек.
Па и не ни одев многу многу на овие часови, повеќе ми се фаќаа како слобосдно време :icon_lol:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Да бидам реален не дека беше одвратен, туку еден од најлошопрезентираните покрај ликовното. Физичкото требаше да те натера да спортуваш повеќе, а не да ти даде баскет и ај играј си. Тоа може да ти се деси и во маало коа ќе те викне другарче. И во основно, и во средно физичкото беше премлако предавано, барем од луѓе што сум чул и сам сум искусил. Еднаш ако не` однесоа до Средно Водно и тоа на Факс.
И додади дека скоро секој трет ден се пијани професорите по физичко. Физичко треба да се укине и на негово место да се воведе Спорт. Значи ученикот од 5 одд до 4-та средно си бира еден спорт што ќе го спортува таа година и ќе тренира како оние деца што тренираат фудбал, кошарка или слично.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.134
Поени од реакции
16.011
Основно и средно, немав проблеми.

На факултет, немам проблеми, али многу ме нервира сметководството. И тоа најобичното, и тоа финансиското, а сега иам и сметководство на менаџментот, што уште од сега се крстам како ќе најдам сили да го положам.
Сакам финансии бе, јавни, меѓународни, монетарна економија, финансиски менаџмент, каматни стапки, рецесии и инфлации, а не книжења некои. Башка и сите од таа катедра се идиоти невидени. Башка и многу од работите на кои си го цепам паметот, немаат блага веза со практиката, али ајде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom