Дефинитивно Шајзе јазикот... Во основно и средно ни се паднаа такви очајни професорки, абе незнаеа да објаснат убаво, додека во втора средно ни се падна една ѓавол жена (чудното беше што не беше стара, од оние ТИТО генерации, туку помлада). Толку ме мачеше таа, што на крај незнам како не останав на полагање. Дефинитивно нај
јазик што може да се изучува. Да имаше некако да бираш Италијански или Руски јазик, ама тешко, во школиве стриктно мора Англиски
и Шајзе
да учиш.
ОТП - И овој беше мачен, не заради тоа што правевме куќарки и авиончиња од дрво, хартија и лепак, туку тоа што професорката не тераше да го знаеме учебникот на памет. Рака на срце, на крај сите петки ни пишуваше, но такво мачење на усно испрашување уште не сум почуствувал, па вреѓање од страна на професорката... резил. Замисли бе во 21 век, место да воведеа информатика во школото (тогаш уште немаше таков предмет, а имаше компјутери школото), ние си лепевме авиончиња и куќарки. И денес уште го прават тоа.
Математика - Пуста да не остане
Спорт -
Информатика - И овој како предходните случаеви, убав предмет - катиљ професорка. Имаше во прва година држеше курсеви после часови, и нормално јас дека бев заинтересиран за овој предмет одев на тие курсеви. Плаќав месечно по 300 денари, и на крај петки редев. Во втора година школото забрани веќе да се држат курсеви, и ја гледаш оваа почна да ги дере сите, почна да се замислува, излезе сељачкото во нејзе на виделина... а додека и давав пари за курсеви, можеше да ми лижи... знаете... Лицемерка
Бизнис - Некако ми се трефна во втора година да ми предаваат најпроблематичните професорки во цело школо. Така и по овој предмет... до последен час незнаев дали ќе одам кај нејзе на полагање или не. А и во прва година нешто не беше нај-нај професорот, иако вака за муабет и зезање беше закон човекот.
______________________________________________________________________________________
Тоа е тоа, можеби не ги спомнав
Физика и
Хемија, дека воопшто не се замарав со овие предмети... во основно професорките беа одлични, а во средно не ги ни имаше во наставната програма
.
Англиски, Историја, Географија, Биологија, Право, Социологија... итн, тие секогаш ми биле боза предмети. Со едно читање се запамтував, не ни морав да повторувам пред тестови/испити