Кои предмети ви (беа) се најпроблематични (основно, средно, факултет)?

  • Креатор на темата Креатор на темата thebuddhatet
  • Време на започнување Време на започнување

Најпроблематичен предмет?


  • Вкупно гласачи
    117
Имаше една јака за математиката одеше вака: "Јас на факултет учев два странски јазика, англиски и математика".
Баш ја опишува ситуацијата...
 
Математика сум катастрофа..

И при изборот на факултет гледав да нема математика кога и таму ни лупнаа математика од широката листа на уким, ти ебам среќата :D


Не си гледал доволно, само правен за тебе!
 
Не си гледал доволно, само правен за тебе!

Беше опција и правен ама на крај друго одлучив, филозофски и филолошки не се за мене...

Како и да е ќе се снајдам и ќе положам математика не е до толку страшно :D
 
Методологија на истражување на безбедносни појави. Предметов е микс од македонски јазик, биологија, математика, физика, филозофија, латински и уште 100 други предмети. Скоро и невозможен е за сфаќање
 
Физика во средно, а електротехника и микропроцесори на факултет. Никогаш не ги сфатив овие задачи и тие глупавите закони и цртежи.
Друго се си сакав, највеќе математикa и програмирање. :D
 
Математика дефинитивно. Најголем успех ми е 4ка на тест. Отсекогаш ми била проблем, и во основно, и во средно, среќа на факултет немам математика. Ама у глобала е така затоа што никад не ни седнав да ја вежбам.
После физика и хемија, ама со нив немав проблеми оти имав пропалитети професори кои доаѓаа пијани на часови и пишуваа петки. Така да успешно си го завршив основното со овие предмети и веќе не ги сретнав во мојот живот:D
 
Најпроблематични ? Дефинитивно со професорите.Ради дискриминација и изолација! :)
 
Пустата математика во средно сите 4 години во август ја полагав, а на факс ја положив почеток на трета година , а се учи во прв семестар :D
 
^ И мене не ми е јасно како може некој да мрази математика и географија :D
Моите омилени предмети од основно и средно.

Инаку најпроблематичен ми беше англиски... :(
 
Ете јас ке ги спомнам и проблематичните и омилените, се важит така ?
Најпроблематичен и најмногу шо го неќев беше предметот математика :sick:. Толку многу не ми одеше и толку многу го неќев шо праев се и сешто само да не слушам и да сум надвор, физика разбирав ни горе ни долу, ама ми беше проблематика понекогаш невидена втор на листата, трет германски не ми беше толку проблематичен предмет ама шо имав една катара од професор то незнам, то нешто невидено, одвратна искомплексирана грдотија ми се бљваше одма чим ја видев. Ради неа цела проблематика си ја напрајв со овај предет воедно и многу малку научив, ах керата.
После то се опрај некако работата продолжив понатаму ново напредно образование пак Германски, и оп од прв час се заљубив во та професорката :pos:, нон стоп се жалев дека не ми е јасно па стани оди до катедра, па ајде после и реков прва клупа, па не прва па втора абе чим беше на табла морав в гас да ја пуљам :pos:, во еден момент кога ме викна в канцеларија таа ми поставува прашање а јас и вратив Професорке мажена сте ? Абе шо си мислев ни самиот незнам.
Психологија го отварам учебникот читам 20 страни и реков ова јас нема шанси да го учам и го фрлив в котлара, без учебник ни тетратка апсолутно ништо, професорката предава и секоја час апсолутно секој час јас морав да влезам во дебата со нејзе, часовите вака излгедаа првин таа предава до негде, ја прекинувам па јас почнувам да предавам до крајот на часот и да се карам, 1 година цела не предаваше дури јас не излезев од просторијата не предаваше типката, ја газев со аргументи, факти, реалности и сите години имав 1 и одев на полагање, на полагањата ми пишуваше 3 (по новиот закон тогаш, зш ако ми пишеше 5 ке ја репнеа нејзе) и стално ми викаше " Ко ке ми дојш комплетен на час и ко ке престаниш да се контраш со мене, тогаш поарно ке си поминиш, сега идај си сред лето", шо да ви речам сите години исто лајно останав.
Културно историско наследство и историја ми беја најомилените, в клупа акнат онака лежерно ниту пишував ниту учебник отварав само слушав цело време и ги листав книгите што ги носеа професорките, со мерак чекав да дојдат тие часови тие предавања.
Шо е ова бе олкав пост сум изнапишал засрамота, за тие шо ги мрзит да читет да сумирам:
Најпроблематични 1. Математика, 2.Физика, 3.Германски (ради 1 професорка)
Најомилени 1.Историја 2.Културно Историско Наследсвто, 3 Психологија.
Уба тема, сите пофалби.
 
Оф леле, не го прочитав насловот добро па македонски сум одбрал, мислев омилен пишува... :facepalm:

Он-топик: Историја, не ми беше проблематичен, туку досаден, предосаден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom