Со сета почит, ама за да кажеш какви се поголемиот дел од скопјани, истите треба да ги знаеш. Ти си запознал само група нафурани навивачи и мислиш сите се такви. Да, да, секоја вечер кај нас се организираат паради со навивачки групи и ги вреѓаме „сељаците“. Факт е дека поголемиот дел скопјани немаат ама баш никаков проблем со другите градови, а не се ни замараат со тоа.
И јас сум имала понекое лошо искуство со охриѓанки и битолчанки, почнаа да пецкаат и дофрлаат за нас „идиотките скопски“.:drkdrk: Сегде има такви малоумни, и во Скопје и во сите други градови. Секој со три грама мозок не би се замарал со такви провоцирачки доскочици, едноставно затоа што не се вредни за никакво внимание нити каква било друга реакција. Ако помогнам при лечењето комплекси на некој што не е од Скопје со тоа што ќе ме окарактеризира како дигната, шмизлетина, празноглава супер. Јас никогаш сум немала предрасуди, а само заради неколкуте пореметени што постојат, немам намера ни да почнам да ги имам.
Не знам за вас, ама си ја сакам Македонијава (иако имам потекло од град што е колку цела Македонија) и глупо ми е кога гледам препуцавања заради градови, кога има други посериозни проблеми што чекаат решавање во државава.
Не знам чија е вината за ваквата глупа сепарација по градови (ебате големите градови, вклучувајќи го и Скопје), ама во секој случај е глупа работа. :svashta: