Кои градови се сакaат меѓу себе?

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Приметувате дека сите викате секоја чест на исклучоците?
Не се обидувам да бранам сега никој... али... можеби баш тие што свиркале, или што се тепале се исклучоците? Додуша... не е ни битно... апсолутен нонсенс е да генерализираш (да не речам дискриминираш) по град, нација, вера, образование.... а... да... стереотип се викаше тоа... bad BAD thing! :nenene:
 
F

fantomX

Гостин

Па затоа се вика исклучоци, бидејќи не се сите, да речам дискриминатори и не може сите да се ставаат во ист кош
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Јас на одмор лани се запознав со многу скопјани и никој не ме омаложуваше,(уште то му требаше и:violent1::pos:)а иначе разбрав се затепали мои другари со скопјани и го папале овие од ск :pos2:.
Мене досега никој ме нема дискриминирано и ако ме знај шо следва:pishtoldz
и што??? :tapp::tapp::tapp:
гаден фраер си што може да го истепа секој од Скопје???

wow.... СКОПЈАНИ ГО ПАПАЛЕ... ууу... can i touch your friends... they're my Gods...

и.... што следува ???:uvo:

бедно....
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.022
Поени од реакции
607
Ќотек шо следва.Уште прашва:tapp:
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Па затоа се вика исклучоци, бидејќи не се сите, да речам дискриминатори и не може сите да се ставаат во ист кош
Мислам дека не се разбравме најдобро... сите рекоа “секоја чест на исклучоците“... во смисол.. оние што не дискриминираат се исклучоци (да го прифатиме како коректен термин - дискриминирање). Идејата ми беше дека, можеби, баш исклучоците се дискриминаторите...

А дека не може да се ставаат сите во ист кош... да... тоа и ми беше муабетот со стереотипот .
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Не би требало да го пишувам ова... али пошто доаѓа таман на темава...
добив “репутација“ од ЈОЕ тепачот... со коментар:

ај бе шетај не се замара со тебе скопси буљаш

Ако го превидеме фактот колку тој е неписмен, ќе приметиме колку сум во право во тврдењето дека (бедните*) деца од другите градови ги мрзат Скопјани.

*Намерно е пишано бедните, пошто оние што не се исфрустрирани и искомплексирани (или тепачи, во конкретниов пример) немаат ништо против луѓето само поради тоа што се од друг град.

ЈОЕ, фала што ја докажа мојата хипотеза...
 
Добро, ама конкретно зборував за скопјани како дискримминатори исекоја чест за исклучоцитте што не се тоа
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Добро, ама конкретно зборував за скопјани како дискримминатори исекоја чест за исклучоцитте што не се тоа

Во моментов ти го праиш тоа... самиот термин “скопјани како дискриминатори“ ти е дискриминаторски. Според таа логика ти спаѓаш во “прилепчани како дискриминатори“ (од Прилеп си, така?).
И понатаму ги водиш тие што не дискриминираат како исклучоци. Поентата ми е дека (можеби) е обратно. Дека тие Скопјани (еве, конкретно) што дискриминираат се исклучоци. Јас, на пример, не знам ни еден Скопјанец што дискриминира според тоа од кој град е некој. Рака на срце, не знам ниеден таков ни од Прилеп, ни од Битола, ни од Охрид, Кавадарци, Струмица... најискрено, јас не познавам такви луѓе... сум чул за нив, сум налетал на форум на нив (некој пост погоре), но не познавам ниеден. Според моето искуство, дискриминаторите се исклучоци... :smir:
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.022
Поени од реакции
607
Не би требало да го пишувам ова... али пошто доаѓа таман на темава...
добив “репутација“ од ЈОЕ тепачот... со коментар:

ај бе шетај не се замара со тебе скопси буљаш

Ако го превидеме фактот колку тој е неписмен, ќе приметиме колку сум во право во тврдењето дека (бедните*) деца од другите градови ги мрзат Скопјани.

*Намерно е пишано бедните, пошто оние што не се исфрустрирани и искомплексирани (или тепачи, во конкретниов пример) немаат ништо против луѓето само поради тоа што се од друг град.

ЈОЕ, фала што ја докажа мојата хипотеза...
Неписмен викаш оти дијалект пишам:pos2:
Море внуче како шо те гледам ти најпојке се замараш со вишата ведност и со тоа си со комплекс,јас ти кажав не се замарам ама морав да ти реплицирам, а ако те дискриминира некој како треба да изреагираш а?
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43

Ах, пустиот ти... дијалектот не се пишува.. постои правопис на македонскиот стандарден јазик за целта пишување.
Знаеш луѓето се разбираат со збор, а животните со ќотек. Тоа е народна поговорка инаку.
Никој овде не дискримира никого туку ти така си замислил дека е. А тоа е само доказ дека оној кој пати од комплекс на ниска вредност во случајов си ти.
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.022
Поени од реакции
607
"Whatever":tapp: ке го искористам потписот на Тетовчанец мислам беше
"Никогаш не се расправај со идиот,тој прво ке ве спушти на негово ниво па после ке ве победи на искуство,и не реплицирам појке шо сакате пишете а можат админите ако сакат да ги избришат мислењата што се вон темата а ги има многу.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Сакаш да кажеш дека исклучиво Скопјани навредуваат? Или исклучиво Струмичани? :toe: Мислам дека тоа нема везе со тоа од кој град си.

За согласувањето... јас се согласувам со сите Струмичан(к)и што ги знам :)

он топик:

Јас сеуште стојам на тврдењето дека другите градови се негативно настроени кон Скопјани... имам и примери да го поддржам тврдењето... али да не замарам ептен :) ...
Јас реков генерално земено. Темата е таква.
Се разбира дека не се однесува за сите туку општо мое мислење.
 
F

fantomX

Гостин
Во моментов ти го праиш тоа... самиот термин “скопјани како дискриминатори“ ти е дискриминаторски. Според таа логика ти спаѓаш во “прилепчани како дискриминатори“ (од Прилеп си, така?).
И понатаму ги водиш тие што не дискриминираат како исклучоци. Поентата ми е дека (можеби) е обратно. Дека тие Скопјани (еве, конкретно) што дискриминираат се исклучоци. Јас, на пример, не знам ни еден Скопјанец што дискриминира според тоа од кој град е некој. Рака на срце, не знам ниеден таков ни од Прилеп, ни од Битола, ни од Охрид, Кавадарци, Струмица... најискрено, јас не познавам такви луѓе... сум чул за нив, сум налетал на форум на нив (некој пост погоре), но не познавам ниеден. Според моето искуство, дискриминаторите се исклучоци... :smir:
Добро, ама ај прочитај го на претходната страна мојот последен пост, па и други примери кои немам време да ги набројувам, па види зошто имам такво мислење :smir:
 
асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
јас мислам битола и ресен се некако поврзани, шо знам, има некоја посебна енергија во битола...
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Кога реално би зборувале, ги има многу скопјани кои мислат дека тие се главни, се друго е ништо. Секоја чест за исклучоците. Само би навел, кога победа вардар играа во прилеп, комитите викаа прилеп е село, одете си на тутун, кога играше победа со хамбургер во скопје,исто, еден мој другар беше на некое организирано патување во скопје со деца од цела македонија, кога ги прашале скопјаните дали биле во прилеп, си шепотеле ,,што бараме во тоа селото, лично кога со возав нис скопје, кога не видоа оти сме со пп регистрација не отепаа со свирење,итн,итн,итн... Јас лично имам другари во скопје и сум немал искуство некој да ме понижува но од овие работи што ги наведов доволно зборува што мислат поголемиот број скопјани за останатите градови, секако секоја чест на исклучоците
Со сета почит, ама за да кажеш какви се поголемиот дел од скопјани, истите треба да ги знаеш. Ти си запознал само група нафурани навивачи и мислиш сите се такви. Да, да, секоја вечер кај нас се организираат паради со навивачки групи и ги вреѓаме „сељаците“. Факт е дека поголемиот дел скопјани немаат ама баш никаков проблем со другите градови, а не се ни замараат со тоа.
И јас сум имала понекое лошо искуство со охриѓанки и битолчанки, почнаа да пецкаат и дофрлаат за нас „идиотките скопски“.:drkdrk: Сегде има такви малоумни, и во Скопје и во сите други градови. Секој со три грама мозок не би се замарал со такви провоцирачки доскочици, едноставно затоа што не се вредни за никакво внимание нити каква било друга реакција. Ако помогнам при лечењето комплекси на некој што не е од Скопје со тоа што ќе ме окарактеризира како дигната, шмизлетина, празноглава супер. Јас никогаш сум немала предрасуди, а само заради неколкуте пореметени што постојат, немам намера ни да почнам да ги имам.
Не знам за вас, ама си ја сакам Македонијава (иако имам потекло од град што е колку цела Македонија) и глупо ми е кога гледам препуцавања заради градови, кога има други посериозни проблеми што чекаат решавање во државава.

Не знам чија е вината за ваквата глупа сепарација по градови (ебате големите градови, вклучувајќи го и Скопје), ама во секој случај е глупа работа. :svashta:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom