Работниците да не потпишуваат спогодбени откази, ниту пак празни листови. Првите вакви случаи ги забележавме во странските компнаии, но и во текстилните фабрики, алармираше денеска Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип.Таа забележува дека ва
plusinfo.mk
Само едно површно лаичко прашање, зошто Тиквеш (и сличните) не ги намалат малопродажните цени за побрзо да се ослободат од залихата ако им е толкав проблем за складирање, нормално да не одат со загуба?
@Avenger99 Вака како поупатен дали е вистина дека е толку неквалитетно виното (вранецот) годинава или е напумпан муабетот?
Искрено, не им ја знам математиката на Тиквеш, меѓутоа се што напишале во соопштението стои.
Тиквеш е веројатно, најпогоден од оваа криза, затоа што речиси целото флаширано вино го продаваат во Македононија и во земјите од регионот.
Секоја винарија, како и секоја сериозна фирма си има проекција по квартал како би се движела продажбата и што да се очекува од секој еден нареден квартал. Тиквеш од март па се до јуни имаат мизерна продажба со оглед на тоа дека они го држат целиот ХоРеКа сектор.
Црвеното вино и не е голем проблем, али голем проблем е белото, кое не може долго да се чува во цистерните и мора да се флашира.
Ако се флашира, се прават залихи на флаширано вино, додатни трошици во етикети, тапи, затварачи, средства за филтрирање, палетирање, магацински простор итн итн, така да е голем ризик и да се флашира тоа вино по ланските цени.
Она што кај винариите кои што продаваат наливно вино, посебно на германскиот пазар е дека, германците си го испочитуваа договорот, значи си го купија виното од Македонија по цената што беше договорена пред корона кризата, меѓутоа за наредната година, бараат 5-10 центи пониска цена на виното. Тоа е 3-5 денари, што е голема разлика во цена.
Мовино како еден од поголемите извозници на вино на германскиот пазар е сериозно погодена од ова, и затоа ги имаше истакнато оние цени за кои веќе сите знаат.
Бербата веќе недела дена е почната, и не ветува кој знае што. Шардоне нема многу по насадите, а нудат сите, што значи слабо се откупува. Сега на ред е Ризлинг, кој е со просечен квалитет, и не е зафатен од Ботритис, барем тоа што доаѓа кај мене.
Вранецот сеуште не е почнат, еве веќе денеска е 9 септември, а по Тиквешијата мерат 17-18 малигани Вранец, што искрено е доста ниска, со оглед на тоа што веќе е 9 септември, обично околу 5-ти веќе стартува вранецот масивно.
Нормално е дека цената ќе оди надоле на грозјето ако на пазарот се појави вишок на грозје, така беше 2016 со смедеревката, така ќе биде и оваа година. Сепак е ова пазарна економија, и државата не смее да се меша во работата на винариите.
Она што треба, а никако да се потикне, е да се прекалемат лозите од Смедеревка која секоја година ствара вишок на грозје, во Вранец на пример, меѓутоа во аматерска држава како нашата, овие работи се нормални
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)