Кое е според вас најубавото македонско вино?

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Зависи како го возиш)))) на "најлошото" вино најјаки спомени има )))))
Ам де ко за на Василица е ова, најако е шо го стегет зимно време по визитиве и славиве мешано со Кокта од Биљана, бамбус хахах Глата другиот ден во рикверц, бузите потсинати, пљунката кај шо ќе паднит ништо после то не се фаќат да пораснит.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Автоматски споено мислење:

"...но останало само да се утврди методологијата за субвенционирање на 30 проценти на транспортот на флаширано вино односно 20 проценти на транспортот на наливното вино. "

и која винарија ќе добие 80% од овие пари?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
За Мовино беа цените проблем, за Тиквеш нема да се.
Кило смедеревка 9 денари, литар смедеревка 125-130.
Кај се толку разлика во трошоци?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131

Само едно површно лаичко прашање, зошто Тиквеш (и сличните) не ги намалат малопродажните цени за побрзо да се ослободат од залихата ако им е толкав проблем за складирање, нормално да не одат со загуба?

@Avenger99 Вака како поупатен дали е вистина дека е толку неквалитетно виното (вранецот) годинава или е напумпан муабетот?
 
M

Macedon1um

Гостин

Тоа дека грозјето годинава 20-30% е обилно зафатено со ботритис (сиво гниење) е обична глупост која ја форсираат Тиквеш за да го обезвреднат грозјето на лозарите, бидејки ако навистина некој им донесе такво зафатено грозје со многу сиво гниење комотно може да му го вратат. Одредени винарии што нудеа договори имаа пропишан максимален процент на такво грозје. Кога сме веќе кај пропагандата која ја тера Тиквеш исто лани на Вранец деј свето даваше изјава дека цените на грозјето биле ниски оти лозарите премногу го прскале непотребно а пред 2-3 години истата таа негова винарија носеше Словенечки професори кои даваа изјави како Македонското грозје било еколошко, дупло помалце се прскало од западно европските. Значи како им одговара така си кажуваат..

Уште па тропаат глупости во Франција приходот им бил 4200 евра по хектар а кај нас 6000 евра :ROFLMAO:
 
A

Avenger99

Гостин

Само едно површно лаичко прашање, зошто Тиквеш (и сличните) не ги намалат малопродажните цени за побрзо да се ослободат од залихата ако им е толкав проблем за складирање, нормално да не одат со загуба?

@Avenger99 Вака како поупатен дали е вистина дека е толку неквалитетно виното (вранецот) годинава или е напумпан муабетот?
Искрено, не им ја знам математиката на Тиквеш, меѓутоа се што напишале во соопштението стои.
Тиквеш е веројатно, најпогоден од оваа криза, затоа што речиси целото флаширано вино го продаваат во Македононија и во земјите од регионот.
Секоја винарија, како и секоја сериозна фирма си има проекција по квартал како би се движела продажбата и што да се очекува од секој еден нареден квартал. Тиквеш од март па се до јуни имаат мизерна продажба со оглед на тоа дека они го држат целиот ХоРеКа сектор.
Црвеното вино и не е голем проблем, али голем проблем е белото, кое не може долго да се чува во цистерните и мора да се флашира.
Ако се флашира, се прават залихи на флаширано вино, додатни трошици во етикети, тапи, затварачи, средства за филтрирање, палетирање, магацински простор итн итн, така да е голем ризик и да се флашира тоа вино по ланските цени.
Она што кај винариите кои што продаваат наливно вино, посебно на германскиот пазар е дека, германците си го испочитуваа договорот, значи си го купија виното од Македонија по цената што беше договорена пред корона кризата, меѓутоа за наредната година, бараат 5-10 центи пониска цена на виното. Тоа е 3-5 денари, што е голема разлика во цена.
Мовино како еден од поголемите извозници на вино на германскиот пазар е сериозно погодена од ова, и затоа ги имаше истакнато оние цени за кои веќе сите знаат.
Бербата веќе недела дена е почната, и не ветува кој знае што. Шардоне нема многу по насадите, а нудат сите, што значи слабо се откупува. Сега на ред е Ризлинг, кој е со просечен квалитет, и не е зафатен од Ботритис, барем тоа што доаѓа кај мене.
Вранецот сеуште не е почнат, еве веќе денеска е 9 септември, а по Тиквешијата мерат 17-18 малигани Вранец, што искрено е доста ниска, со оглед на тоа што веќе е 9 септември, обично околу 5-ти веќе стартува вранецот масивно.
Нормално е дека цената ќе оди надоле на грозјето ако на пазарот се појави вишок на грозје, така беше 2016 со смедеревката, така ќе биде и оваа година. Сепак е ова пазарна економија, и државата не смее да се меша во работата на винариите.
Она што треба, а никако да се потикне, е да се прекалемат лозите од Смедеревка која секоја година ствара вишок на грозје, во Вранец на пример, меѓутоа во аматерска држава како нашата, овие работи се нормални :)
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Јас лично не ги обожавам ради скоро монополската позиција која ја држат упорно со години на ваков или онаков начин (како и други слични фирми).
Толку се борат да ги турнат од ХоРеКа секторот другите винарии (Попова Кула, Стоби и по некоја друга тек тук имаше) , сега посебно помалите места тешко освен Тиквеш друг избор.Скопје и Охрид на лето ајде, ама ептен тешко да пиеш друго освен Александрија Класик (која и не е нешо посебно последно време), а цената у вис.
Нека намалат со набавна, нека продадат количина, во договор со угостителите и не голема маржа или некоја заштитна цена, да не е негде 140 негде 240 Класик Александрија.

Друга работа, секоја година цената се помала за лозарите (не дека сто проценти ги оправдувам, често и тие работат со финти за поголема заработка, нормално) , а малопродажните цени и профитот растат.Не ќе да се толкави трошоците само...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
@Avenger99 сакам годинава да правам вино од Ркацители и гледам сите ме плашат дека џабе ќе фрлам пари за грозје.

Некој совет да не имаш за како да направам убо вино од Ркацители во домашни услови во пластика? Да не треба да го мешам со некоја друга сорта за да му намалам киселост? Или пак да го лачам многу порано?

Досега се што сум пробал добро вино сум направил.
 
Арно ти велат :D
Не знам која ти е целта, и какво вино сакаш да добиеш, добро бело вино во домашни услови е речиси невозможна мисија.
Од каде ти е грозјето?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Арно ти велат :D
Не знам која ти е целта, и какво вино сакаш да добиеш, добро бело вино во домашни услови е речиси невозможна мисија.
Од каде ти е грозјето?
Од Кавадарци ќе го земам, по 28денари килограм. Сакам да добијам вкус како Далвина што прави Ркацители, тоа ми е најубаво бело вино.
Лани се пробав со Белан, добро беше.

Ќе пробам и Афусали годинава, ама ќе го мешам со Каберне.
 
Пробај, што да ти кажам, ретка сорта е Ркацители во тиквешијата, една од малкуте бели сорти што дава добри резултати и на поладна и потопла клима.
Без навреда, за да добиеш бело вино како Далвина, ти треба знаење и опрема.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Од Кавадарци ќе го земам, по 28денари килограм. Сакам да добијам вкус како Далвина што прави Ркацители, тоа ми е најубаво бело вино.
Лани се пробав со Белан, добро беше.

Ќе пробам и Афусали годинава, ама ќе го мешам со Каберне.
Афус Али не е бело грозје, за јадење?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom